Фина победа, им се исполни желбата тука на некои фанови да ги видат Канте, Маунт и Хаверц
Да сум на местото на Лампард, цела недела има да го терам да вежба Зума враќање на топка назад кон голман 5 часа дневно.
Копито, среќа се загради на време иначе многу лесно можеше пак да примат гол поради него.
Дефанзивно е супер, ама игра со топка му е комична, припрема за да даде пас се спрема се спрема мислиш ќе прави кеј пас.
Оваа улога на Маунт највеќе му одговара, ама пак ќе кажам оваа 3-јка вчера само Канте игра одбрана како што треба.
Што против појаки тимови нема шанса да функционира, ма да и вака голема заслуга е квалитетот на Канте во дефанзива тоа што го има секаде и трча многу инаку без Канте со нив 2-јца би било убиство.
Зијах е уметник, ваков креативец сме немале од времето на Мата. Топ, топ засилување.
Наидов на твитер клипче како се повредил Пулишиќ. Обично лизгање при трчање, што е сосема нормално кога трчиш, а овој заработи повреда. Супер играч кога е здрав, ама ретко е здрав, изгледа тоа е тоа со него.
Наредна Рен, се надевам дека пак ќе игра со оваа одбрана чисто за уиграност и самодоверба.