Ништо јас не испревртувам, ако тврдиш дека господ е безгрешен а човекот е негова креација, тогаш апсурдно е да тврдиш дека човекот е грешен. И не само за човекот, истото важи за се останато. Од перспектива на господ, апсурдно е да постојат грешни, зли, непотребни нешта, бидејќи истите се создадени или допуштени од него. Што и да прогласи за зло, погрешно, непотребно, со тоа самиот ќе си пресуди дека не е безгрешен и совршен а со тоа и дека не е господ. Толку е едноставно, се друго е ментална гимнастика која ја користите за да си ги оправдате апсурдите.