Инсиње им се повредил на Наполи и под знак прашалник е за натпреварот.
Голем хендикеп ќе е ова ако не игра џуџето.
Инаку мислам дека Барса ќе помини без проблем против Наполи, немаат квалитет да се носат со Барса, да го добиеја мечот во Неапол подруго ќе беше, вака ...
Исто така мислам и дека Сити нема толку лесно да си помини со Реал, без Рамос ќе бидат ама сепак не е некој недостижен резултат.
Од другиве реванши, Баерн е веќе пласиран, таму можи за чешит Челзи да напрај некој циркус ама џабе ќе им биди, спаковани се тие веќе.
Лион со Јувентус појма немам, енигма, Јуве прима голови од кој ќе стигни, не се уверливи ама пак Лион пола година фудбал немаа играно, со ПСЖ покажаа заби ќе видиме со овие.