Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Џоковиќ е еден од малкуте јаки фраери, жив ќе го изедеа ова ковид талибаниве.
Пред 2 месеца на основа на изјавата на Бил Гејтс, дека никој не гарантира дека нема да има штетни последици од евентуалната вакцина, Џоковиќ кажа дека дека не планира да се вакцинира за Covid.
До сега секогаш требале околу 5-10 години за да пуштиш лекарство, за вакцина е уште построго. Со години тестираш на разни контролни групи од доброволци, а сега некој компјутерџија и останатата Covid инквизиција, да задолжува сите да си стават вакцина, одма кога ќе ја измислат.
Во Америка има таки вакцина забави, да речеме за сипаница, начекат болно дете и сите прават забава за да се заразат нивните деца и прележат.
Број на умрени здрави млади луѓе од ковид е нула, а сите овие тенисисти се такви. Не верувам дека сите онака нарочно барале болен, но си го живеат животот нормално, дискотека жени... , мислам и дека Џоковиќ сам би сакал прв да го прележи корона вирусот.
Лично убедување е во ред се додека не навлегува во делот на колективната свест.
Ако си идол на голем број во земји каде писменоста не е на завидно ниво, тогаш личен став кој јавно се пропагира против вакцини може да биде многу опасен и штетен.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Исто чудно кај народот, сите се као загрижени и осудуваат постапките на другите овде е најизразено на форумот, но во реалноста сите излегуваат, сите се дружат, сите гледаа како карантинското време да го поминат со друштво на некоја викендица, овие политичкиве полтрони исто така само по кампања и на крај ние и тие како нас сме криви за ширење на смртоносниот вирус.
 
Сите се многу силни и „прогресивни“ додека не се засегнати со некакво лично искуство. (на никого не му посакувам)
Се помиривме со фактот дека имаме Чаир, Сарај и други со слично размислување. Некои од нас ќе продолжат да носат маски и мијат раце за жал многу подолго од потребното заради напредните размислувања. Да се разбереме, тука се и сите тие што не можат без журки, свадби и мекици...
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
Јас не капирам како така одеднаш направија таков голем егзибициски турнир, и тоа со ѕвезди од првиот ешалон. Да не се заебаваме, Ноле е светска класа тенисер, многу важна јавна личност, не ми е јасно како се нафатил на ова. И ај турнирот ко турнир ок, тенисот е безконтактен спорт, ќе се преџвака некако, ама присуство на публика (у Србија крцаа трибините), дискотеки, сплавови, гушкање и денсање со пејачи, диџеи, и официјални лица, баш некако чудно и бесмислено. Ноле ризикува да си ја сјебе веќе сјебаната сезона, ако се ебава сега со карантини нит ќе фати форма за УС Опен нит бутур.

Не знам стварно, ептен ми е чудно како така големи ѕвезди ко Ноле, Ѕверо, Димитров и Тием се нафатија да играат егзибиции у ек на пандемија на Балкан... Овој па Димитров гарант ја изебал пола Србија прошлиот викенд, све живо заразил, го формирал најголемиот кластер во светот, балканскиот кластер. :D
Воопшто нека не те чуди он излезе со изјави дека нема да се вакцинира и дека не верува дека постои вирусот, со жена му правеа лајв на инстаграм кажуваа нивни теории
на заговор ни местеле 5г мрежа :facepalm: се брука пред цела светска јавност а пред се несовесен и он и сите што прифатиле да учествуваат, свест на најниско ниво ништо подобри од ифтарците.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Сите се многу силни и „прогресивни“ додека не се засегнати со некакво лично искуство. (на никого не му посакувам)
Се помиривме со фактот дека имаме Чаир, Сарај и други со слично размислување. Некои од нас ќе продолжат да носат маски и мијат раце за жал многу подолго од потребното заради напредните размислувања. Да се разбереме, тука се и сите тие што не можат без журки, свадби и мекици...
тебе требаше ти вирус за да ти текне раце да миеш?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.294
Поени од реакции
7.653
Едноставно има премногу теми за причините (радијација, психички растројства, отрови, загадувања...) за тоа али пак треба да видиш кои причини се зголемени, кои се намалени, како и кои причинители се зголемени, а кои намалени. Што пак нема некоја врска со темава.
Кога телото е под влијание на состојбите кои ги наведе (радијација, отрови, загадување), по твое што прави телото, пасивно е, (во смисла не реагира на условите), или активно !
Кога ќе земеш од почеток па до сега какви се информации имаше и има, темава баш има врска со се и сешто, тоа е убавината на овој Бетмен. Се што сакаш можеш да ми препишеш, веќе наведов неколку негови способности.
Да не заборавиме СЗО на почеток изјавуваа дека не се пренесува од човек на човек.

Некои од нас ќе продолжат да носат маски и мијат раце за жал многу подолго од потребното заради напредните размислувања.
Повеќето од вас ќе носат маски, зашто така им кажале вработените во системот, а дел од нас заради казните од непочитување на тие непродуктивни наредби од системот.
Да беше поради напредни размислување, друга ќе беше приказната.
Историски е докажано дека мнозинството тоа што го мисли е спротивно од напредно, продуктивно и исправно.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Лично убедување е во ред се додека не навлегува во делот на колективната свест.
Ако си идол на голем број во земји каде писменоста не е на завидно ниво, тогаш личен став кој јавно се пропагира против вакцини може да биде многу опасен и штетен.
Мулти култи, хомосесуализам, еднополови бракови, смена на пол дури и децата смеат сами да решаваат /да речеме во Канада ако пробаш да им попречиш државата те гони кривично/, самоубиство, бромирање на водата и уште многу други работи.
Тоа е еден финаниски Кабала либерален центар, сите директиви идат од таму, некој ствари се апсолутно лоши и очигледни, други не. Вакцинацијата порано беше реду, но ако има некоја злосторничка група, може да ги модернизира вакцините, да не се толку корисни ;)... Факт е дека ги сменија скоро сите стари вакцини, пример има стара вакцина за туберколоза но има и нова кај еврогејовите. Факт е дека од некаква причина има повеќе деца со Аутизам и Даун на Запад. Никој неможе да каже дали причината се хамбургерите, 5G, вакцините или нешто трето, но објективна причина има. :)
Затоа има толку Антиваксери, принципно сум за вакцините, но исто и мислам дека заедно со целото зло што го прават врз луѓето, ништо чудно да прават и далавери и со ваксините.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Историски е докажано дека мнозинството тоа што го мисли е спротивно од напредно, продуктивно и исправно.
Не се разбираме...кај нас мнозинството е полуписмено и не ги почитува мерките...
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Денес резултат од тест за антитела на ковид... негативен со индекс 0,1 ( до 1.4 негативен над 1.4 позитивен ) Инаку преку смс ме повикаа ако сакам да го направам пред недела дена , прво крв ми зедоа па брис .. брисот ќе го анализираа во случај да излезам позитивен на антителата... во спротивно се уништува примерокот. Не ми е баш за верување дека не сум дошол у контакт со вирусот, на 50 км од Милано ... работно место со скоро 100 луѓе од кој 10тина го прележаа вирусот... јесте хигиена и маска си поштовам.. ама пак ми е сомнително малку.
 
Да не мислиш дека сакам да те исплашам...брат ми беше негативен на тестот за антитела па позитивен на ПЦР...
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Новак не го мислев за толку затуцан во мозокот, ме изненади стварно.
Одбивал и да се тестира, колку е тоа вистина не знам ама со оглед на претходните негови изјави не ме чуди.
Nоле јавно кажа дека никогаш не би се вакцинирал доколку се пронајде вакцина.Не знам шо ти е чудно и тој е од тие шо веруваат дека вирусов е масло на Бил Геј злобниот,кој во слободно време прави планој да не чипира и после да не контролира преку 5G.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.294
Поени од реакции
7.653
Не се разбираме...кај нас мнозинството е полуписмено и не ги почитува мерките...
Не знам зашто така збориш, кога е обратно.Излези надвор 70% носат маска на отворено, во затворен простор 99,9% . Кога имаше полициски часови и неколкудневни затварање, 90% почитуваа, а мнозинството беше согласно дека така треба, мнозинството го величи Филипче, иако сега нелогични работи прави кога ќе земеш во предви претходните состојби и мерки.
На форумов иста е состојбата, па зашто без врска, без факти обвинувате, префрлате вината, кога фактите не се тие. :toe:
Не збориме за децата тие и така гледаме дека Бетмен не го интересираат, повеќе мерак има на изнемоштени тела.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Прееска кај моите дојде поштарот,без маска и уште ги тераше да му потпишат со пенкало.Излагам,камо маска бе бато?Ооо сум го заборавал у поштата.Аха,добро му викам,ја имам вишок еве ти.Ја зема и обратно ја намести :facepalm: Застани му викам подалеку,остави го тефтерот и писмото на сандучето за писма јас со мое пенкало ке потпишам.Отварам писмото со ракавици набрзина,позитивен на ковид сум бил иако не сум се тестирал :D Писмото по грешка кај нас,а тој што е за него наменето се крие и нејќе да го прими решението,го видов името,презимето и адресата,тука е од маалово.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Да не мислиш дека сакам да те исплашам...брат ми беше негативен на тестот за антитела па позитивен на ПЦР...
Ма таман работа.. тоа и ми беше зборот ,дека не ми се верува баш дека не сум дошол у контакт со вирусот , со оглед на тоа и дека имав почеток на фебруар убави симптоми десетина дена... лично не ми значи ништо овој тест.. но као им значи на здравствениот систем ради толкување и анализирање податоци... јас спијам мирно .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom