Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум Сулејман Реџепи. Ти прашај се која си пошо у конкретнава ситуација веруеш у ова
Прегледај го приврзокот 272525

Овој пат дотичната е во право, преку нос исто се пренесува, плус нели Бетмен е многу многу ситен и не паѓа одма како што паѓаат капките.
Само што работата е во таков случај маската НЕ помага, бидејќи е многу поситен Бетмен од отворите на маската, па ќе си се протне, ама тоа никако да го признае .
 
Не сум Сулејман Реџепи. Ти прашај се која си пошо у конкретнава ситуација веруеш у ова
Прегледај го приврзокот 272525
Добро, еден чекор сме понапред во нашата комуникација. Мора да признаам дека си за нијанса пофин и покултурен со мене. Не знам, можеби е само "добар ден" во прашање.

Ако болен човек, кашла и кива, ни Свети Петар нема да ти помогне да ги избегнеш капките. Вирусот го има во секретот од носот и џабе носиш маска ако истата ти ја покрива само устата.


Верувам во наука Анонче.
 
Верувам во наука Анонче.
А бе што ми постираш студии јас не реков дека не се пренесува низ нос. Фала богу дека се пренесува и преку нос ако се ептен блиску, ако другиов е значително понизок, и слично. Збориме за конкретна ситуација и шанси за пренос преку нос и преку уста. Шансите за пренос преку издишување се значително помали.

Е така, супер што го постираше ова, и сега нека види @CoolIris што верува во науката, на 3:10 кога збори колку се пренеле а колку кога престанува да збори односно само дише :) и си кажуваат дека не знаат колку капки се потребни. Плус во повеќето случаи во видеово станува збор за кашлање и кивање, во мојот случај не спомнавме кашлање/кивање туку разговарање. И трето, затворени простори.
 
Последно уредено:
Дај образложи ова со изолираниот вирус, сум го слушнал од различни места. Дури и за сидата ме убедуваше еден пред некоја година. Од каде се црпи оваа информација, вајда не сте го смислиле у глава сите и сте дошле до иста точка.
пред 35+ години, кога испадна и АИДС ама и вируси на ПЦ, една помлада роднина на сопругата,( со 2грама школо) прашува :
абе разбирам ова сида, се онадуваат и шират, ама како вирус на компјутери, тие не се онадуваат ??
Ја и кажуваам на зае*анција: компјутерите не, ама тие жените што работаат на компјутери :cool: ...
Автоматски споено мислење:

да не има таму и некој од невролози што НЕ признаваат ИМУНИТЕТ, се било од Мозокот, на нервна база...
 
А бе што ми постираш студии јас не реков дека не се пренесува низ нос. Фала богу дека се пренесува и преку нос ако се ептен блиску, ако другиов е значително понизок, и слично. Збориме за конкретна ситуација и шанси за пренос преку нос и преку уста. Шансите за пренос преку издишување се значително помали.
Не е точно тоа што го зборуваш. Влезна врата за респираторни вируси, како што е сарс-ков-2 е респираторниот тракт. Воздухот се вдишува преку носот и носната празнина, потоа pharynx, larynx, трахеа, бронхии, бронхиоли и алвеоли.

Инспирација и експирација најчесто е преку носот (освен, ако станува збор за назална конгестија, па човекот "диши на уста").
 
Не е точно тоа што го зборуваш.
Проблемот е што ти не сакаш ни да сфатиш што зборувам. Самиот проблем настана кога викаш дека е ЏАБЕ маската само врз уста.
Да кажеше дека не е исто ефективна како кога се носи и врз нос, немаше да дојдеме до ситуацијава.
А како си тргнала со објаснувањава, уште малку ќе докажеш дека само врз носот е поефективна :D а тоа, хмм, можеби!?
 
Последно уредено:
Проблемот е што ти не сакаш ни да сфатиш што зборувам. Самиот проблем настана кога викаш дека Е ЏАБЕ маската врз уста. Да кажеше дека не е исто ефективна како кога се носи и врз нос, немаше да дојдеме до ситуацијава.
Проблемот е што ти не сакаш да прифатиш дека не си во право.
Маската да ја носиш само на устата е џабе. Јас така се изразив, а тоа што ти сега се обидуваш да се "оправдаш" со тоа што си сакал да кажеш "помалку ефективно", ми е многу слатко и симпатично. Добар спининг.

Немаше потреба од ситуацијата, ама веројатно ти беше досадно.
 
Проблемот е што ти не сакаш да прифатиш дека не си во право.
Маската да ја носиш само на устата е џабе. Јас така се изразив, а тоа што ти сега се обидуваш да се "оправдаш" со тоа што си сакал да кажеш "помалку ефективно", ми е многу слатко и симпатично. Добар спининг.

Немаше потреба од ситуацијата, ама веројатно ти беше досадно.
За што не сум во право? Не сум во право дека НЕ Е ЏАБЕ маска само врз уста?
Спинот го правиш ти. Ја тераш дискусијава у правец дека јас сум рекол дека е невозможно да се пренесе преку нос. Немам потреба за ништо да се правдам. Па фала богу дека е помалку ефективна маската само врз уста. Нигде не реков дека е исто дали ќе носиш само врз уста или врз нос и уста.
Егото малку троа ќе го спуштиш и ќе мораш да си признаеш дека маска само врз уста не е џабе. Ако не можеш, јебига.
 
Егото малку троа ќе го спуштиш и ќе мораш да си признаеш дека маска врз нос не е џабе. Ако не можеш, јебига.
Маска врз уста само е џабе. Маската треба да ги покрива и носот и устата.
Не сум егоистична (иронично е ти што ми го збориш тоа, иако пак ќе кажам, денес си супер во односот кон луѓето!), не спинувам, споделувам тоа што го кажува науката.
 
Dengue fever втор пат ако закачиш имаш добри шанси да умреш. Првиот пат обично се чуствуваш омалаксан и имаш температура слично како ковид ама вториот пат тоа прераснува во dengue hemorrhagic fever што предизвикува внатрешно крварење и оштетување на црниот дроб. Практично антителата што се создадени при првиот пат штитат од ист тип на данги (има 4 врсти) али не помагаат дури и одмагаат ако закачиш втор тип. COVID19 до сега има 6 врсти (strains) регистрирано.

Реално уште ништо не знаеме за COVID19. Овде пред 10тина дена имавме случај со брод што беше избракан од Нов Зеланд баш затоа што на бродот имале некоја врста што ја немаа во Нов Зеланд. Затоа теориите на @teneke, Трамп, Шведска итн за heard immunity се само теории и повеќето сериозни држави не сметаат дека тоа премногу ќе помогне.


Ќе видиме дали има колективен имунтет или нема, и тоа од Њујорк и Милано.
Во април еден куп доктори се јавија дека во лето вирусов ќе го снема, ама јас си гледав статистика за Аризона што во тој период има 29-35 степени како кај нас во лето. И таму вирусот растураше во тој период, така да јасно ми беше дека во лето вирусов нема да го снема.

Затоа сега си следам што се случува со Њујорк и северов на Италија во Милано кај што беше епицентарот.
 
Додека високоразвиените држави реагираат на време, превземаат соодветни мерки за да не им пукне здравствениот систем
Ние сме со преполни автобуси, журки по кафичи и клубови, непочитување на веќе пропишани мерки итн. итн. додека Филипче го вели следното:
"Ризикот за пренесување на вирусот е значително висок во затворена просторија што не се проветрува и со голем број луѓе кои не носат маска" - вели министерот за здравство Венко Филипче.

официр Караџовски пак:
"Ако ги затвориме кафаните луѓето ќе фрлаат со камења по нас, затоа кој сака нека оди во кафана, но маски на отворено мора да се носат, за да се заштитиме и себе си и околината" - рече д-р Караџовски
Тогаш нека не маваат угостителите по вас со дрва и камења, нека се журкаат слободно граѓаните. Автобусите полнете ги, нека се шири слободно заразата.
Хронично болните оставете ги нели мораат да работат, додека само оние вработени во администрацијата блиски до власта и рамковните седат дома и зимаат полна плата.
Оставете се вака како што е СЛОБОДНО, нели слободата нема цена. А здравјето на граѓаните, дали има цена? Очигледно дека е тоа е препуштено на свеста кај граѓаните, придружено со постојани апели....но залудно нели? Сигурно тоа е така поради нашиот високоразвиен здравствен систем, кој може и ќе може да пружи нега на секој заболен. Само напред, газиме!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom