Дoдека чекам и други (освен можеби петмина луѓе на форумот) да споделат некоја корисна анализа или информација и да испишат гратис материјал со стекнато знаење што великодушно ќе го споделат со останатите, да се посветам на омиленото хоби - броење на парите на вработените во финансиската индустрија
Прегледај го приврзокот 250846
Имено, другарите од ВФП си начекале будали да им стават 16 миљони евра со „управувачка“ провизија од 2,2% и влезна од 1-5% и сега си Ж Н Е А Т, па годинава си ожнеале 800.000 евра провизии
Многу интересно од финансиските извештаи е што деветмината вработени во фондот земале просечна нето плата од 45.000 денари, меѓутоа ме збунува како на платен фонд од 5 миљони уплатиле само 1,7 миљони придонеси кога треба отприлика 2,5 миљони??
Прегледај го приврзокот 250847
Нормално, ќе се запрашате кој е луд да наоѓа овци што ќе „инвестираат“ толку миљони да ги стрижат со огромни провизии за 45.000 плата. Меѓутоа, ако се загледаат трошоците, може да се види дека има уште 15,5 миљони за договори за дело како провизија за обезбедување „инвеститори“, па и на тој начин можеби надополнуваат за ниските плати. Исто така, можеби земаат и хонорари за држење едукации, си лапаат гага од репрезентација, а и добиваат на користење фирмини коли и телефони.
Ова исто важи и за другите вработени од фондовите пошо само службена кола и телефон можат да бидат еквивалент на дополнителен месечен приход од 500 евра. Во некои фондови имаа просечни плати од над 1.500 евра, па во комбинација со ова, се добиваат респектабилни месечни надоместоци што се доволни за исклучително конфорен живот во Северџанија.
П.С. Кај се подесува бе тоа потпис под постовите да ставам за укинување на вториот столб?