Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Спремни? :D

Нималку наивен противник е Шефилд добро се држеа и со Сити и со Ливерпул. Ако не дадеме гол релативно рано може во второ да се држат. А не е дека е невозможно и гол да дадат, не се мртваци секако

Пошто Вернер требаше да седне на клупа во ПЛ минатото коло, а излезе повредата на Пулишиќ...очекувам утре да не стартува.

Што ваљда би значело старт на Одои?

Жоргињо и Маунт изиграа 90 мин со Рен, што можеби би значело и Кова да замени еден од нив?

Ваљда Азпи ќе стартува наместо Џејмс?

Вака на прва, овие очекувања ги имам за тимот
Јас очекувам скроз истиот тим да е од средата.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Тоа што го гледам од Жиргињо и Ковачич оваа сезона, Маунт со барем една здрава нога ќе игра пред нив.
Колку и во многу аспекти дечкото да е просечен, воркрејтот на Маунт не можат да го достигнат Жоргињо и Ковачич комбинирано.

Ако сите се подготвени, и јас очекувам состав како во средата. Евентуално Ковачич место Жоргињо, ама не верувам. Не знам што е со човекот, ама Ковачич кога и да игра сезонава лута и во простор и во време.
 
B

Beginner

Гостин
Ако се повреди Вернер господ нека му е на помош на Лампард :D


Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Време е за првиот хет-трик на Вернер и првиот хет-трик асистенции за Зијеш.

* 1:1 во најава.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Kolku glup gol...

Dobro e, brzo se vratija.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И минатата сезона имав забележано, Абрахам се враќа во одбрана за прекини и апсолутно е бескорисен. Подобро да немаше никој, барем Зума ќе се фокусираше повеќе на просторот/играчот.
Одговорност нула. Ајде барем се извади со траљавиот шут.

Ковачиќ и Канте слаби, Канте се поправи во вториот дел од полувремто, Ковачиќ е лош.
Зијеш имаше неколку лоши обиди, ама пасот за голот од Чилвел...мајсторија.

Вернер на крило е ерес и Лампард мора да почне да го игра како шпиц. Воопшто не ми е гајле.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ок сме некако
Автоматски споено мислење:

А стварно бе, зошто се боревме Баерн да не го земе Одои ако не го гледаме како играч што треба да игра за Челзи?

Иначе Абрахам ми е ок денеска, ми изгледа ко да е напреднат од очајот што го гледавме во 2020 од него, изгледа конкуренцијата го мотивира малце
Автоматски споено мислење:

Тилва!!!
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Едно од прашањата кои можевме да ги поставиме периодов откако се стабилизираше одбраната беше каква реакција ќе има тимот по примен гол.


Хаким Зијех :cuc:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Топ, Хаким растура, пауза недела дена за репрезнтации, нема тема за муабет во темава така да лапај си сеа дебата дали се вика Зијех или Зијеч или "A be brat, Zije se vika, musliman e, oni H ne znaat da izgovorat slusaj so ti zboram"
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Далеку поквалитетно второ полувреме. Канте почна да игра како вообичаено и го следеше темпото на Маунт, Абрахам напаѓаше паметно простор и оставаше место за топките на Зијеш.
Рис Џејмс одличен, повторно. Немам забелешки за одбраната, освен килавиот примен гол.

Тимо уште еден на конто, штета за пречката во прво и зицерот по пасот на Зијеш. Во два наврати се најде на негова природна позиција и се запиша во листа на стрелци. Тоа е тоа.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Време е за првиот хет-трик на Вернер и првиот хет-трик асистенции за Зијеш.

* 1:1 во најава.
Буквално статистички не се оствари твојата прогноза, но де факто:
Вернер - пречката во прво полувреме е одличен шут, промашувањето кратко пред голот, и голот = за мене е хет-трик за пола од времето лев бек и пола играч на средината.
Зијеш - треба да се коментира? Кватростаџоне асистенции броено со промашувањето на Вернер и топката за Ковачич за првиот гол.

Тиаго Силва, овогенерациски Марсел Десаи. Штета што не дојде барем 3 години порано, доктор за сите дефанзивци во Челзи. Зума од најголем киксер минатата сезона, оваа сезона има еден кикс против Саутемптон и е убедлив лидер во лигата во скок игра, де факто како нов играч покрај Силва и Менди.

Прв натпревар после долго време во кој се гледа дека има некаква воиграност, т.е. се знае што се сака од секое движење по теренот. Положен овој испит за Лампард.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom