- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Претпоставувам дека тоа е така напишано за производителот да се заштити од правни последици. За некој ако носи маска и го фати вирусот да не му накалеми на врат тужба или нешто слично. Посебно во вакви времиња каде што се водат разни дискусии за полезноста од носење на маски, кога не е утврдено со сигурност колкав е нивниот степен на заштита, а се знае дека не може да биде 100% оти улога играат еден куп други фактори, од одржување хигиена до физичко дистанцирање. Згора на тоа е и фактот што многумина не знаат ни правилно да ги постават, носат ни отстранат истите.
Слично како со презервативите. Производителот во ниту еден момент не ја гарантира нивната 100% ефикасност, туку потенцира (карикирам) дека во 99% од случаите (доколку се користат правилно) истите штитат од несакана бременост и сексуално преносливи болести. Тоа е веројатно за да некој тазе татко не им лупне тужба. Претпоставувам дека слична е работата и со маските, што не мора да е точно.