Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Не е спорно дека придонесува за играта, ама споредбава со Алексис е нереална. Алексис го носеше тимот на грб и со индивидуален потег ги решаваше утакмиците, а Ауба кога тимот игра лошо, многу често се вклопува во сивилото.

Ауба > Санчез, на секое ниво.

Тоа што потпишал нов договор уопште според мене не го прави легенда.

Не, меѓутоа тоа што остана у клуб со срање играчи кога 90% од другите не шитнаа и што ќе биде втор позади Анри со голови ќе го напраи легенда.

ПЛ тешко, ама не зависи од него,.
 
Интересна дискусија, добри аргументи имате и едните и другите. Со едно само не се согласувам, нема да го направи помала или поголема легенда ако со Арсенал освои титула, за титула освојување потребен е целиот тим, а не само еден играч. Ни во НБА каде што се 5 играчи во ростер не може играч сам да довлечка тим до титула, без ничија помош, а не па во фудбал каде што се 11 играчи.

Да не испадне дека Алексис имал само кујзнае каква помош, бидејќи Озил само 1 сезона беше бог и батина, тоа беше онаа сезоната кога на полусезона веќе имаше 19 асистенции и го имаше рекордот на Анри по број на асистенции во ракав. Другите сезони му беа просечни со повремени блесоци како со Лудогорец голот, ама и со многу многу натпревари каде што бил тотално неприметлив. Казорла беше повреден најголем дел од времето, Росицки исто повреден, Вилшер исто повреден, Волкот не беше баш голема помош, Жиру исто, Ремзи само една сезона што експлодира, ама генерално Алексис сам беше. Да беа Обамејанг и Алексис во ист тим, истовремено, тоа веќе е шампионски материјал, особено ако се погодеше периодот кога ни беше релативно средена одбраната со Пер и Кош. Ама ова што би било кад би било, си имавме шанса со Лестер сезоната, да го имавме Оба ќе освоевме, вака сега кога сите екипи се средени ептен ептен тешко и тоа е тоа.
 
Ауба > Санчез, на секое ниво.

Не, меѓутоа тоа што остана у клуб со срање играчи кога 90% од другите не шитнаа и што ќе биде втор позади Анри со голови ќе го напраи легенда.

ПЛ тешко, ама не зависи од него,.

Никако не сакам да го омаловажувам Оба, ама кога го имавме Санчез и 5-0 да губиме имав некое чувство дека Санчез сам лично и персонално може да не врати на 5-5, со Оба го немам тоа чувство.

Замислте да го имавме Оба дур беа Санчез, Озил и Казорла во тимот, со камен одбрана Мерте-Кош, а не Жиру во напад. Чим тие години не змеавме ПЛ титула кога повеќето тимови не знаеа кај тераат, тешко сега во иднина. Лестер и Челзи искористија тие години дур Сити, Ливерпул и Јунајтед беа ко муви без глава.
 
Иако знавме со недели дека е готова работата, убаво е чувството, посебно тоа видето со Иан Рајт, за мерак.
Дали Оба е легенда, според мене уште не, да донесе во оваа ера, додека е тука наредните 3-4 години ПЛ или ептен невозможното ЛШ трофеј одма станува легенда.

Ако остане до крај и не освоиме ништо повеќе од ФА купови и ЛЕ, ќе достигне некои рекорди на одредени играчи по дадени голови, но легенда која заслужила статуа уште нема да биде, но ќе биде еден од оние играчи на кои со радост и убави спомени ќе се сеќаваме, како еден од најдобрите напаѓачи што некогаш играл во Арсенал.

Нека е со среќа, и нека даде 30 голови во лигата, како што му рече Рајт
 
Што знам, јас не го сметам сеуште за легенда ама на добар пат е поради тоа што е првиот играч од Емирејтс ерата што очајно ни бил потребен да потпише и потпишал, не ме интересира дали ради пари, не ме интересира буквално зошто и како, потпиша. Клубот без него ќе направеше 2 чекора назад, со него прави 2 напред, тоа е доволно за мене да ги разберам луѓето што го сметаат за легенда.

Fair enough.
Автоматски споено мислење:

Бтв, последните три страници се мерак за читање тука, СИТЕ СТЕ ТУКА! Фалат "старците" да се избацат со мислење :*
 
Не сакам да типувам кое место ќе завршиме, но само сетете се како Артета изигра против top 6 екипите. Многу несреќно изгуби од Тотнем и Челси, со веќе прокоцкано водство. Ако ја најде формулата и против бункерашите, може да гледаме доста интересна сезона. А од друга страна никој не гарантира и дека сите тимови од топ 6 ќе играат на ниво. Вредноста на тимот не мора да значи ништо.

Со фактот дека сите екипи имаа скратен одмор, остава можност за многу заплети во текот на сезоната. Исто така и навивачите нема да се присутни, што на некој начин ни одговара за гостувањата. Емирати и така беше тивок секој натпревар, што и нема да биде некаков проблем :D
 
Мислам дека повторно многу тешко ќе биде топ4 да фатиме сезонава, ќе треба многу коцки да ни се поклопат, ќе треба два тима од топ6 да имаат лоши сезони и никој од тие под 6то да не се повампири ко лани Лестер/Вулвс/Шефилд.
Лани бевме шести по вкупна врдност на играчкиот кадар, а завршивме 8мо место, што значи дека потфрливме, но тука треба да се земе во предвид и смената на тренери, небалансираниот тим, лошата среќа(200 нерешени имавме) и ебаните судии.
Оваа година пак сме 6ти по вредност, ама имаме доста постабилна основа со Артета, така да се над 6то би го сметал за успех.
A po koja formula e ova presmetano vrednost na igrackiot kadar? Kolku platil klubot za igracite pa Saka, Willock i dr gi presmetuvaat 0 ili po nekoja zamislena procenka od transfermarkt?
 
A po koja formula e ova presmetano vrednost na igrackiot kadar? Kolku platil klubot za igracite pa Saka, Willock i dr gi presmetuvaat 0 ili po nekoja zamislena procenka od transfermarkt?
од трансфермаркт ги гледам, сметам дека тоа е најблиска процена до реалноста, ако цената на играчот = квалитет и тоа под цена ставаат нивни вредонсти, не колку е платен играчот.На пример Пепе е платен 70м, а на трансфермаркт вредонста му е 45м.
Имаме платено 0 денари за Сака,Вилок и други, ама затоа имаме изгубно на вредност кај многу играчи ко Мустафи,Сократис и Џака.

Јас не паметам кога последен пат фановиве сме биле вака заедно сите на иста страна. На твитер следам нема веќе токсичност, нема непотребни расправии помеѓу навивачите, нема незадоволство, нема пребирања, сите сме позади Артета. DAMN убаво е чуствово реално, моментално ништо не ме разочарува од фудбалски аспект, имаме тренер што го обожавам и што верувам во него, имаме конечно капитен што ПОТПИША, имаме младе и доста доста перспективни играчи. Само фали Кронке и управата да смогнат сили да исчистат што е останато и да донесат Парти и Ауар.

Ова е вака се до сабота, губиме од Вест Хем, заборавете се што кажав, ќе настанат пак одма драми. :D
 
Нека му е со среќа на Мартинез, се надевам дека ќе продолжи со добрата форма во прв состав кај Вила.

Може да се рече дека клубот направи одлична бизнис зделка и извлече максимум
 
Никако не сакам да го омаловажувам Оба, ама кога го имавме Санчез и 5-0 да губиме имав некое чувство дека Санчез сам лично и персонално може да не врати на 5-5, со Оба го немам тоа чувство.

Замислте да го имавме Оба дур беа Санчез, Озил и Казорла во тимот, со камен одбрана Мерте-Кош, а не Жиру во напад. Чим тие години не змеавме ПЛ титула кога повеќето тимови не знаеа кај тераат, тешко сега во иднина. Лестер и Челзи искористија тие години дур Сити, Ливерпул и Јунајтед беа ко муви без глава.

Санчез изигра сезона ипол на ниво. Другото време беше црево што се влечеше по терен, и што донесе лоша атмосфера у тимот.

За мене Ауба > Санчез, дури и да се пензионира сега.

Не знам зашто си песимист, нема да земеме титула годинава секако, ама со Артета според мене тимот иде напред, не стагнира.
Треба да му се даде време и средства, па да видиме дали ќе бидеме конкурентни наредна година.

Топ 4 ќе биде успех годинава.

Имаше еден многу добар коментар пред некој ден не знам каде го видов ама беше вака:
Од топ 6 тимовите Арсенал најголема разлика помеѓу можностите на играчите и тактиката што сака да ја игра тренерот.
Во превод пробува да игра со играчи кои не се соодветни за фудбалот што го има замислено Артета, и се сложувам.

Ќе го судиме Артета кога ќе има целосно среден тим како што сака.
 
Ауба > Санчез, на секое ниво.

Не, меѓутоа тоа што остана у клуб со срање играчи кога 90% од другите не шитнаа и што ќе биде втор позади Анри со голови ќе го напраи легенда.

ПЛ тешко, ама не зависи од него,.
Глеам дека и у последниот пост викаш Ауба>Алексис, у што конкретно е подобар ?
Демек Алексис изиграл само сезона ипол на ниво, а после се влечел.
Ако одиме по таа линија на споредба, и Ауба има утакмици кај што не сум го видел да се спои со топка.

Ауба не е дека за без пари остана. Разликата меѓу Ауба и Алексис е тоа што, не паматам, ама гарант и на Алексис му се нудела добра плата, сигурно не колку у Јунајтед, ама овој реши сепак да не потпише. Ете у тој поглед, да, Ауба>Алексис, ама дека дека за учинокот бил страшно подобар од Алексис, според мене не.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Алексис беше токсичен за тимот, посебно последната година - убаво памтиш сигурно, Ауба е спротивно (иако мислев дека како карактер ќе биде терсене).
Алексис си отиде кога не требаше, кога све околу тимот беше тапа, Ауба не си отиде сега иако сигурно му нуделе повеќе пари на друго место и е меѓу топ 5 напаѓачи у свет.

Статистички Ауба ќе ги надмине головите на Санчез за мн брзо време во 50тина помалце утакмици.

И дека Ауба не ви влевал сигурност дека ќе не врати у игра - затоа последниве 3 битни утакмици ги реши он.

Санчез беше само добар играч, имаше одлична сезона ипол, ништо повеќе, никој нема да го памти за 10 години дека играл.
Ауба е повеќе од тоа за тимот, затоа и сметам дека повеќе сите се трудеа за да остане он, отколку Санчез.

Па уште ако освоиме ПЛ со него како капитен, нема да постои некој што ќе го заборави и ќе има (барем кај навивачите) статус на легенда.
 
За првиот дел од постот ја нигде не го спорам, баш напротив и ја го пишав дека за тоа Ауба има поголема величина од Алексис и треба апла да удираш со глава во ѕид за да го тврдиш спротивното [emoji16]

За другиот дел, не спорам дека Ауба има голем придонес за тимот, не го спорам тоа дека последниве утакмици или ппследниот период е еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на Арсенал, ама мене ми нема оставено впечаток дека знае да се издигне над лошата игра на целиот тим и да ја реши утакмицата, нешто што го правеше Алексис.

Не знам кој прво ми реплицираше, се слагам дека е на добар пат да стане легенда, ако цело време се залага, ако цело време или во најголем дел од утакмиците го гледам тој жар за игра што сум го видел кај него во некои утакмици, да, дефинитивно би бил легенда, ама у моментов, според мене не е.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom