Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми делува дека ова е точна транскрипција. Господинот Аркадиевич би требало да ги растајни дилемите.
Јас не зборувам за транскрипција, туку за изговор. ;)
 
Што е важно како се изговара преценетиов режисер?
На тема за филм сме, ваљда е битно правилно да се пишуваат имиња. Иди на тема за Втора Светска и напиши Фон Паулус, наместо Паулус и ќе видиш што ќе се деси. Ако на оваа тема се пишуваат имиња на режисери со погрешна транскрипција, тогаш каде да очекува човек да бидат точно напишани?
Ја на пример, цело време сум го викал Кжиштоф, а он да ти бил Кристоф. Сум можел да проверам, ама ми било гајле. Сега знам. (благодарејќи на темава)

IMO, да, преценет е, затоа што, имам впечаток дека го гледаат низ Три бои - призма, филмови кои не ми се допаднаа и не сконтав што гледаат луѓето во нив. Али Краток филм ми беше супер, уште кога како мал го гледав на телевизија. Тогаш ми личеше оригинален, несекојдневен. И денес ми е океј.
 
Никој не постирал од Костурица вчера бе во темава :( (n)

Нејсе, еве ја ќе постирам ова

The Lighthouse (2019)
Филмот е мало ремек дело. Со Роберт Патисон и Вилем Дефо во главните улоги, филмот е снимен во црно - бело во квадратен сооднос. Се опишуваат теми од фолклор, мистицизам, божества, нимфи како и мотиви од Едгар Алан По. Дејствието е сместено во крајот на 19 век и самиот начин на дијалог и атмосферата на филмот соодвествуваат со времето кое е прикажано. Ме воодушевува Вилем Дефо со неговите реплики испреплетени со мистицизам како и губењето на разумот на двата одржувачи на светилникот и "вечното прашање" што се наоѓа на врвот од светилникот.
Филмот котира одлично на Rotten Tomatoes со 8.05 оценка. Топла препорака од мене. А вие гледајте си марвеловци и суперхеројчиња :D.

the-lighthouse-2019-banner.jpg
 
Прегледај го приврзокот 276389
Ќе си гледаме..:P
 
There will be Blood е најдосаденот филм евер, проверував на секој 2мин дали е при крај.

И следново ќе има голема реакција осеќам, ама No County for Old Man е преценет. Супер вожња има дур не премине во Мексико, послем тоа филмот нагло успорува и како да трае цела вечност.
+1 за No Country For Old Men

-1 за There Will Be Blood

Всушност, сето ова што е напишано за There Will Be Blood, потполно одговара за No Country... А There Will Be Blood е ремек дело.
 
The Lighthouse (2019)
Филмот е мало ремек дело. Со Роберт Патисон и Вилем Дефо во главните улоги, филмот е снимен во црно - бело во квадратен сооднос. Се опишуваат теми од фолклор, мистицизам, божества, нимфи како и мотиви од Едгар Алан По. Дејствието е сместено во крајот на 19 век и самиот начин на дијалог и атмосферата на филмот соодвествуваат со времето кое е прикажано. Ме воодушевува Вилем Дефо со неговите реплики испреплетени со мистицизам како и губењето на разумот на двата одржувачи на светилникот и "вечното прашање" што се наоѓа на врвот од светилникот.
Филмот котира одлично на Rotten Tomatoes со 8.05 оценка. Топла препорака од мене. А вие гледајте си марвеловци и суперхеројчиња :D.

Прегледај го приврзокот 276389

Добар беше филмот од уметничка перспектива ми се допадна, добро доловенa атмосфера но лично од субјективен аспект немаше момент да речам WOW. Од режисеров и од овој тип на филмови The Witch ми беше боље.

BTW
Излезе торент со Tenet па ќе гледаме вечер:)
 
Го гледав пред некој ден The Graduate. Книгата ми беше одлична, филмот ми е добар.
И пред, а сега и по гледање на филмот мислам дека требало да изберат подобар актер за Бен Бредок. Дастин Хофман никако не е за улогата. Ми има некој неизмутиран глас во филмот што ме нервираше. Тоа му е единствената мана на филмчево.

Фино е што одредени делчиња од книгата, што мене не ме бендисаа, се исфрлени од филмот.

Останатите актери, се погодени, книгата е добро екранизирана, а Сајмон енд Гарфункел се погодени за целата таа атмосфера и меланхолија што ја носи главниов лик.

За крај две ремек делца од филмов. :love:

Обратно некако. Мене No Country For Old Men ми беше предобар и преинтересен, уште се сеќавам на некои сцени и насмевка на лице ми доаѓа кога ќе ми текне на филмот. There Will Be Blood ми беше предосаден, а очекував многу многу повеќе, мачнина беше да гледаш, не ми држеше внимание.

Ама за вкусови не дискутираме, битно сме нашле нешто во што уживаме на филмското платно :D
 
Back
На врв Bottom