Во рамките на личната инкарнатска перспектива, која ја имаш - имаш слободна воља. Неговата ниту ја сфаќаш, ниту можеш да ја сфатиш. Само дел од Бога можеш да го видиш/сфатиш, додека си во оваа состојба. Дел не ти е достапен/откриен, сега. И тоа, тој дел, само преку Христа може да ти биде достапен, додека си на Земјата.
Ова е исто така проблематично тврдење. Ако јас и ти не можеме да ја сфатиме волјата на Бог, ниту пак неговите намери, како ти знаеш дека Бог знае све, има добри намери и дека има дел кој може да биде достапен преку Христос?
Овој проблем се наметнува и со исказот дека злото на Земјата е дел од планот на Бог кој суштински е добар, но ние не го разбираме. Ако ние не го разбираме планот на Бог, не можеме ни да знаеме дали е суштински добар. Или попрецизно, основниот проблем со тие што го бранат интелигентниот дизајн е исказот дека работите што се лоши во светот (болести, катастрофи, гинење на невидни луѓе итн.) ни изгледаат лоши бидејќи сме игнорантни на планот и визијата на Бог, па не може да знаеме колку се тие добри. Овој исказ е самопобивачки. Ако не може да знаеме што е добро, а што не, не можеме да знаеме дали дизајнот/тие работи се добри или лоши.
Бог со неговата омнипотентност и омнискиентност е индиректен причинител на сето зло. Он е А, го создал Б (Сатаната) кое причинило зло В. Бог го знае тоа и е семоќен, со што тој индиректно го причинил и знае како сето тоа ќе заврши. Ако ние не го разбираме Бог и неговата волја, ама разбираме дека тој ја знае иднината, разбираме доволно дека ние немаме слободна волја ни во оваа, ни во ниту една друга инкарнација. Но разбираме дека имаме илузија на слободна волја. Не може во еден свет (овој), слободната волја да биде нужна, а од друга перспектива (неговата) да биде контингентна. Слободната волја или е нужна или е контингентна. Ако од неговата „повисока“ перспектива е контингентна, таа е суштински контингентна, без разлика на тоа како ни се чини на нас од оваа перспектива.
Другото е све навлагање во контрадикторности со ад хок хипотеза „Ние не го разбираме Бог, затоа вака ни се чини“. Бог можеби е лош и нѐ залажува, ама ние не го разбираме Бог и затоа ни се чини дека е добар.