Ако е претставен како што е (опасен, непредвидлив, брзозаразлив, контакто и воздухопренослив, без конкретни лекови, начини на лекување, вакцини и слично), постапката е таа. Ако еден е заразен или позитивен или бил во контакт со заразен, без разлика на симптоми, мора да е во изолација. Само така може да се прекине ланецот на нови зарази. Никакви маски, никакви дистанци од метро.
Во 70тите ако добро се сеќавам, имаше сезонски грип ама толку лош и тежок да не смеевме да влегуваме и да контактираме во куќа кај заразени лица.
Според документарците за еболата, селаните сами ги блокираат селата со гранки и камења (иако не знаат зошто) за надворешни лица да не влезат во село и да се заразат. Е нашиве баталија и кластери и следење на заразени и све. Што пак нема да е добро за економијата, фирмите со заразени трпат.