"Фан факт", пред 5 сезони 70 поени ни биле таман за 4. место. Годинава со 66 можеме дa бидеме чак и 3. Додека пак пред 4 години со 66 поени сме биле 5. Со Мојс пак пред веќе 6 години завршивме 7. со 64 поени.
Или квалитетот на лигата опаднал или пак значително клубовите се појачале. Не пробувам да им го оспорам освоеното првенство на пулци, ама низ годините требало повеќе потење.
Поради тојов пост отворив да направам споредба на оваа и сезоната на Мојс. Ако утре изгубиме или изиграме нерешено ќе биде тоа најлошата сезона во пост Ферги периодот ( со нерешено би било тоа исто ко под Мојс), гледано бодовно. Тогаш со 64 бодови сме биле 7 место, сега со истите поени дури можеме и 3 да бидеме. Тоа само покажува колку е падната ПЛ во последниве години. Освен Сити и Ливерпул (кај драстично се издигна во последниве 2-3 сезони), другите тимови се страшно паднати и се далеку од европскиот врв. По такви критериуми, сезонава на Оле е исто неуспешна како и таа на Мојс. Јунајтед во последниве години се изнатроши пари за играчи, а со секоја сезона ми делува ко се повеќе да тонеме. Реално гледано, од десегашното менаџирање на Оле, видовме повеќе негови негативни, него ли позитивни страни. Некои грешки си ги увиде и ги корегираше, некои сеуште си ги тера. Иако бев за негова смена и се уште сум убеден дека човекот го нема потребното знаење за да го врати Јунајтед на шампионкиот трон, ни во ПЛ, ни во ЛШ, би го остаавил и следната сезона. Пичкањето против Саутемптон и Вест Хем, во ебана борба за топ 4, е најголем срам и лузерски менталитет, а он тоа го направи. И он и играчите. Ако и утре против ваков осакатен Лестер искочи и игра на нерешено (реално против Лестер и во фул состав да се не треба Јунајтед да игра на нерешено), не би имал против и да го сменат во понеделник. Ако сака да успее во Јунајтед, ќе мора да смени многу работи, пред се кај себе, а една од најбитните е баш тој лузерски, пичкарски менталитет, кој го има премногу во овој Јунајтед, од тренери, до играчи. Утре треба да искочат и да изгинат на терен, како да се работи за живот или смрт. Само така ќе можат да покажат дека овој тим, со некое појачување, ќе може да се бори за титули и нема да паѓа под притисок.