Заличивме на тим.
Многу е битно како ќе се понаша екипата после примен гол, криво ми е за Менди што прими гол без негова вина ама од друга страна па ми беше мило што примивме први гол и ги натера играчите да почнат да напаѓаат по жестоко.
Напредок има, лани например кога ќе примевме гол беше голема веројатност дека тешко ќе го вртиме мечот.
Сезонава е поинаква работа, делуваме по квалитетно. Пресвртов ќе е морален буст за играчиве.
Гол како гол, убава акција од Шефилд, по мене сосема океј гол се случуваат вакви работи, итро изигра Шефилд сите очекуваа центаршут они направија уиграна акција. Капа доле за нив.
Е сега на потег беше Челзи, веднаш презема иницијатива и крена конкретно да напаѓа. Чиста 10-ка.
Чивел се повеќе и повеќе ми се свиѓа како игра и мислам дека е еден од подобрите трансфери што Челзи ги има направено во поново време. Го има насекаде али посебно ме радува како игра дефанзива и како чува топка кога треба да се изнесе.
Зијех е уметник со топка, реков многу ме потсеќа на Мата кога имаше убави денови во Челзи.
Направи 5 асистенции за играч да излезе очи во очи со голман.
Тоа е тоа, лош ден за хејтери незнам што ќе се врти по коментари додека трае интернационална пауза.