Македонска берза

Член од
12 март 2009
Мислења
20.599
Поени од реакции
16.806
Имаш добри познавања од оваа област @Ireal .
Според тебе колку е цена на чинење на m2 во Аеродром, Центар и Карпош?

П.С. Надвор е од темата, но има тука градежни компании на берза, па ме интересира профитната маргина.
види, гигантите многу многу не се инвеститори на станбени згради во Аеродром и К.Вода, воглавном помали анонимуси...... а Адора беше во тој бизнис, но ги фати и криза 2013, па нели даваа фрее крстарење ако купиш стан, а имаше и опција 3 месеци под кирија прво да го видиш станот, како лубеници кога бираш на пазар... можеби и сега градат поедини станбени згради, ама воглавном на поатрактивни локации.. а исто мислам и Адора и Гранит се впуштија на МСЕ во купување на акции на КМБ ??
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Моја претпоставка:
- Тие што излегоа, излегоа.
- Тие што се вратија, се вратија.
- Тие што влегоа во меѓувреме влегоа.
Мислам дека подобра анализа од погоре цитираната до сега немам прочитано ни овде, ни било каде на друго место :D (се надевам дека колегата Никола нема да замери на сарказмот)
Оние што уште „се давиме“ на МСЕ, гледам дека веќе почнала да ни влијае корона кризава и изолацијава, па минативе два дена многу писанија во кои „во дубина“ се анализира пазарот на недвижнини, се вадат од ракав бројки (маржи, цени по населби, цена на градба итн) кои можеби се и точни, и како тоа влијае на МСЕ. Се надевам дека не ве читам за џабе :) па можеби ќе најдам корелација меѓу МСЕ и градежниот сектор генерално, и јас да извлечам некаков ќар.
Од она што јас го следам, само да ви шепнам дека преку разни програми, најголем дел кредити и кредитни линии, мал дел донации, државичкава веќе обезбеди преку 700 милиони евра кои дел се стигнати а дел се извесни и ќе стигнат на буџетската сметка на РСМ, а едвај само 2 месеци од прогласувањето lock down кај нас. Ако најлошото сценарио на МинФин проценуваше дека во буџетот ќе недостигаат околу 1,2 милијарди евра како последица на коронкава, сега овие веќе договорени/пристигнати 700 плус уште 800 милиони од евро обврзницата, да не испадне во септември повторно да се прави ребаланс со кој ќе се избегне суфицит (just sayin' :свиркам:)
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.120
Поени од реакции
715
Tie sto prodadoa pocetok na mart mozebi se vo dobivka,tie sto prodadoa vo panika vo april se vo zaguba ,a nie sto ostanavme lebdime megju ednite i drugite.Subjektivno mislam deka sme poblisku do onie so dobivka.:D
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Дoдека чекам и други (освен можеби петмина луѓе на форумот) да споделат некоја корисна анализа или информација и да испишат гратис материјал со стекнато знаење што великодушно ќе го споделат со останатите, да се посветам на омиленото хоби - броење на парите на вработените во финансиската индустрија :vozbud:

Screen Shot 2020-05-11 at 15.41.21.png

Имено, другарите од ВФП си начекале будали да им стават 16 миљони евра со „управувачка“ провизија од 2,2% и влезна од 1-5% и сега си Ж Н Е А Т, па годинава си ожнеале 800.000 евра провизии :shok2: Многу интересно од финансиските извештаи е што деветмината вработени во фондот земале просечна нето плата од 45.000 денари, меѓутоа ме збунува како на платен фонд од 5 миљони уплатиле само 1,7 миљони придонеси кога треба отприлика 2,5 миљони??

Screen Shot 2020-05-11 at 22.21.47.png

Нормално, ќе се запрашате кој е луд да наоѓа овци што ќе „инвестираат“ толку миљони да ги стрижат со огромни провизии за 45.000 плата. Меѓутоа, ако се загледаат трошоците, може да се види дека има уште 15,5 миљони за договори за дело како провизија за обезбедување „инвеститори“, па и на тој начин можеби надополнуваат за ниските плати. Исто така, можеби земаат и хонорари за држење едукации, си лапаат гага од репрезентација, а и добиваат на користење фирмини коли и телефони.

Ова исто важи и за другите вработени од фондовите пошо само службена кола и телефон можат да бидат еквивалент на дополнителен месечен приход од 500 евра. Во некои фондови имаа просечни плати од над 1.500 евра, па во комбинација со ова, се добиваат респектабилни месечни надоместоци што се доволни за исклучително конфорен живот во Северџанија.

П.С. Кај се подесува бе тоа потпис под постовите да ставам за укинување на вториот столб?
 
Член од
18 септември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
8
Дoдека чекам и други (освен можеби петмина луѓе на форумот) да споделат некоја корисна анализа или информација и да испишат гратис материјал со стекнато знаење што великодушно ќе го споделат со останатите, да се посветам на омиленото хоби - броење на парите на вработените во финансиската индустрија :vozbud:

Прегледај го приврзокот 250846

Имено, другарите од ВФП си начекале будали да им стават 16 миљони евра со „управувачка“ провизија од 2,2% и влезна од 1-5% и сега си Ж Н Е А Т, па годинава си ожнеале 800.000 евра провизии :shok2: Многу интересно од финансиските извештаи е што деветмината вработени во фондот земале просечна нето плата од 45.000 денари, меѓутоа ме збунува како на платен фонд од 5 миљони уплатиле само 1,7 миљони придонеси кога треба отприлика 2,5 миљони??

Прегледај го приврзокот 250847

Нормално, ќе се запрашате кој е луд да наоѓа овци што ќе „инвестираат“ толку миљони да ги стрижат со огромни провизии за 45.000 плата. Меѓутоа, ако се загледаат трошоците, може да се види дека има уште 15,5 миљони за договори за дело како провизија за обезбедување „инвеститори“, па и на тој начин можеби надополнуваат за ниските плати. Исто така, можеби земаат и хонорари за држење едукации, си лапаат гага од репрезентација, а и добиваат на користење фирмини коли и телефони.

Ова исто важи и за другите вработени од фондовите пошо само службена кола и телефон можат да бидат еквивалент на дополнителен месечен приход од 500 евра. Во некои фондови имаа просечни плати од над 1.500 евра, па во комбинација со ова, се добиваат респектабилни месечни надоместоци што се доволни за исклучително конфорен живот во Северџанија.

П.С. Кај се подесува бе тоа потпис под постовите да ставам за укинување на вториот столб?
Друже а си размислил дека со тие договори на дело ги исплаќаат агентите кои носат клиенти?
Автоматски споено мислење:

Различни се двете обврзници. Со различни услови. Како што е разликата меѓу обични и приоритетни акции.
Тој што ја купил обврзницата ќе добива лукративен принос од 9%, но го прифатил ризикот дека Банката поради X причини - на пример Пандемијата, нема да исплати одреден купон на одреден датум. Потребни им беа тие пари, поради зголемување на адекватноста на капиталот затоа што влегоа во системски значајни банки, а сигурно изгледа не сметаа дека ќе ги обезбедат со пониска стапка.

Сепак не е толку важно со колкава каматна стапка позајмиле, важното е што направиле со тие пари. УНИ ги плати купоните кај обврзниците и обезбеди уште толку нето добивка и за имателите на обичните акции. Додека кај ТТК претходно се раздаваа дивиденди, па сега се позајмува за да нема проблеми во секојдневното работење. Зошто ТТК не ги обелодени транспарентно кој се имателите на обврзници, па да ги изанализираме со каква намера зеле обврзници од Крш банка со толку ниска каматна стапка.

Јас немам двоумење која банка работи подобро и кои акционери ќе ги соберат плодовите на среден и на долг рок.
Ги исчитав коментарите во однос на уни што си ги пишувал периодов па да те прашам каде тука ја гледаш потребата од издавање на обрзница па уште повеќе со таква каматна стапка:
1589231158364.png
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
Друже а си размислил дека со тие договори на дело ги исплаќаат агентите кои носат клиенти?
Автоматски споено мислење:



Ги исчитав коментарите во однос на уни што си ги пишувал периодов па да те прашам каде тука ја гледаш потребата од издавање на обрзница па уште повеќе со таква каматна стапка:
Прегледај го приврзокот 250849
Уни нема причина да ја исплатува обврзницата. Перпетуална е т.е. нема рок на доспевање. Мислам дека ќе си го окркаат тие што ја купиле а не УНИ.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Уни нема причина да ја исплатува обврзницата. Перпетуална е т.е. нема рок на доспевање. Мислам дека ќе си го окркаат тие што ја купиле а не УНИ.
Ама има обврска да плаќа камата, лихварска камата!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
Ама има обврска да плаќа камата, лихварска камата!
Немаат обврска ни камата да плаќаат. Само морална обврска им е тоа. А главницата дури не планираат никогаш да ја исплатат и тоа јавно го кажуваат.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
436
Поени од реакции
538
Немаат обврска ни камата да плаќаат. Само морална обврска им е тоа. А главницата дури не планираат никогаш да ја исплатат и тоа јавно го кажуваат.
Значи нешто како приоритетни акции му доаѓаат ова обврзнициве на УНИ
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Да, баш денес излегоа предлог одлуки. Па тие на Собрание гласаат дали да исплатат камата или не! А што ако решат да не исплатат?

Тендо вика купил на 600. Кога бе Тендо? Кога ТНБ беше 3000 а СТБ 200? Да се разбереме, во МК банкиве не ќарил х3х4 само тој кој не купил. Да правиме заклучоци од тоа за квалитетот на банките е апсурд.
 
Член од
16 декември 2019
Мислења
63
Поени од реакции
75
Имаш добри познавања од оваа област @Ireal .
Според тебе колку е цена на чинење на m2 во Аеродром, Центар и Карпош?

П.С. Надвор е од темата, но има тука градежни компании на берза, па ме интересира профитната маргина.
Prosek cena na kvadrat na kompanijata koja gradi e odprilika od 500-700 eur
 
Член од
18 септември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
8
Немаат обврска ни камата да плаќаат. Само морална обврска им е тоа. А главницата дури не планираат никогаш да ја исплатат и тоа јавно го кажуваат.
Па ако ми плаќаат 9% годишно не ни би сакал да ми ја исплатат.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Па ако ми плаќаат 9% годишно не ни би сакал да ми ја исплатат.
Финтата е во тоа АКО. Излгледа дека ќе плаќаат само АКО банката работи со добивка. Пошто каматата им е во распределба на добивка. Не е во трошоци од камати како во сите нормални банки.

Ова смрди до небо. Смрдеше уште кога се објави. Како викаа, ако е нешто премногу добро да е вистина...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom