- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 6.479
РККА уште од граѓанската војна и нејзините никулци е офанзивна сила, нападите на Кронштат на Троцки и Буџони, ударите по Црната армија на Махно во Украина, борбата против зелените во Тамбов па и самата Полско-советска војна, офанзивата била на прво место.Има многу примери за проблеми кај советите при Барбароса, баш заради тоа што на тактичко и оперативно ниво биле офанзивно ориентирани. Средствата за војување исто.
Што е нормално, бидејќи советите водеа експанзионистичка политика пред Барбароса. А и генерално, воената доктрина на СССР од старт не е одбранбена.
Но, тоа никако не значи дека се спремале да го нападнат Хитлер. Стаљин знаел дека кога тогаш ќе се степаат, али не мислел дека тоа би било порано од втора половина 42-ра. За некаков напад врз Германија нема ни збор. Распоредот на трупите, одбранбени ешалони, состојба на Армијата (процесот на нејзина реорганизација) и многу други показатели, покажуваат дека Стаљин немал ни можности, ни намера да го нападне Хитлер и најверојатно никогаш не би го нападнал.
Башка што има милион документи и докази од германска страна за тоа како и зошто е почната Барбароса. Има германски генерали кои никад не го спомињаат тоа, има такви кои го негираат, а само еден двајца го споменуваат во мемоари, ова што Суворов го збори. Не вреди ни да се збори за таа теорија на предухитрујући напад.
Во 1941 тешко да би имал можност, кога би одел на такво нешто, војската сеуште се опоравувала од чистките, новата техника била на пат но ретко во кои единици била усвоена и bon de guerre , морнарицата ги очекувала новите 4 огромни бојни брода од класа Совјетски Сојуз (едино помали од Јамато) и 2-та крсташи од класа Кронштат (би биле најбрзи капиталци на свет), можеби 1943 најрано, но како што викаш и не вреди да се дискутира тоа пошто нема никакви показатели за таква намера, баш обратно, улогата на сојузник и трговски партнер каде извезувале све живо за јака пара им одговарала на совјетите да потрае засекогаш што се однесувало до нив.
Ред е за бизарност - САД имале план за напад на Канада не е теорија
War Plan Red - Wikipedia
en.wikipedia.org
како дел од поширока војна вс. УК, злу нетребало, америве си имале план за војна со идниот сојузник