Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
За мене ни Ауба ни пак Алексис се легенди на тимот.
Извинете за долгиот пост
 
Глеам дека и у последниот пост викаш Ауба>Алексис, у што конкретно е подобар ?
Демек Алексис изиграл само сезона ипол на ниво, а после се влечел.
Ако одиме по таа линија на споредба, и Ауба има утакмици кај што не сум го видел да се спои со топка.

Ауба не е дека за без пари остана. Разликата меѓу Ауба и Алексис е тоа што, не паматам, ама гарант и на Алексис му се нудела добра плата, сигурно не колку у Јунајтед, ама овој реши сепак да не потпише. Ете у тој поглед, да, Ауба>Алексис, ама дека дека за учинокот бил страшно подобар од Алексис, според мене не.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
Ти Ауба го следиш само напред како игра, но ти препорачувам почнувајќи од овој викенд да обрниш внимание целосно како се движи и напред и назад. Анализирај колку помага на Тирни/АМН на левата страна кога топката не е кај нас. Значи тој игра за тимот, не за своја лична статистика како што беше случај со Алексис. Не беше толку лош и Алексис во одбрана, но ни приближно го нема workrate-от на Обамејанг. Не значи дека ако бил изгубен цел натпревар, дека ништо немал придонесено.

А исто така, не знам дали постои играч што апсолутно сите натпревари ги игра на ниво. Не се роботи ебаго. Обамејанг е тип на играч што игра најмалку 45 натпревари по сезона. Нормално е некогаш да не изигра на ниво.
 
Ти Ауба го следиш само напред како игра, но ти препорачувам почнувајќи од овој викенд да обрниш внимание целосно како се движи и напред и назад. Анализирај колку помага на Тирни/АМН на левата страна кога топката не е кај нас. Значи тој игра за тимот, не за своја лична статистика како што беше случај со Алексис. Не беше толку лош и Алексис во одбрана, но ни приближно го нема workrate-от на Обамејанг.

Ама не се сложувам со овој дел. Санчез ако изгубеше топка трчаше, ја враќаше одма, трчаше по цел терен. Не знам, може го памтиш лиглото Санчез, па затоа не ти текнува на оној Санчез што го имаше насекаде по теренот, влечеше топка од буквално наш 16-ник.
 
За првиот дел од постот ја нигде не го спорам, баш напротив и ја го пишав дека за тоа Ауба има поголема величина од Алексис и треба апла да удираш со глава во ѕид за да го тврдиш спротивното [emoji16]

За другиот дел, не спорам дека Ауба има голем придонес за тимот, не го спорам тоа дека последниве утакмици или ппследниот период е еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на Арсенал, ама мене ми нема оставено впечаток дека знае да се издигне над лошата игра на целиот тим и да ја реши утакмицата, нешто што го правеше Алексис.

Не знам кој прво ми реплицираше, се слагам дека е на добар пат да стане легенда, ако цело време се залага, ако цело време или во најголем дел од утакмиците го гледам тој жар за игра што сум го видел кај него во некои утакмици, да, дефинитивно би бил легенда, ама у моментов, според мене не е.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk


Скоро сите тврдат дека не е сеуште (освен некои забудалени и нереални фанови, или пак некој од мерак го кажуваат тоа иако и самите знаат дека тој статус е далеку) и тој самиот вели дека не е но сите сакаат да стане меѓу кој и самиот тој и е на добар пат за тоа за разлика од Санчез.

Санчес е подобар дриблер па може да кажам и подобар фудбалер, ама и да освоевме титула со него немаше да има статус за легенда па дури и да продолжеше договор. Мое мислење е тоа затоа што ја немаше таа харизма на лојалност за клубот. И да не потпишеше Ауба немаше да го величиме и ќе го пцуевме, но не толку како Санчез (освен ако отидеше кај кокошкете).

Како и да е како личност Ауба заслужи секаков респект, како фудбалер за да стане легенда има фора 3 години. Времето ќе покаже дали ќе успее во тоа или не. Сите се надеваме а и ти сум сигурен дека го посакуваш тоа
 
Не знам кој прво ми реплицираше, се слагам дека е на добар пат да стане легенда, ако цело време се залага, ако цело време или во најголем дел од утакмиците го гледам тој жар за игра што сум го видел кај него во некои утакмици, да, дефинитивно би бил легенда, ама у моментов, според мене не е.

Ама ни јас не кажав дека е во моментов легенда, ама на добар пат да стане легенда :)

Убаво пишав горе, со тоа што го потпиша новиот договор и ќе ја заврши кариерата кај нас (?) и со тоа што (се надевам) ќе продолжи со ваквата игра, ќе го донесе до број 2 позади Анри на листата на стрелци.
 
Абе скоро готов е голманов од Брентфорд 15м + позајмица назад................................................... Ќе се воздржам од гомна јадење, ама ако не донесеме еден од Парти и Ауар или па двајцата, ќе ги колнам им ебам неписмените.
 
Имаше некоја финта со балансирање на буџетот, на пример тие 20м од Еми можеме одма да ги користиме, а кога ќе купуваме некој парите ги даваме на рати, ако Раја кошта 15м и му дадеме 5 годишен договор тоа се 3м по сезона, што значи дека 20-3=17м ни остануваат.Ако го земеме Ауар за 60 и потпише 4 годишен договор излегува дека првата сезона сме платиле само 15м, 17-15=2м, со 2м го зимаме Рунарсон од Дижон.

ГГ :D
 
Последно уредено:
Има муабет од локален новинар за Борнмут дека сакаме да го земеме Рико за 15м фунти, како замена за Колашинац кој според шпекулациите ќе оди во Леверкузен за 10-12м.

Кој игра фантази сигурно го памти од лани :D

Карабао куп
4th round draw:
Lincoln City/Liverpool v Leicester City/Arsenal
 
Последно уредено:
Имаше некоја финта со балансирање на буџетот, на пример тие 20м од Еми можеме одма да ги користиме, а кога ќе купуваме некој парите ги даваме на рати, ако Раја кошта 15м и му дадеме 5 годишен договор тоа се 3м по сезона, што значи дека 20-3=17м ни остануваат.Ако го земеме Ауар за 60 и потпише 4 годишен договор излегува дека првата сезона сме платиле само 15м, 17-15=2м, со 2м го зимаме Рунарсон од Дижон.

ГГ :D

Taкво плаќање е можно само ако и другиот клуб се сложи на таква исплата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom