Дрва и камења фрлаа по мене кога зборев пред некоја година дека Де Геа е киксер, а е одличен линијаш со предобар рефлекс, али голман од светска класа не смее да си ги дозволи тие грешки. Кај голманите не се брои колку спасиле, туку колку згрешиле директно за гол, и тоа е факт. Затоа е и најнеблагодарната позиција од сите на теренот. Така функционираме како љубители на фудбалот, колку и да не го признавате тоа. Ќе спаси три 100% шанси и ќе земе три бода за тимот, ама следен пат ќе му пројде низ раце, и ќе изгубат пласман за ЛШ (пример). Де Геа и пред светското бил многу несигурен на нафрлени, комуникација и командање на играчи на релација голман-одбрана речиси катастрофална (тука голема кривица имаа телетабисите кои играа со него во одбрана пред 2-3 сезони).
Али со вадењето на шашма да речам од страна на Јунајтед, а и со спектакуларните поединечни одбрани на Де Геа, се прикриваше впечатокот за Де Геа. Голманот треба да е константен колку што може, а не една утакмица да фати све што е невозможно, а следната да не искочи на нафрлена топка и да му го збумбарат безвезе. Нека не ги вади сите од линија, нека брани тоа што треба, ама констатно, со мали осцилации во формата, од меч за меч. Се гледа дека не може да игра под притисок, и реално, Јунајтед нема никаков посериозен меч играно изминативе сезони, за да дојде психичката подготвеност до израз. Последнава со Лестер, ќе биде баш вистински тест за него (што и на крај не мора да значи дека е топ голман, или дека е пацер)
Крив е и тимот, ама па и другите тимови имаат слаба одбрана, па ретко кој голман доаѓа до израз со лошите реакции, како што е тоа во неговиот случај.
Пред некоја сезона, може и малку бев пристрасен кога зборев негативно за неговата игра, но сега дефинитивно доаѓа до израз тоа што го зборев уште тогаш. А тоа не е број еден голман во светот.
Ја нема таа смиреност, таа комуникација со одбраната (да биде доминантен у својот простор), туку е линиски голман, со одлични рефлекси, ама тоа не е доволно за голман од светска класа, и за да биде достоен на тимот во иднина, со целите кои ги имаат замислено, за трофеи во ПЛ/ЛШ. (Сега моментално е достоен на тимот, бидејќи М.Јунајтед моментално е тим што е за 4-5 место во лига, за разлика од времето на Ферги, каде што 3 место беше рамно на дебакл).
Човекот е во катастрофална форма последниве 2 сезони, а ако сакате Јунајтед да просперира, не треба да се потпирате на неговата форма, бидејќи денес ќе ве извади од проблеми, утре ќе прими лешперски гол. Хендерсон или Поуп ќе бидат големо освежување за тимот, верувам дека ќе дадат максимум да се докажат, а дали ќе имаат квалитет да останат константни подолго време, не може да знаеме.
Одбраната е лоша, ама тоа доаѓа до израз кога ќе згреши пример Мегваер или Линделоф, кога они ќе бидат директни кривци за голот.