Кладилница (Генерална дискусија)

Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Италија прелази секое коло минимум по една, на секои три дена има по еднс, некогаш и две.
Не се мести, нц :neetaka:
И какава врска имаат премините со местењето? Од сите муабети за местење, тоа со премините е една пожестока глупост. Тоа го кажуваат само оние кои појма немаат за местени натпревари.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.097
Поени од реакции
19.495
И какава врска имаат премините со местењето? Од сите муабети за местење, тоа со премините е една пожестока глупост. Тоа го кажуваат само оние кои појма немаат за местени натпревари.
Се смеевме со џони за премините, инаку можеби немаат ама од тир натпревари шо ги гледав кои излегоја прелаз на сите паднаа сумливи гола, од гол се тргаа во второ полувреме противниците.
 
Тоа со премините е типичен муабет од пред кладилница. Кој ќе ти прими поголема уплата на премин? Знаеш колку кошта во некоја посрана втора лига да наместиш утакмица? Во Малта 2 бараа по 25-30 000 евра. Замисли колку би барале во Сериа А. Како ќе ги извадиш тие пари?
 
Во право си, ама малце е чудно овој месец шо секое коло има по два премини таму,Бог знае шо прават.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.923
Поени од реакции
17.903
И какава врска имаат премините со местењето? Од сите муабети за местење, тоа со премините е една пожестока глупост. Тоа го кажуваат само оние кои појма немаат за местени натпревари.
Имаше ѕвезда 4-5 прелази пред 3-4 години и тоа се местени гарант. Е сеа за тоа дека се местени ваљда идат на оние ливчиња што ги објавуваат "prodavame mesteni natprevari", "100% sigurni". Значи не верувам дека некој натпревар од таква топ лига може да биде местен, тоа може само на овие наши простори.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.381
Поени од реакции
1.938

Mozhi da bidi namesten ama baraat mnogu pari opshto za fudbalot. Povekje pari bi zarabotil igrajki mestena na 1x2 i golovi otkolku prelazi kade nema shansa da uplatish cash za da zadovolisj 22 igraci na terenot
 
За да наместиш премин, потребна е страшна логистика. Треба буквално да бидат фатени сите играчи на теренот. Најлесно се мести на голови, секогаш можеш да примиш гол, за тоа ти требаат 4-5 фатени играчи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.854
Поени од реакции
116.054
Во право се Ставро и Боце, прелаз речиси е невозможно да наместиш во топ лигиве. Општо гледано полесно е местењето на корни, голови, картони и слично. Кој ќе ти прими 20 000 евра уплата на Работнички-Ренова 2 во 1? Апсолутно ниедна кладилница во светот.
 
Ова ќе го лупнам од ракав не ми се смејте ако згрешам :)
Ако има своја кладилница па некако да исперат пари со добивката можи да помини уплатата како во Озарк шо правеа со казиното :)
 
Не може така зашо има институции кои имаат евиденции на уплати, исплати и слично. Хипотетички, некој да акне големи пари на прелаз, мислиш нема да е сомнително? Веднаш ќе им влезат во очи, па не кладилница, ако сака вселенска станица нека поседува тој, џабе му е.
 
На Балканот мислам дека се имаат дешавано вакви ствари за во поголемите лиги ваљда сте во право.
Ама не заборавај дека имаш и лајв кладење па на пример за Лацио квотата беше 1.30 пред да почни а на полувреме 2.40 мислам.
Нема да е ништо сумливо ако се стави голема сума Лацио да го сврти резултатот со умрените Каљари.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Во право се Ставро и Боце, прелаз речиси е невозможно да наместиш во топ лигиве. Општо гледано полесно е местењето на корни, голови, картони и слично. Кој ќе ти прими 20 000 евра уплата на Работнички-Ренова 2 во 1? Апсолутно ниедна кладилница во светот.
Какви 20 000 евра луге златни? Па 200 евра да ти уплатат на премин и тоа во јака кладилница ќе биде чудо.
Автоматски споено мислење:

На Балканот мислам дека се имаат дешавано вакви ствари за во поголемите лиги ваљда сте во право.
Ама не заборавај дека имаш и лајв кладење па на пример за Лацио квотата беше 1.30 пред да почни а на полувреме 2.40 мислам.
Нема да е ништо сумливо ако се стави голема сума Лацио да го сврти резултатот со умрените Каљари.
Тоа не е премин. Таму наместо 35 коефициент имаш 2-3. За да добиеш коефициент 3 ти си морал да фатиш 22 играчи. Врска нема тоа со реалноста. За два три коефициент има сто полесни начини, и никој да не примети.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.097
Поени од реакции
19.495
Какви 20 000 евра луге златни? Па 200 евра да ти уплатат на премин и тоа во јака кладилница ќе биде чудо.
Автоматски споено мислење:

Тоа не е премин. Таму наместо 35 коефициент имаш 2-3.
Добро знам, муабетот ми е дека тој натпревар ќе влези 2/1 инаку за уплатата да, еве претходно коло се чудеа тука кога сладоледот кажа дека не му ја примале на некој Интер 2/1 со 1500 денари
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Добро знам, муабетот ми е дека тој натпревар ќе влези 2/1 инаку за уплатата да, еве претходно коло се чудеа тука кога сладоледот кажа дека не му ја примале на некој Интер 2/1 со 1500 денари
Нашите кладилници не се репер за ништо. Ужасни се со лимити, рушат коефуциенти, треба мазохист да си да се кладиш кај нас.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.949
Поени од реакции
23.798
Ајде за нештата да станат појасни, ќе откријам некои детали.
Незнам дали претходно го имам кажано ова, моментално работам како Pregame Sports Trader или кај нас попознато како Авторизација.
Кладилницата за која работам оперира во 6 земји (Италија, Романија, Белгија, Кипар, Хрватска и Данска), а наскоро се надеваме дека ќе отвориме и во Шпанија,ма да иако се беше спремно, коронавирус поремети па сега не се знае дали и воопшто ќе отвараме. Небитно тоа.
Јас вршам авторизација за две земји (Хрватска и Кипар) и плус вршам подршка во Романија.

Муабетиве за 2 во 1 ви се буквално како да сум во Златна Копачка и ги слушам старине пијандури како зборат за местените текми зашто ги бутнало квота 1.25
Еве веќе скоро година дена како вршам авторизација, имаме секојдневно уплати на 2-1;1-2, па имало и добри добивки, ама ниту еднаш тоа не било доволно да се означи како сомнителна.
А и тоа како е битно да се означи сомнителен бет кога работиш за бетинг компанија.
Кога ме промовираа во Pregame Trader потпишав изјавa дека никогаш нема да ги користиме информациите од IBIA за сомнителни натпревари со цел за лично збогатување.
Секој кој нема да пријави сомнително кладење, многу лесно може да загуби работа и лиценца. Значи не се заебаваат со тоа агенциите кои регулираат обложување.
Еден колега е моментално под истрага, затоа што копирал тикети од некој играч во Белгија, ги уплаќал во друга кладилница, и сега можно е да ја загуби лиценцата и никогаш да не се вработи во гејминг индустрија. Воопшто не ги интересира дали си направил профит или си изгубил, едноставно, не смееш да се кладиш на сомнителни натпревари а ниту да споделуваш такви доверливи информации.
Кога зборам за сомнителен бет, мислам и на бет од 50-100 € за некои си уплати на тенис ИТФ, виетнамска фудбалска лига и такви некои азијатско-афрички лиги.
Делиме информации со кладилници како бет365, пинакл, сбобет, бетвеј, вилијам хил, типико и и гарантирам ништо сомнително не поминува туку така.
Од друга страна, сомнителни натпревари од висок ранг НЕМА!

Најмногу се мести на голови, точно е.
Нов тренд се картоните, нормално, таму само судијата ти треба, па затоа и ретко можеш да најдеш жолти картони за ниските лиги.
Но фудбалот во споредба со индивидуалните спортови, речиси и да не се мести.
Тенисот е број 1, а истотака се мести и во овие боречкиве спортови, голф, и некои други ситни спортови како пинг-понг и дартс.

Кога збориме за балканот, не памтам премногу сомнителни натпревари, ама знам еднаш се појави од Македонска женска Лига, мислам дека тие ЖФК Драгон беа со не ми текнува кој, имаше сомнителни уплати во Романија на 3+ прво, 5+ цела, домаќинот да даде 3 или повеќе голови и кога кажувам сомнителни тоа беше неколку стотина евра...
Да проба некој 20-30 илјади евра као што зборите, гудбај, има лигата да ја избришеме од систем за понуда.
Знае да се појави и на ниските лиги во Украина, Русија, Белорусија, Молдавија...но ретко, стварно ретко.

Имам и некои слики, ама нажалост форумов го отварам и од работа, па неможам да споделувам тука.
Здравје, во некои други прилики би ви покажал како изгледа пријава за сомнителен натпревар и како сето тоа се спроведува во комуникација со IBIA.
IBIA е организација која се бави со истрага на сомнителни натпревари се со цел да се заштити спортот и кладилницте од местенки, ма да повеќе ми изгледа како да е за да се заштитат кладилниците. :)
Еве ви линк до IBIA, има мапа за сомнителни натпревари од првиот квартал во 2020 па ќе добиете малку претстава за местењето и на што се се мести.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom