Се виде дека 352 му лежи на тимов. Требаше да си продолжи, не знам шо го прифатија вчера.
Па и вчера играа исто со 3-5-2 како и претходното коло со Сампдорија,само што тотално им ги измеша и промаши позициите на Квадрадо и Кулушевски. Едниот играше лев бек место Фработа,а другиов од напаѓач против Сампдорија вчера играше десен бек.
Јасно е дека имаше малце време Пирло и немаше простор да проба на подготовкиве ништо,али треба да си постави формација према играчите што ги има на располагање,па нека експериментира после во купов.
Треба да си тера како Алегри со 4-3-3,4-3-1-2, 4-2-3-1 каде Дибала,Кулушевски и Ремзи ќе играат на природни позиции и ќе вади максимум од нив. Има Пирло икуство со 3-5-2 и под Конте кога играше и може да игра вака со послабиве екипи,али со малце потежок противник е потешко. Нема играчи за формацијава,нема крилни бекови кои може да играат таму,а се најбитни во формацијава. Сандро е повреден,а Квадрадо веќе има 32 години и не може да игра во два правци како некогаш,остава дупки позади. Да беше по присебен Џеко, или да играа со Аталанта или Сасуоло кои играат на контри дебакл ќе ни се случеше вчера.
За изборот на играчи во срединава може има логика се она што го кажа на пресот,али за наредните кола и понатака мора Бентанкур и Артур да се прва постава.