Момци абе ова рака што удри овој од Севиља, образложија од ВАР или судијата зошто не судија пенал? Видов после тоа судијата им објаснуваше на Конте и компанија што било, па ништо не разбрав јас зошто не беше пенал?
Најверојатно објаснувањето е напуцана топка. Не гледам друго објаснување. Ова најдобро би ја испрало срамната одлука на судијата.
Значи не ни беше напуцана, не ни беше многу блиски, едноставно тоа беше чист пас кој ќе створеше гол шанса пошто топката идеше на Лаутаро. Дечкото од Севиља ја извади раката од позади гз и го удри чисто у рука, ни нога ни ништо. Директна рука незалепена за тело.
Чист пенал по секое правило. ВАР требаше да реагира тука и да го прати залижаниот да гледа.
Друго, мене не ми е јасно непокажувањето црвен картон на тој копачот за пеналот над Лукаку. Сфаќам дека има некои измени у тоа правилата за пенал, демек пенал е доволна казна па само со жут ќе помине. Ама тука имаме фаул кој почна 10 метри пред 16кот, фаул од позади на последен играч од одбраната со што спречи гол шанса, се случи да е Лукаку јак ко коњ па догура до 16 и падна, и тука беше изгазен.
Дали ќе беше црвен картон ако паднеше надвор од 16?
Ова е директен црвен картон по секоја дефиниција.
Срамен настап имаше судијата генерално. Убаво спомна и коментаторот, ВАР треба да реагира и на вакви глуми ко играчите на Севиља што правеа на крај поготово, тој Мунир би го газел со крампони по тоа очите језиви.
И Барела изглуми, и тоа мора да се забележи.