А Мицковски каква партија наследи? Да не имаше некој углед на меѓународен план? Партија која му ги наметнаа настаните во сообрание као ВМРО-ДПМНЕ да е организатор на инцидентите, а занеме дека доста странски служби беа го режирале тоа сценарио се со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја прогласат за терористичка органзиција, Претседателски избори да ги изгуби Мицковски али знаеме многу добро кој ги решава претседателските избори и не заборајвај Груевски првите избори ги изгуби Бранко :Кедев, иако и тие беа фалс само да се достигни цензус ама ги изгуби.
Мицковски наследи партија која е финански моќна,која има стотина недвижности вредни милион евра(мислам на штабовите низ секој град и населба) ретко кој им е изнајмен сите се во нивна сопственост,а тука да не ја споменувам белата палата вредна 20 милиони евра,наследи најголемо членство,задоволно членство кое голем дел од него партијата го вработи,му даде бизнис,тендери и слично,така да стартот е ко да почнеш утакмица со 3 гола предност за Вмро.
ВМРО на овие избори по сите предаства на СДС со името,договорот со Бугарија,Рекет,пуштањето на бомби каде што Заев беше главниот лик,низа скандали,ништо направено на економски план,требаше да се прошета на избориве и да го згази СДС на истите,но тоа не се случи.
За мене лично и еден глас повеќе за СДС е рамно на катастрофа.
На овие избори не искочија неопределените кои секогаш одат на контото на опозицијата,и ти велиш зошто треба да се понесе одговорност?
Значи не направија ништо,туку беа прочитани дека не се ништо подобри од СДС,и искочија само партиските членови,резултатот тоа и го кажува,
А каде се претседателските избори тука.
И за крај, да одговорност подесува претседателот и неговата свита, сигурно не вратарот или некој што лепел плакати,и не знам зошто тоа е баук,впрочем ова барање за оставка го потпали самиот Мицковски,кој самиот изјави на дуел со Заев дека ако СДС победи и со еден глас повеќе ,ќе понесе одговорност.
Со лица како Јанушев,Николовски,Гордана,Мицковски,кои не се ВМРО во нивната суштина не може да се добијат избори.
А доаѓаат уште полоши денови за ВМРО со секој поминат месец,година на СДС НА ВЛАСТ,како и секоја власт се повеќе ќе се инфилтрира во целиот систем,во секоја пора.