- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.996
- Поени од реакции
- 37.286
Да беше ова нормална филмска година, веќе длабоко ќе бевме навлезени во предоскаровската сезона, купишта награди веќе ќе беа доделени, 80% од филмовите ќе беа излезени, на месец и пол пред истекот на рокот за филмовите кои ќе можат да се тркаат во трката за Оскарите. Но 2020 по многу нешта не е нормална, па така COVID-19 пандемијата ја зафати и филмската индустрија. Така, оваа оскаровска сезона е најдолга до сега, затоа што 93 американски филмски награди се закажани дури за 25 април 2021, а за истите ќе можат да се квалификуваат филмови чија премиера (и неколку последователни проекции, како што налагаат правилата) ќе биде најдоцна до 28 февруари 2021. Така, веројатно многу од номинираните филмови ќе имаат своја премиера дури во 2021.
Затоа, по критериумите на една нормална филмска година, сега не сме средина на ноември, туку средина на септември, и нормално, сме далеку од некои предвидувања за тоа кој би можел да ги освои Оскарите. Нормално, темава ја отварав (8 пати до сега!) на крајот од октомври или почетокот на ноември, но по „правилата“ на чуднава 2020, би требало да ја отворам дури таму, некаде, пред или по Нова година. Само што некако периодов секогаш бил полн со филмската магија, па така, не можев да одолеам и да чекам до крајот на декември. Така, овие предвидувања кои сега ќе ги објавам земете ги со голема резерва - многу од филмските сајтови не ни имаат објавено свои предвидувања, а тие кои имаат објавено се разликуваат премногу еден од друг. Дополнително, некои од нив не ги имаат рангирано филмовите кои сѐ уште немаат закажано премиера, а ги има многу. Затоа, листава нека послужи само како некоја основа - да имате предвид што да очекувате и ако некои од филмовите на неа се излезени, да ги ѕирнете. Но, таму некаде пред или по Нова година, ветувам дека ќе направам update на листата со таа која ќе биде далеку поиздржана.
За тие кои не знаат што всушност е сето ова, може да ги ѕирнат старите теми:
2012
2013
2014
2015
2016
2017
2018
2019
Стандардно, до објавувањето на номинациите (и пред тоа, до конечната листа со моето предвидување) пишувајте ги тука вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум.
Еве ги годинешните (рани) фаворити во некои од главните категории:
______________________________________________
ФИЛМ (ранг-листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг. со кликање на името или постерот, одите до IMDB страницата за филмот)
1. MANK - David Fincher (8.9)
Netflix
2. THE TRIAL OF THE CHICAGO 7 - Aaron Sorkin (7.9)
Netflix
3. DA 5 BLOODS - Spike Lee (6.5)
Netflix
4. NOMADLAND - Chloé Zhao (7.8)
Searchlight Pictures
5. ONE NIGHT IN MIAMI - Regina King (6.5)
Amazon Studios
6. THE FATHER - Florian Zeller (7.4)
Sony Pictures Classics
7. NEWS OF THE WORLD - Paul Greengrass (N/A)
Universal Pictures
8. MINARI - Lee Isaac Chung (7.4)
A24
9. MA RAINEY'S BLACK BOTTOM - George C. Wolfe (N/A)
Netflix
10. THE UNITED STATES VS. BILLIE HOLIDAY - Lee Daniels (N/A)
Paramount Pictures
11. JUDAS AND THE BLACK MESSIAH - Shaka King (N/A)
Warner Bros.
12. AMMONITE - Francis Lee (6.5)
Neon
13. ON THE ROCKS - Sofia Coppola (6.5)
A24/Apple Plus
14. SOUL - Pete Docter, Kemp Powers (8.3)
Pixar
15. TENET - Christopher Nolan (7.8)
Warner Bros.
16. PROMISING YOUNG WOMAN - Emerald Fennell (6.0)
Focus Features
17. CHERRY - Anthony Russo, Joe Russo (N/A)
Apple TV Plus
18. HILLBILLY ELEGY - Ron Howard (6.0)
Netflix
19. NEVER RARELY SOMETIMES ALWAYS - Eliza Hittman (7.3)
Focus Features
20. MULAN - Niki Caro (5.4)
Disney Plus

Сега за сега, само 7 од 10 сајта имаат објавено свои предвидувања и тие ги имам сумирано тука: Indiewire, The Playlist, Awards Watch, Entertainment Weekly, Gold Derby, Variety и Observer. Hollywood Reporter и Collider сѐ уште немаат објавено ништо, а Award Circuit се има споено со Variety, т.е. повеќе не постои. Овие 2 + уште некој нов ќе ги додадам на конечната листа, во декември.За тие кои не знаат како функционира мојот систем: ги земам во предвид предвидувањата на 10 сајта кои се ориентирани кон филмот, и преку систем на бодување на филмовите од нивните предвидувања, добивам ранг листа на филмовите кои веројатно најдобро ќе поминат на доделувањето на Оскарите, и ја презентирам тука. Иако голем дел од овие филмови сѐ уште немале ни премиера по кино салите во Америка (поточно, во Лос Анџелес), овие предвидувања се прават на основ на нивните проекции и прием од публиката на филмските фестивали и секако, по скринерите доставени до членовите на Академијата и новинарите (иако сѐ уште е рано за кулминацијата на сезоната на скринерите, кои обично се најбројни пред Нова година)