nesto za naseto zdravstvo (od prva raka)
Na covekot mu se slosilo na rabota pred nekolku saati deneska,dobil po izgleda onaka po naski kazano UDAR..mozocen udar.
Tamu viknale brza pomos - ili takva ekipa i tie go donele doma i mu postavile ifuzija.(neli trebalo da go odnesat pravo na intenzivna nekade vo bolnica)
Sega e doma celosno nepodvizen i go izgubi govorot-ne zbori. Ke dovagale sekoj den po ednas da mu davat terapija.
Ke vidime od utre kakva ke bide sostojbata.
----------------
Dali vaka trebalo da postapat,vaka li bilo porano vo slicni situacii,imalo li drugu resenia.
Se raboti za blizok rodnina na vozrast od 40 gdoini.Rabotata mu bese preku ulica od GB 8 septemvri.
ZA VISTINATA ZA NASETO ZDRAVSTVO od prva raka
Vcera na zetmi mu se slosilo na rabota i padnal.Viknale brza pomos ili takva ekipa tamu i go DONESLE_ODNELE DOMA,dali bil prethodno vo bolnica neznam?
Sostojbata togasna. Ne zborel ,ne bil pri svest,ne mrdal,ne kontaktibilen i sl.
Toj e na vozrast od 40 godini a raboti vo blizina na G.O.B. ..8 septemvri.(pa neli trebalo prvo da go odnesat nekade na snimanje-pregled i sl. ne znam sugurno no mislam deka vaka postapile.
Doma od kako go donesle mu stavile infuzija i si zaminale.Kerkami ja viknale od rabota, imat dve deca .
Sega zetmi lezi doma vo sostojba KOMA,ne sum po taa struka i da kazam sto mu e,samo lezi bez nikakvi znaci.
Denes dojdoa ednas brza pomos da mu smenat infuzija i ostavia nekoe kese... no potoa kerkami mi napisa na livce da odam da kupam nesto od apteka.
Sega ke odam da baram pamuk-gazi i ona kako se vika za bockanje na infuzijata (dole mi e vo kola livceto) izgleda sami ke treba da mu stavame toa.
E I OVA E VAZNO.... prasuvame sto mu (nie mislime deka e mozocen udar,tolku se razbirame) a tie na nas ni velat KORONA E.
---------------------
neznam kako ponatamu ke se odviva situacijata no sekoj den ke ve obavestuvam za spremnosta na ekipata na Filipce vo vreme na pandemija.
... понатаму треба вие да да ја земете ситуацијата во ваша рака, све што е направено за него не е соодветно според тоа што опиша, тоа не е лечење ниту терапија доклолку предходно не се направат лабораториски испитувања, и преглед од невролог и што е најважно компјутерска томографија (КТ) која често се применува за утврдување на крварење во мозокот или евентуално тумор на мозокот, односно да му се направи и магнентна резонанса со што ќе се постави дијагноза па ќе се почне со лечење, оти од каде знаат тие што е последицата , што ако има крварење во мозокот ако не се оперира животот му е во ризик, а тој дома ќе прима инфузија ( би требало р-р manitol, piracetam) дадена таму со некои витамински препарати од обична домашна посета на брза помош?
споредбено е исто како пациент да добиев срцев удар и да му стават инфузија и да го испратат дома...страшно...ако е вистина ... се надевам дека не се работа за мозочен инсулт (удар) ама штом не зборува, неконактибилен, неподвижен, зафатени му се главните центри, ситуацијата е животно загрозувачка!
... за вакви случаеви веднаш се прави соодветни анализи во лабораторија да се видат Д димери дали се високи (тоа е деградационен фибрино продукт кој го има во крвта но во високи вредности укажува на разградување на претходно формиран крвен тромб или на закачен тромб),
...се прави КР и МР, по снимката на глава ако се докаже дека нема крварење во мозокот за време до 5 часа се става со мониторинг специјален фибринолитик Actylize лек кој се дава токму во такви ситуации на мозочен инсулт (исхемија) исто како и при акутен микарден инфаркт, па и при акутна масивна пулмонарна емболија,
Actylize со мониторинг, ако се потребни до две виали, ќе го „топи“ тој закачен тромб и ќе „ги попушти зафатените центри“ и тоа се прави све за 4 часа на прв удар, понатака не се ординира овој лек иако се очекува повторен удар после 24ч или после 10 дена, па месец затоа се прават исцрпни испитувања!
...нема шала со ваква ситуација, ова е животна загрозувачка ситуација и нема чекање, штом не може преку државните институции болнички да го интернирате МОРАТЕ ВЕДНАШ да го однесете пациентот хитно во приватни клиники (
Жан Митрев, Систина) не чекајте и не седите дома со инфузиите од брза помош тоа не е никаква терапија за пациентот кога не му се знае точна дијагноза, не дај боже да е анеуризма и да има крварење во мозокот нема да преживее ако веднаш не се оперира!
... јас се извинувам вака што пишувам на форум, ама се вознемирив и се соживеав со самата ситуација и навистина не е за чекање ниту за дома седење, не се базирајте на тие доктори од брза помош тие не лечат ниту смеат да кажат дека е „коронавирус“ тие даваат само прва помош во моментот на пациентот за да понатаму пациентот продолжи да се испитува околу акутната ситуација и да добие соодветна терапија, ситуацијата не е за витамини и претпоставки, МОРА АНАЛИЗИ ПОД ХИТНО - КРВНА СЛИКА, ПРЕГЛЕД ОД НЕВРОЛОГ (дали реагира, рефлекси нога рака, очи движење, говор), КТ (компјутерска томографија)и МР (магнентна резонанса)!
Cerebrolysin и Piracetam и антитромбоични лекови (да го „топат“ тромбот- тромболиза) само после точна дијагнозаа не напамет од доктори од брза помош, пациентот може има крварење во мозокот (интрацеребрална хеморагија), а вие дома го чувате
https://zmc.mk/blog/izvestuvanje/
....мора под хитно со скенирање на мозокот да се утврди за каков вид мозочен инсулт се работи, тромб, руптура на крвен сад -анеуризма, крварење чија причина тромб ли, висок крвен притисок, дијабет....многу важно за пациентотза иден исход, па и за побрза рехабилитација ако се „ослободат“ зафатените центри,