Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе патувате ова лето Грција? :)
 
Можи да се кладат на тоа колку заболени ќе има утре во САД, Русија итн
Другар работи во кладилница. Денес имале само пинг понг натпревари, неколку пријателски во фудбал и ФИФА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАРИ НА СОНИ :oleee:
Јели бре децо? ( уплатено 12 минути после сечење лента ) :oleee:
1589407445810.png
 
:lolzz: што ќе се уплаќа бре
moze vo trki so kucinja, tepacki so petli, pa duri i esports ligi.
 
Епа подобро основните и средните училишта да ги отвореа, отколку кладилниците. Пологично би било, затоа што децата се помалку ризична категорија која полесно го пребродува вирусот, за разлика од маженцата кои одат по кладилници (со мал број на исклучоци (извинете ако ве има), знаеме сите дека профилот на мнозинството луѓе кои што одат во кладилници се, +50 годишни чиченца, со долг пушачки стаж, многу од нив алкохоличари, со пропратни други болести, како хипертензија, дијабет итн).

Друго, образованието на децата е многу понеопходно и битно од желбата на некој џаболебар да си ја проба среќата и за сметка на тоа да добие пари. Па во ваква економска криза, јас не знам кој нормален би идел да се коцка. Свашта Македонијо, свашта.

За кафичите и кафаните, разбирам дека постојат луѓе кои живеат од тоа, но тоа треба да биде проблем на државата. Државата е таа што треба финансиски да ги потпомогне или да изнајде начин за нивна работа без да го загрозува животот на мнозинството. Со отварањето кафичи, бројот на новозаразени ќе порасне (затоа што знаеме колку е воспитан нашиот народ, за жал невоспитаните домнираат и се мнозинство во државата), а речиси и да сум сигурна дека отварање на угостителските објекти ќе му биде поголем проблем на угостителите. Прво, се ќе биде поскапо, па многу од луѓето кои порано оделе на кафе нема да можат да си го дозволат тој луксуз, второ, онаа другата половина на совесни и одговорни граѓани, не верувам дека уште со првото отварање на кафичите ќе се упати во истите. Заклучокот е дека, тоа на угостителите нема да му се исплати. Поголема ќе му биде потрошувачката отколку заработувачката.

Решението не е да се затвориме сите дома и да седиме до недоглед. Факт е, дека мора да се научиме да живееме со вирусот, а за тоа мора да го смениме начинот на живот. Наместо да отвараме кафичи и ресторани, може за почеток со постепено разлабавување на мерките истите да функционираат само со достава на храна, а кафичите со кафе за носење.
 
c025dcc6593903d30397239104479b77.gif

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Знајш дека за во Македонија се прај муабет така?
 
Кои кретени, ќе има/ќе бараат продолжување на вонредната состојба и му е страв да отворат аеродром за да можат луѓето да си се приберат дома, а при тоа дозволуват митинзи и одење од врата до врата. Топ справување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom