Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Има многу примери за проблеми кај советите при Барбароса, баш заради тоа што на тактичко и оперативно ниво биле офанзивно ориентирани. Средствата за војување исто.
Што е нормално, бидејќи советите водеа експанзионистичка политика пред Барбароса. А и генерално, воената доктрина на СССР од старт не е одбранбена.

Но, тоа никако не значи дека се спремале да го нападнат Хитлер. Стаљин знаел дека кога тогаш ќе се степаат, али не мислел дека тоа би било порано од втора половина 42-ра. За некаков напад врз Германија нема ни збор. Распоредот на трупите, одбранбени ешалони, состојба на Армијата (процесот на нејзина реорганизација) и многу други показатели, покажуваат дека Стаљин немал ни можности, ни намера да го нападне Хитлер и најверојатно никогаш не би го нападнал.

Башка што има милион документи и докази од германска страна за тоа како и зошто е почната Барбароса. Има германски генерали кои никад не го спомињаат тоа, има такви кои го негираат, а само еден двајца го споменуваат во мемоари, ова што Суворов го збори. Не вреди ни да се збори за таа теорија на предухитрујући напад.
РККА уште од граѓанската војна и нејзините никулци е офанзивна сила, нападите на Кронштат на Троцки и Буџони, ударите по Црната армија на Махно во Украина, борбата против зелените во Тамбов па и самата Полско-советска војна, офанзивата била на прво место.
Во 1941 тешко да би имал можност, кога би одел на такво нешто, војската сеуште се опоравувала од чистките, новата техника била на пат но ретко во кои единици била усвоена и bon de guerre , морнарицата ги очекувала новите 4 огромни бојни брода од класа Совјетски Сојуз (едино помали од Јамато) и 2-та крсташи од класа Кронштат (би биле најбрзи капиталци на свет), можеби 1943 најрано, но како што викаш и не вреди да се дискутира тоа пошто нема никакви показатели за таква намера, баш обратно, улогата на сојузник и трговски партнер каде извезувале све живо за јака пара им одговарала на совјетите да потрае засекогаш што се однесувало до нив.

Ред е за бизарност - САД имале план за напад на Канада :D не е теорија

како дел од поширока војна вс. УК, злу нетребало, америве си имале план за војна со идниот сојузник :angel:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Во триесеттите се одвива незапаменетен развој на авијацијата, до таа мера што британскиот премиер Стенли Болдвин во говор во парламентот ја кажува легендарната реченица "The bombers will always get through", а во јавниот дискурс доминираат теориите на талијанецот Џулио Дуе и американецот Били Мичел.

Основниот двокрилен, понекаде еднокрилен ловец со 2-4 митралези со пушчан калибар тешко би се справил со тогашните бомбардери, настрана ноќните бомбардирања од кои немало одбрана, па така оправдано во Европа започнува манијата на тешки ловци, Бф-110 можеби ви е најпознат, двомоторни еднокрилни машини наменети за одбрана од бомбардерите кои летаат ноќе, со 2 па и 3 члена на посада овие авиони се проектираат насекаде, тешко вооружени, и со можност да делуваат како фронтовски бомбардери по потреба.

Интересен представник е холандски Фокер Г-1, мислам прв "двотрупец" кој влегува во оперативна употреба било каде.

Холанџаните, имајќи ја Источна Индија како огромен колонијален посед, до таа мера имале доверба во авионите и теориите на Мичел што прилично ја занемариле изградбата на бродови, биле сигурни дека Мартин Б-10 бомбардери ќе ги потопат евентуалните непријателски капиталци кои би се приближиле до бреговите. Кога Јапан нападнал, тие Б-10 биле застарени и збришани од јапанската палубна авијација.
Какви идиоти.:facepalm:
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Фала за инфото од книгата, но едно време излегоа две монографии на таа тема со соодветни информации и цифри за секој тип авион, 1935-45, па морав да ги купам :D

Имаше и за грчка, талијанска и полска авијација слични.
Но и во монографиите не се разјаснува, веројатно падот на Чехословачка била причина поради неможност да се набават неопходни материјали кои не се произведувале во ДАР во тоа време и втората мистерија, зошто Б.534 учествувал во борби а 2 или 4 ексдрили со П-24 не, кога се знае дека П-24 е многу подобра машина иако се од иста генерација.
Автоматски споено мислење:
Ги имам и овие две "книжки".

Прегледав во книгата на о.з. Генерал-мајор Јордан Миланов (оваа што ја покажав погоре), но не пишува. Во поглавјето за 1942 година се вели дека обајцата не ги исполнуваат барањата (ПЗЛ-24 „Јастреб“ и Авиа 534 „Доган“). Со оглед на тоа што ПЗЛ-24 се само 12 т.е. „јато“ веројатно избрале да го користат Авиа 534 затоа што поверојатно е да има резервни части.

Цитат: Авионите „Јастреб“ и „Доган“ се физички и морално застарени и можат да се користат, иако нецелосно, како подготвително-борбени авиони.

Интересно е што Доганите (72) се трофеи, продадени од Германија на Бугарија по 30-40% од цената по окупацијата на Чехословачка.

За Авиа: Тие создале филијала за изградба на авиони во Казанлак, Бугарија на крајот на 1926 година, но во 1930 година ја купила италијанската компанија "Капрони" и фабриката беше именувана како "Бугарска Капрони" КБ. 1933-34 произвеле првите серии KB-1 и KB-2UT.
ПЗЛ-24 биле дел од 1/6 ловечки "орлјак" (не знам како е на македонски). Еве што пишува за истиот полк: "Учество на шестиот ловечки полк во војната". Не се споменуват ПЗЛ-24 воопшто.
 
Attachments

Последно уредено:

Мислам дека КБ имале изградено фабрика во Казанлк.

Според World Air Forces, некогашна сеопфатна, никогаш прежалена :( енциклопедија на нет, за жал падна сајтот и не се подигна од 2013 година :( а ги имаше сите авиони со кои располагала било која авијација на светот 1910-2004.
Према неа Бугарија вкупно имала 82 авиони П-24, набавени од 1937-42, што укажува дека 58 биле купени outright од Полска, а некои биле испорачани од немци (24 П-24Ф) во делови и склопени во ДАР, додека Б-534 Доган имало 78. Според југословенската Историја авијације, Полска испорачала најмалку 40 П-24 настрана доставките во делови од Рајхот пост-1939.
Настрана тоа, предноста е поголемата брзина кај П-24 430-440 према 390-400кмч, поголемата брзина на искачување(битна за пресретачи) и секако 2 топа 20мм со по 60 гранати и 2 митралези 7,92мм со по 500 куршуми, за разлика од Б-534 кој имал само 4 митралези Збројевка од 7,92мм со по 300 зрна по митралез.
2 топа би имале реалистична шанса да соборат 4-моторец, со 4 збројевки и брзина помала од онаа на Либератор (450-480кмч) ...имаше спомени на американски пилоти кои кажуваа како 42 или 43 се осеќале како да се вратиле со времеплов до ЊЊ-1 па кон нив летаат чудни двокрилни авиони (Б-534) кои и така не можеле да ги стигнат.

Орљак му доаѓа нешто како Винг, тој поим е прифатен овде, ако не се лажам одговара на германски гешвадер, 3-5 ескадрили?
Тоа со 12 авиони е за Авија Б-135, сите биле во учебната ескадрила на Божуриште, неколку пати и тие се дигале да пресретнат противник но за жал не биле испорачани топовите ХС-404 (најдобри на свет) од 20мм и морале да делуваат само со пар митралези, сепак собориле еден Либератор.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Иначе, каков е вашиот став кон филмови со воена тематика? Дали гледате такви филмови и кои би ги издвоиле?

Лично избегнувам да гледам филмови со воена тематика, туку гледам анти-воени филмови (Фул метал џекет, Капитан Конан, Едноокиот бунтовник, Патишта на славата, Др.Стренџлав) и понекогаш документарци.

@штипјанец' дали сеуште излегуваат монографии и книги за авијација во Бугарија? Клуб Криле ги имам скоро сите од 1998-2005, но не знам што се случувало подоцна пошто животот ме оневозможи да патувам често за БГ.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Мислам дека КБ имале изградено фабрика во Казанлк.

Според World Air Forces, некогашна сеопфатна, никогаш прежалена :( енциклопедија на нет, за жал падна сајтот и не се подигна од 2013 година :( а ги имаше сите авиони со кои располагала било која авијација на светот 1910-2004.
Према неа Бугарија вкупно имала 82 авиони П-24, набавени од 1937-42, што укажува дека 58 биле купени outright од Полска, а некои биле испорачани од немци (24 П-24Ф) во делови и склопени во ДАР, додека Б-534 Доган имало 78. Според југословенската Историја авијације, Полска испорачала најмалку 40 П-24 настрана доставките во делови од Рајхот пост-1939.
Настрана тоа, предноста е поголемата брзина кај П-24 430-440 према 390-400кмч, поголемата брзина на искачување(битна за пресретачи) и секако 2 топа 20мм со по 60 гранати и 2 митралези 7,92мм со по 500 куршуми, за разлика од Б-534 кој имал само 4 митралези Збројевка од 7,92мм со по 300 зрна по митралез.
2 топа би имале реалистична шанса да соборат 4-моторец, со 4 збројевки и брзина помала од онаа на Либератор (450-480кмч) ...имаше спомени на американски пилоти кои кажуваа како 42 или 43 се осеќале како да се вратиле со времеплов до ЊЊ-1 па кон нив летаат чудни двокрилни авиони (Б-534) кои и така не можеле да ги стигнат.

Орљак му доаѓа нешто како Винг, тој поим е прифатен овде, ако не се лажам одговара на германски гешвадер, 3-5 ескадрили?
Тоа со 12 авиони е за Авија Б-135, сите биле во учебната ескадрила на Божуриште, неколку пати и тие се дигале да пресретнат противник но за жал не биле испорачани топовите ХС-404 (најдобри на свет) од 20мм и морале да делуваат само со пар митралези, сепак собориле еден Либератор.
тоа докоменталец може да ти се допадне, за нерамната борба на бугарската авиациа и англо-американската авиациа над Б'лгарија за времето на втората светска.

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
тоа докоменталец може да ти се допадне, за нерамната борба на бугарската авиациа и англо-американската авиациа над Б'лгарија за времето на втората светска.

Ќе ги симнам во МП-4, се надевам ќе ја разрешат мистеријата за 82-та П-24 :) Романците им извадиле маст од употреба,посебно во првата фаза на војната 1941-42, затоа ми е чудно.
Ако не се лажам во позадина е Ил-28 со тоа топовите на опашка :)
Кој сака да симнува брзо и со добра резолуција па да си гледа на смартфон препорачувам : https://ytmp3.cc/en13/

И Википедија не знае
The Bulgarian Air Force ordered 14 PZL P.24Bs in 1937–1938. Bulgaria placed a repeat order for 20 PZL P.24C,[10] to be delivered by the end of 1938. It later ordered 26 PZL P.24Fs, 22 of which were delivered from Poland in July 1939, just before the outbreak of World War II. The remaining four, lacking propellers, were bombed in the Okecie factory in September 1939 by the Germans. Total: 56 PZL P.24B/C/F [21]
56 што е блиску до WAF и нивните 58 од Полска плус 24 запленети, некои во делови за склапање - од немачка.
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Без названија.jpg The_Holocaust_Museum_in_Skopje_31.jpg 1018881399.jpg

Во јануари 1941 година, Бугарија веќе го усвои антисемитистичкиот „Закон за заштита на нацијата“ Во текот на 1942 година биле донесени построги закони против Евреите од Македонија, како и бугарската окупаторска зона во Северна Грција. Кулминација беше депортацијата во 1943 година, по нарачка од Германија, на Евреите од Македонија и Грција до бугарската граница долж реката Дунав. Оттаму, тие беа пренесени со река и железница во логорот за смртни случаи во Треблинка, во окупираната Полска

Нацистичка Германија дури и ја принуди Бугарија да ги плати трошоците за истребување на Евреите. На 22 февруари 1943 година беше потпишан договор меѓу Теодор Данекер, специјален германски претставник и бугарскиот комесар за еврејски работи, Александар Белев, за депортирање на 20 илјади бугарски Евреи (12 илјади од Македонија и Тракија и 8 илјади од самата Бугарија). Бугарија се согласи да ги плати сите трошоци за транспорт и вети дека никогаш нема да им даде на Евреите бугарско државјанство . Бугарската влада побарала од Германците да ја пријават вистинската вредност на депортацијата на Евреите . Преписка е пронајдена во германските архиви за Германија со фактурирање на бугарската страна на сметките за транспорт. Документите ја потврдуваат исплатата на Бугарија на 7.144.317 лева за депортирање на 3.545 возрасни и 592 деца во логорот на смртта во Треблинка

Многу Евреи им се придружија на југословенските партизани кои се борат со нацистите. Македонската Евреја Естреја Овадија, од Битола, беше меѓу првите жени што им се придружи на партизаните во 1941 година, ден пред депортацијата. Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија однапред ги извести Евреите за претстојната депортација. Засолништата беа организирани под заштита на партизанските одреди, но, за жал, Евреите не веруваа во постоењето на програма за нивно уништување и во најголем дел останаа во гетото, наместо да одат под земја . За разлика од старите бугарски земји, каде демонстрациите и петициите против смената на Евреите, вклучително и директните апели до софиската влада, беа раширени, во Македонија немаше такво движење . Во четвртокот, 11 март 1943 година, бугарската полиција започна да ги концентрира сите Евреи од Скопје, Битола и Штип во привремен притвор во магацинот за тутун во Скопје

Вкупно 7215 лица беа доставени во магацин, вклучително

539 деца под 3 години,
602 деца на возраст од 3 до 10 години,
1172 ученици од 10 до 16 години,
865 лица на возраст над 60 години,
250 сериозно болни пациенти кои биле во кревет,
4 бремени жени се породиле за време на престојот во кампот,
4 лица загинаа на патот кон кампот.
Бугарската влада побара германски планови за депортирани лица. Во одговорот на Германија се вели дека половина од луѓето ќе бидат користени за земјоделска работа во Велика Германија, една четвртина од нискоквалификувани работници ќе имаат можност да се „поминат сами за себе“ во воената индустрија на Рур, а остатокот ќе бидат донесени до генералниот гувернер за работа директно поврзана со војната. Истата информација беше дистрибуирана преку германските дипломатски канали во неутрални земји и беше објавена како порака од Берн (Швајцарија) на 24 март 1943 година во Newујорк Тајмс, заедно со цинична изјава на германските власти за намалување на еврејската смртност запишана во последните три месеци во Полска и фактот дека Евреите кои работат во воената зона ги добиваат истите рации како и германските војници.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.463
Само немојте да се трескате по мечот погоре на сликата. Тој е јапонски армиски гунто меч. Не е никаква катана. Правени се масовно, од страна на обични ковачи, кои немаат врска од традиционална јапонска изработка на мечови. Толку се лоши, што денес јапонската влада ги запленува сите на територијата на Јапан и ваљда ги уништува. Затоа што не биле направени на традиционален начин.
Нормално, надвор од Јапан си ги колекционираат.
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
@штипјанец' дали сеуште излегуваат монографии и книги за авијација во Бугарија? Клуб Криле ги имам скоро сите од 1998-2005, но не знам што се случувало подоцна пошто животот ме оневозможи да патувам често за БГ.
Списание "Криле" излегува се уште. Книгата што ја цитирам - од Јордан Миланов е оваа (544 страници): 1592396038699.png
Иван Бориславов сеуште сè уште објавува книги: 9 том на Luftwaffe 1935 - 1945 и други.

Ова е издавачката куќа која е специјализирана во оваа област: Air Group 2000 Ltd

Последно излезе „Воздушна моќ“ (2020) на полк. проф. Димитар Недјалков (научна "Вклучува разјаснување на терминологијата и методот на пресметување на моќта, истражување на потенцијалот и научените лекции во пракса во современите воени судири во кои воздушната моќ е клучен фактор за постигнување на победа."). Биографијата на Ерих Хартман беше објавена на крајот на минатата година, исто како и „Белите орли“ на Димитар Недјалков (за Бугарија во Првата светска војна).

Повеќето се за бугарската авијација.

Од сеќавањата имам „Сеќавања на летање“/„Спомени летјат“ (2019) од Владимир Балан и „Пилот на големата војна“ (2014) од Георги Попвасилев - и двајцата за Првата светска војна.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.463
Највисокиот германски војник, Јакоб Накен (221 cm), разговара со британскиот десетар Боб Робертс (160 cm) по предавањето во близина на Кале, Франција, во 1944 година.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Списание "Криле" излегува се уште. Книгата што ја цитирам - од Јордан Миланов е оваа (544 страници):Прегледај го приврзокот 255598
Иван Бориславов сеуште сè уште објавува книги: 9 том на Luftwaffe 1935 - 1945 и други.

Ова е издавачката куќа која е специјализирана во оваа област: Air Group 2000 Ltd

Последно излезе „Воздушна моќ“ (2020) на полк. проф. Димитар Недјалков (научна "Вклучува разјаснување на терминологијата и методот на пресметување на моќта, истражување на потенцијалот и научените лекции во пракса во современите воени судири во кои воздушната моќ е клучен фактор за постигнување на победа."). Биографијата на Ерих Хартман беше објавена на крајот на минатата година, исто како и „Белите орли“ на Димитар Недјалков (за Бугарија во Првата светска војна).

Повеќето се за бугарската авијација.

Од сеќавањата имам „Сеќавања на летање“/„Спомени летјат“ (2019) од Владимир Балан и „Пилот на големата војна“ (2014) од Георги Попвасилев - и двајцата за Првата светска војна.
Биографијата на Хартман ја имам на руски, добро е што Клуб Криле сеуште излегува, ќе побарам на сајтот дали би праќале броеви во Македонија, или како што правеа порано, можеше да се порачаат броеви кои недостигаат така ги имав сите освен нултиот со Ју-87 :D Сега ми е уште повеќе мака што не можам ради здравствени причини да патувам долги релации :(
Фала во секој случај, добро да се знае :)
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 255544Прегледај го приврзокот 255543Прегледај го приврзокот 255542

Во јануари 1941 година, Бугарија веќе го усвои антисемитистичкиот „Закон за заштита на нацијата“ Во текот на 1942 година биле донесени построги закони против Евреите од Македонија, како и бугарската окупаторска зона во Северна Грција. Кулминација беше депортацијата во 1943 година, по нарачка од Германија, на Евреите од Македонија и Грција до бугарската граница долж реката Дунав. Оттаму, тие беа пренесени со река и железница во логорот за смртни случаи во Треблинка, во окупираната Полска

Нацистичка Германија дури и ја принуди Бугарија да ги плати трошоците за истребување на Евреите. На 22 февруари 1943 година беше потпишан договор меѓу Теодор Данекер, специјален германски претставник и бугарскиот комесар за еврејски работи, Александар Белев, за депортирање на 20 илјади бугарски Евреи (12 илјади од Македонија и Тракија и 8 илјади од самата Бугарија). Бугарија се согласи да ги плати сите трошоци за транспорт и вети дека никогаш нема да им даде на Евреите бугарско државјанство . Бугарската влада побарала од Германците да ја пријават вистинската вредност на депортацијата на Евреите . Преписка е пронајдена во германските архиви за Германија со фактурирање на бугарската страна на сметките за транспорт. Документите ја потврдуваат исплатата на Бугарија на 7.144.317 лева за депортирање на 3.545 возрасни и 592 деца во логорот на смртта во Треблинка

Многу Евреи им се придружија на југословенските партизани кои се борат со нацистите. Македонската Евреја Естреја Овадија, од Битола, беше меѓу првите жени што им се придружи на партизаните во 1941 година, ден пред депортацијата. Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија однапред ги извести Евреите за претстојната депортација. Засолништата беа организирани под заштита на партизанските одреди, но, за жал, Евреите не веруваа во постоењето на програма за нивно уништување и во најголем дел останаа во гетото, наместо да одат под земја . За разлика од старите бугарски земји, каде демонстрациите и петициите против смената на Евреите, вклучително и директните апели до софиската влада, беа раширени, во Македонија немаше такво движење . Во четвртокот, 11 март 1943 година, бугарската полиција започна да ги концентрира сите Евреи од Скопје, Битола и Штип во привремен притвор во магацинот за тутун во Скопје

Вкупно 7215 лица беа доставени во магацин, вклучително

539 деца под 3 години,
602 деца на возраст од 3 до 10 години,
1172 ученици од 10 до 16 години,
865 лица на возраст над 60 години,
250 сериозно болни пациенти кои биле во кревет,
4 бремени жени се породиле за време на престојот во кампот,
4 лица загинаа на патот кон кампот.
Бугарската влада побара германски планови за депортирани лица. Во одговорот на Германија се вели дека половина од луѓето ќе бидат користени за земјоделска работа во Велика Германија, една четвртина од нискоквалификувани работници ќе имаат можност да се „поминат сами за себе“ во воената индустрија на Рур, а остатокот ќе бидат донесени до генералниот гувернер за работа директно поврзана со војната. Истата информација беше дистрибуирана преку германските дипломатски канали во неутрални земји и беше објавена како порака од Берн (Швајцарија) на 24 март 1943 година во Newујорк Тајмс, заедно со цинична изјава на германските власти за намалување на еврејската смртност запишана во последните три месеци во Полска и фактот дека Евреите кои работат во воената зона ги добиваат истите рации како и германските војници.
Не само тука, општо, особено постари евреи, на инфо дека се спрема транспорт во логор каде ќе ги убиваат, го третирале тоа, со модерен речник кажано "теорија на заговор" па така илјадници изгубиле живот ради неверување дека тоа е можно.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.479
Како литературно наследство од дедо ми, меѓу барем 200 книги најдов Зборник на сите жртви од Охрид и охридско (веројатно општина Охрид сметана во време на СРМ), има посебен дел за борци и посебен за цивили, тој за борци е како морбидна верзија на Панини албумите со по двајца паднати борци на секоја страна и основно инфо, вклучително како настрадале, најмногу во судири со Бугарите, но има и против талијани и немци како и балисти. Прилично шокантно е што во борбите учествувале од 14 годишни девојчиња до 78 годишни дедовци, претежно рурална герила но имало и нешто малку урбана, ако Охрид од тие времиња би можел да се нарече урбанизирано место :) Во Битола, Велес и Скопје градската герила била прилично застапена, иако тоа не се цифри на герилци (партизани) како во Босна да речеме.
Цивилите немаат слики, само текст.

Интересно е што НОБ во мкд се сведува на insurgency, нешто како ирачаните вс. америте, hit & run, со постојани заседи поради кодоши. Сепак, треба да се знае дека кодошите се значаен дел на counter-insurgency (COIN) тактиката, заедно со зулуми кои би требало да го застрашат локалното население за да престане да дава поддршка на герилата. За тоа биле задолжени контрачетници, паравојска, но и обична полиција.

Не знам дали има вакви книги за другите градови, веројатно има. Со оглед на делувањето на дедо ми од таткова страна кој бил курир кој поврзувал три града со инфо кое го учел на памет за да нема докази при евентуално апсење, можеби ја добил книгата на некој јубилеј како носител на партизанска споменица 1941.
Автоматски споено мислење:

Низ муабети, што ИРЛ што виртуелно, секогаш соговорниците биле негативно настроени кон моето тврдење дека Ју-87 ШтуКа била највлијателното оружје во ЊЊ-2 поради промовирањето на концептот CAS (Combat Air Support), психолошката улога на авионот како орудие кое решава битки (уште во полската кампања) кога ескадрила штуки со вклучени сирени пикираат на противник, огромниот број улоги во кои ги извршувал овој авион, нестварниот број на погодени непријателски оклопни и неоклопни возила, артилерија, ПА позиции, бродови и секако, војници.
Учесник на ратот од 37-45 (од Шпанија) Штуката е претходник на денешните А-10, Су-25, Јагуар и други CAS летала. Што се однесува до застареност, денес летаат клипни или турбоелисни CAS авиони по свет, кои како и штуката кружат наоколу и можат да дадат придонес при позив од долу, ОА-10 Бронко или ИА-58 Пукара ми текнуваат први на памет...

Често се споменува битката за Англија како показател на јаловоста на Штуката но треба да се знае дека во таа битка Ју-87 учестувувале многу кратко, веднаш откако увиделе дека е преранлива за задачи без ловачка заштита биле повлечени од таму. Увиделе и пред тоа во Франција но со сигурност се увериле над Англија.
Подоцна над Балкан и на источен фронт Штуката повторно доживува ѕвездени моменти.

Првата воздушна победа во ЊЊ-2 била остварена од страна на ШтуКа во 05.45 утрото на 1.9.1939 кога бил соборен полски ловец П-11.

Страшен и контроверзен авион како и да се земе :)
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691

Во Охрид најмногу жртви имало при повлекувањето на Џерманците,шо би рекле стариве.Значи незнам шо им требало ама штабот им наредил на група партизани да ја нападнат коланата германски возила кои се повлекувале спрема север.Иначе со таљаните локалното население многу добро си поминало,за разлика од балистите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom