Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.145
- Поени од реакции
- 62.500
Не знам, јас во минатото никогаш не сум сонувал за филмови како Интерстелар или Блејд Ранер (иако сум фан на двата, да не се разбереме погрешно). Си имаше и во минатото Одисеја 2001 и Блејд Ранер и ништо не им фалеше. Кога сме кај Sci-fi, далеку подобри филмови имаше во минатото во споредба со денес, секоја чест на исклучоци.Комплицирана тема е но во последнава деценија имаш филмови какви што сонувале во минатото
Лажна перцепција е дека денешните action packed филмови се подобри од филмовите од минатото, само затоа што продукциски/визуелно изгледаат совршено. Возбудата со која еден филмски фан ги доживува новите филмови е иста и во 70-те, и 90-те, и денес. Тоа што денес е телевизорот и терабајтите на @wot, да речеме, некогаш беа првите телевизии во боја, првите филмови на кино, првото видео (ВХС) во маало. Не постои разлика во чувството/доживувањето, иако од денешна перспектива можеби изгледа поразлично.
Денешните superhero филмови пак, не се ништо друго освен action филмовите од 80-те. Се доживуваат сосема исто, ги гледа истата таргет група, се раскажуваат во маало сцените со тепање-мавање, и за 10-20 години ќе имаат само носталгична вредност кај оние што ги гледаат сега.
Инаку јасно е дека филмовите се прават за профит а овие филмови се со минимален ризик, лесно ги враќаат парите, и прават повеќе пари од продажба на продукти отколку од самите влезници. Како такви постојат и ќе тераат се додека не се појави презаситеност, се додека има побарувачка, нема ништо спорно тука. Единствено е штета што киното ни нуди 5-10 филмови месечно а овие имаат резервирано место, на сметка на многу квалитетни филмови чиј жанр е „ова може и на ТВ“.
Извини што те цитирам, сакав да се се надоврзам на тој дел од муабетот, во главно се согласувам со тоа што го пиша.
