Не дека не се согласувам со тебе ама загрижува што и по толку години се ослонуваме на форма на голман, знам дека ме сфаќаш што сакам да кажам. Треба барем една цела сезона нападот да си привршува натпревари а не да дадат еден гол и да гледаме канонада врз наш гол.
За формата најмалку се замарам, Куртоа е типичен пример, му се смееја кога замина во Реал и прими 250 гола, сега е тишина., како второ Де Геа може искикса со Челзи ама против Вила и вчера имаше па фатени зицери (да напоменам дека само хајлајтс имам гледано од двата натпревари, може грешам). Не дека тоа не му е работа ама пак сакам да потенцирам дека не смееме да спиеме на голман 10 сезони со ред.
А со англиските голмани е чкаклива работата, да не испадне малиов Џо Харт сценарио па да се смееме после. Не е исто да браниш за Шефилд и за Манчестер Јунајтед, ДДГ беше освојувач на ЛЕ со Атлетико па пак беше изгубен на почетокот.