Сонови, толкување на сонови

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
Татко ми почина во декрмври 2019 година. Од тогаш многу често го сонувам. На почетокот првите соништа ми беа како е погребан жив, потоа друг сон како он пак на истиот начин умира. Потоа почна со соништа во кои не умира туку како пробува да се самоубие (кога се самоубива е насмеан) но ние го спасуваме. Сега брзо сонував и како и на сонот е починат но јас сум му го гледала духот и сме биле на кораб и сега за да си идеме имало стрмно место со многу тенок пат од таму требало да се поминува и сме поминале што сме поминале сме се вратиле дома мама на работа, сестра ми го видела татко ми, татко ми и рекол дека преживеал од страв демек кога поминувал покрај по стрмното патче срцето почнало да му чука јас одма сум и поверувала и низ цела куќа го барав и излезе пред мене го изнагушкав го испобацив плачев од среќа и почнаа да доаѓаат гости но не знаеа и јас им кажував и никој не можеше да поверува и влегоа кај нас дома и го видеа стварно дека е жив. И на крај мама сме почекале да дојде од работа па за да и кажеме и на неа и влегла и плачеше од радост и она го виде дека е вистина тоа што сме го збореле. А последниот сон исто, го гледав духот сме биле на гробишта насекаде имало трупови легнати на земја и ајде да си одам од таму имало отворен гроб и од сандак излегол некој непознат човек.
...сонувањето на твојот татко во било кој смисол позитивно, негативно во сонот ќе биде попратен сон во текот на целиот твој живот доколку си била приврзана за него и си го сакала од дното на твоето срце, таа загуба ќе биде траен впечаток и сеќавање во нашите животи и не треба да те загрижува тоа, туку напротив секогаш во соништата ќе бидеш со твојот татко, твоето тело во соништата ќе се ослободи од големата тага од изгубениот родител, за да можеш да немаш преголема така во реалноста,

563557507aa1c8446451987e.jpg

... после вакви соништа не смееш да протолкуваш никако негативно зашто си разговарала или си го видела твојот татко, сето тоа е нормално да се ослободаат емоциите за време на мирно спиење и никогаш да не помислуваш однапред дека ете пак ќе сонуваш и да те притиска страв и разочараност, напротив легни си со мисла дека ќе го сонуваш твојот татко дека пак ќе бидеш со него барем во соништата и на таков начин твојата душа ќе се смири ќе ја прифати реалноста дека го нема и веќе нема секоја вечер да го сонуваш туку само тогаш кога ќе имаш потреба од потик во животот,

death-may-took-us-apart-but-you-are-still-in-my-heart-dad.jpg
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
0
А денес сонував како пробувам невестински фустани ниеден не ми се допаѓал а свадбата ми била наредниот ден.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
А денес сонував како пробувам невестински фустани ниеден не ми се допаѓал а свадбата ми била наредниот ден.
... многу скоро треба да ти се случи некоја промена во позитивна смисла, успехот те плаши и со тоа што „не ти се допаѓа фустанот“ едноставно не ќе превземеш ништо од твоја страна да се случи промената во вистинскиот живот, а штом „свадбата ти е нареден ден“ ти е дадена уште една ама последна шанса да ја поправиш твојата несигурност, депресијата, немање желба да се промени нешто и тоа на добро,
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
А денес сонував како пробувам невестински фустани ниеден не ми се допаѓал а свадбата ми била наредниот ден.
Станува збор за некаква несигурност во твојот живот. Исто така, ти следи и период со многу одлуки кои ќе имаат значајно влијание во твојот живот. Ќе треба да размислиш многу добро пред да одлучиш и да се обидеш да го најдеш решението на вечната дилема - дали да се послуша срцето или разумот.
 
Член од
27 март 2011
Мислења
361
Поени од реакции
161
majkami ja sonuvav kako bila mnogu visoka, visoka visoka ko dzin i so sestrami i drugarka sme se cudele na nea na son hh a vaka na jave ne e visoka i ne e ni krupna
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
812
majkami ja sonuvav kako bila mnogu visoka, visoka visoka ko dzin i so sestrami i drugarka sme se cudele na nea na son hh a vaka na jave ne e visoka i ne e ni krupna
Или сонот ти покажува дека мајка ти е преголема односно има големо влијание/авторитет врз тебе, или сонот го компензира присуството на мајка ти поради чувство на тоа дека нема доволно силен авторитет, дека не е доволно присутна итн. Само ти можеш да си знаеш точно што значи ама во секој случај, што и да ти симболизира мајка ти, е зголемено во сонот, а тоа може да е поради прикажување на психичката состојба или компензација. Ми изгледа дека сестра ти и другарка ти ги доживуваш како екстензии од себе, па види и тие што ти симболизираат, кои личносни особини и емоции ги претставуваат.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
0
Сонував свадба пак, но сега не моја туку на некој си непознат а јас сум присуствувала. Имало на страна надвор за млади и пукале со пиштоли и имало цела маса наредено со огномети и петарди некое дете си играло и на крај се запалило јас неколку пати сум го предупредила ама не ме послушало и сум им викнала на ситр да бргаат пред да се запалат огнометите и сите трчале сме избегале од местото дошла и пожарна.
Другиот сон ми беше како со роднини сме се сретнале во белви јас сум била со друштво. Не сум сакала да влезам во вода ама сум морала за да преминам на другата страна како сум се спуштила наеднаш до горе ми била водата едвај сум го достасала друштвото они биле пред мене многу.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Пред некој ден сонував како една плавуша ме зграбува и ме турка во некој затемнет простор и ми вели дека сакала секс со мене. А јас ја погледнувам зачудено, демек шо и е на оваа. Типката имаше црвен кармин, косата и беше дугачка до рамења и беше малце повисока од мене или мене ми изгледаше повисока дека носеше штикли. Потоа од нигде никаде се појавува некоја постара жена, негде околу 60 години, со црна кратка коса. Беше облечена во црвено, изгледаше како побогата и посредена. До тука се сеќавам.
 
Член од
17 август 2020
Мислења
2.231
Поени од реакции
1.612
Пред некој ден сонував како една плавуша ме зграбува и ме турка во некој затемнет простор и ми вели дека сакала секс со мене. А јас ја погледнувам зачудено, демек шо и е на оваа. Типката имаше црвен кармин, косата и беше дугачка до рамења и беше малце повисока од мене или мене ми изгледаше повисока дека носеше штикли. Потоа од нигде никаде се појавува некоја постара жена, негде околу 60 години, со црна кратка коса. Беше облечена во црвено, изгледаше како побогата и посредена. До тука се сеќавам.
Тоа би можело да значи дека во иднина треба да се пазиш од плавуши.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
812
Пред некој ден сонував како една плавуша ме зграбува и ме турка во некој затемнет простор и ми вели дека сакала секс со мене. А јас ја погледнувам зачудено, демек шо и е на оваа. Типката имаше црвен кармин, косата и беше дугачка до рамења и беше малце повисока од мене или мене ми изгледаше повисока дека носеше штикли. Потоа од нигде никаде се појавува некоја постара жена, негде околу 60 години, со црна кратка коса. Беше облечена во црвено, изгледаше како побогата и посредена. До тука се сеќавам.
Ова ми изгледа на многу древна и архетипна депикција која е прикажана во некои верзии од Таротот, каде се јавува маж помеѓу две жени, честопати едната има црна/кафена а другата руса коса. Едната млада, другата постара и понекогаш прикажана како богата или со некаква кралска/авторитетна конотација.

ALTIZ_3.jpg 3462611d65499af26d7b271946dc5d06.jpg f O Enamorado.jpg

"In many Tarot decks, The Lovers card features two women and one man. While one woman is older, representing the young man’s mother, the other one is young, representing the man’s wife-to-be. The Lovers card, in this context, means choice between psychological idleness and true inner growth. In choosing the young wife, the man will start a new life where he assumes real responsibilities. He will become an independent, responsible individual. In choosing the mother, he’ll stay a boy"

270e41903f4aab001abeebbfa53fbf9a.jpg 75d891b738fbfde9128d3a7731598dc1.jpg 8aba5d5496706cf0a8b4e18663340346.jpg

"Most versions of The Lovers card depict a man between two females. One woman is blonde and the other woman is a brunette. Traditionally people have recognized this card as showing two different paths that can be taken in life. At other times the card is thought to be simply showing two different decisions or choices that can be made about various facets of life. Sometimes the card can be interpreted as illustrating a choice between potential suitors."

"In most of the cards, the brunette seems older than the blonde. She has been commonly referred to as the man's mother in the card because of her mature, aged appearance. People can see from this how they are able to break away from the holds of their parents through their newly formed sexual urges and desires. Newly formed sexual energies trigger the beginning of adolescence. These energies are not only attributed to early sexual experiences, but also to identity formation."

9e5eafd792cf7aa369ae13c5227edb66.jpg ff702ab9b73b860a35cf7b90f9b247b7.jpg fe9f27116bf2d62b9b2e2e7e901a68c9.jpg

Исто така мислам дека ова може да се поврзе со Madonna - Whore complex. На кратко, тоа е кога умот ги дихотомизира жените - едната категорија жени погодни за секс, другата категорија за врски. На некој начин не се прифаќа жената како целисходно битие кое е истовремено и сексуално ориентирана, и мајчински/грижливо/љубовно ориентирана (значи не велам дека го имаш тоа, само презентирам различни значења).

Друг интересен момент е црвените усни наспроти црвената облека. Црвени усни симболизираат сензуалност, сексуалност и спремност за сексуален однос (усни = вулва, обоеноста во црвената боја сигнализира спремност за парење). Од друга страна, возрасната жена носи црвена облека - но нема црвени усни, значи на некој начин нејзината сексуалност е прикриена (облеката има намена да покрие/прикрие, црвената боја ја објаснивме).

Мислам дека контемплација на сликиве може да ти даде некое плус сознание :)
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
812
Бијонс имала сестра. :D
Не го сонував ова, да нема полемики, алудирам на нешто друго. :D
Ова ради сликите ли? :D
Поарно вака да ги ставам, инаку со линкови кој ќе се замара... :LOL:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ова ради сликите ли? :D
Поарно вака да ги ставам, инаку со линкови кој ќе се замара... :LOL:
Јас го сакам тој стил на пишување. Не се разбирам во медицина, барем ги гледам сликите. :)
 
Член од
5 март 2011
Мислења
844
Поени од реакции
825
Бијонс извини ама да те прашам стално сонувам како бегам од некој и никако да им избегам но не ме ни фаќаат ама цело време са ми позади грб... Било тоа да е животно, луѓе..... Кажи ми на кратко што би можело да биде
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
Бијонс извини ама да те прашам стално сонувам како бегам од некој и никако да им избегам но не ме ни фаќаат ама цело време са ми позади грб... Било тоа да е животно, луѓе..... Кажи ми на кратко што би можело да биде
...најчесто кога во јаве човекот има некоја опасност, а можеби не е свесен тој најчесто сонува дека во сон бега да не го фатат (било да го брка човек или животно), тоа е поврзано со твојата работа или воопшто твој личен живот, ако тој што те брка е скоро позади тебе веќе да те фати тогаш кај да е „таа опасност во реалност ќе се случи најбрзо овие денови“,

maxresdefault.jpgкол.jpg

ако тој што те брка вика, урла, галами, псуе, тоа значи дека „опасноста“ што треба да ти се случи дали во работата или личен живот, ТИ треба да молчиш и да не зборуваш ништо, за да помина како треба,
ако се свртиш во текот на бегањето и не гледаш кој те брка, највероватно опасноста ќе ја совладаш или е во тек решавање на проблемот,
ако трчаш многу, а усвари како да си во место, тоа значи дека во реален живот овие проблеми што ти се наголемија не сакаш да имаш одговорност, ниту пак така се однесуваш,
најчесто бркањето е поради финасиски проблеми во реалноста, долг или слично нешто, а можеби и бојкот на твои колеги дека ти „забушаваш“ во работата, а земаш исти пари како нив..

dreamofbeingchased.jpg

ако те брка некое животно, а памтиш кое...за секој има посебна приказна за реалноста за да се објасни по соновник!

...со еден збор, се чувствуваш несигурен, не си иницијатор за решавање на проблемот и едноставно бегаш од него без да го решиш!
... и за крај да го решиме ова да не сонуваш треба да се соочиш со тоа што те оптоварува во реалниот живот, што ти е страв, што не признаваш дека се одвива или дека е крај (претежно за љубов), обврска кон работа нешто што можеби ја одбиваш а можеш да ја извршиш или пак кон семејството избегнување на одговорност!

толку,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom