И да немаше полициски час во Скопје за продолжен викенд повторно ќе навалеа во Охрид, така се програмирани тие што лапаат продолжен од главниот град.
Сега гужвата е ради тоа што неможат да одат во Грција, не се лажете дека ова е поради некои рестрикции.
Е сега проблемот е немањето осет, сите треба/ше да разберат дека ако некој ти зборува дека треба да седиш дома тоа да го направат без да мораат со сила да те затвараат.
И не треба релативизирање дека Албанците не почитувале мерки, ако продолжеа бројките во нивните општини тие ќе беа одделени и ставени под карантин како Дебар, сега од терање инат ќе треба цело Скопје да го сркне а можеби и Охрид но не верувам.
И да, овие министри од пржинската влада која е мешовита носат голема вина за бројките посебно ради смешниот полициски час за Бајрам, ден за кој Чулев и ВМРО беа стрикно да нема никаков посебен час и мерки додека Филипче бараше целосен како за Велигден, на крај се најдоја на пола пат.
Иако сето тоа можеби беше само за мачкањр очи а инструкциите дојдоја од нивниот албански партнер ДУИ, вечита позиција и коалиција на двете МК партии, кои се дупени како му одговара на Али.
Никој не сака да губи политички поени, затоа се овие полу мерки, страшно е што сите ги ставија гласовите пред здравјето на народот а пострашно е што со тоа нема да изгубат ни 2% гласови, тие што гласале ќе гласаат, критична маса нема, младите не се толку писмени како што се мислиме, сите сме исти говна и тоа го покажуваат бројките кои со години не се мрднати, немаме никаква желба за нешто да се мени.
Кога не знаеме да се избориме на факултет, на работно место, на куќен совет што е зборот за каква било промена како да избориме на избори за премиер или претседател.
Трета опција нема, ќе има тој ден кога ќе се појави човек со нула лични амбиции, зошто да го дадам гласот за Левица која истата ќе го продаде на старите за своја лична корист, за да глуми во собранието контра тежа на власта а во позадина да си ја договори нивната добивка.