Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Гледм имало и трансакција на 750 акции на Makstil, ова по дефолт значи дека некој го видел извештајот за 3 месеци од 2020 и нормално да распородаде пред да загуби. Ова би требало да значи дека ќе има јак пад? Останува да видиме
mnozinstvoto od firmite ke imaat golem pad pogotovo vtor kvartal, ama ne site akcii ke pagjaat soodvetno. ''outlook'' e na cena.
 
mnozinstvoto od firmite ke imaat golem pad pogotovo vtor kvartal, ama ne site akcii ke pagjaat soodvetno. ''outlook'' e na cena.
Знаеш макстил кога ќе излезе од загуба, со ваков тренд за едно 100 години а ако работат поштено може и за две.
1589377500375.png
 
Еве излегле ревидирани извештаи за уште едно преплатено партиско дувло - Развојната банка на Северџанија, а крајно симптоматично е што не го содржат најважниот дел - билансот на успех! Меѓутоа, понатаму во извештајот можат да се видат интересните ставки:

Screen Shot 2020-05-13 at 19.25.45.png

Screen Shot 2020-05-13 at 19.20.13.png

Screen Shot 2020-05-13 at 19.31.51.png

Може да се пресмета дека четириесетте вработени во банката имале просечни нето плати од 45.000+ денари, што веројатно е највисок просек од сите банки. Уште поинтересно е што „клучниот раководен кадар“, а тоа се седуммина скроз партиски ликови, земале скоро 19 милиони денари, што е просечна нето плата од 150.000+ денари! Инаку банката во 2019. година направила нето добивка од нецели 18,5 миљони денари, што значи дека „раководниот кадар“ земал повеќе пари него што им направил на акционерите, т.е. на граѓаните на Северџанија!

Па ова да е нормална држава, седминава би летале на улица газ преку глава и не би можеле ни да присмрдат до „работа“ у финансиски сектор, ама пошто ова е држава кадешто ниедна институција за контрола не функционира, веројатно јас ќе бидам единствениот што ова ќе го констатира и објави!
 
Не знам зошто мислиш дека не сме свесни што се се прави во државава...
Па не само 7 луѓе, постојат цели министерства, агенции, секретаријати кои што ја „работат“ истата работа.
Ако ги земиш општините има 3 пати повеќе вработени отколку пред 10 години.
Средни училишта со 185 наставници и вкупно 400 ученици. Факултети по селава во Македонија со 35 вработени за 45 студенти кои плаќаат по 100 евра партиципација.

Фала ти @therealgrim што не просветли. Да не беа твоите постови се уште ќе живеевме во заблуда.
Сепак мислам дека овие постови се непотребни тука, и дека треба да си отвориш една нова ваква тема на форумов, па од време на време ќе постираме и ние по нешто.

Исто за Северин и за Северџани и за слични тракатранци има еден куп теми на форумов, па нема потреба тука да се загадуца делов од форумот.

Инаку доволно во периодов пишував за УНИ на форумов.
Имате сега убаво скоцкан годишен извештај, па кој сака нека го прочита.
 
Го пишувам сево ова буквално затоа што луѓето НЕ ГО ЗНААТ. А и откај би го дознале кога ниеден новинар никогаш не отворил ниеден извештај на овие финансиски друштва, а камоли да го анализира. Да отвориле, досега наголемо ќе се пишувало за сите овие крлежи и тении што се нашле на високи позиции исклучиво поради партиски и фамилијарни врски, а не реални способности. Затоа не е ни чудно какви катастрофални резултати испорачуваат, а земаат огромни надоместоци и прават дополнителна штета давајќи и отпишувајќи кредити на сопартијци и за мито. Велат нема поубаво средство за дезинфекција од сончевата светлина, па пошто не можам да ги процесуирам, најмногу што можам е да ги сервирам секому разобличени на тањирче!

Еееј, постирале ревизорски извештај без двете најважни работи: билансот на успех и акционерскиот капитал од билансот на состојба. И тоа банка што дала 150 милиони евра кредити со државни пари! Па у нормална држава уште утре би ги растргнале на сите вести и од срам би си дале оставки за да не бидат сменети, а овде никој нема да извести и ќе си продолжат со катастрофалното работење заради лична и партиска корист.

Дисфункционалноста на системот треба секој да ја појми за да увиди дека премијата што ја добива за ризикот што го презема инвестирајќи во индексирани компании со поврат од 5-6% е смешна. Дури и јас што сум инвестирал со поврати од триесетина проценти секогаш се прашувам дали добивам соодветен надоместок.

Ретко кога ги користам зборовите држава или град и почесто користам населена територија и населено место. Држава и град подразбираат луѓето во нив да изградиле систем и институции што ќе обезбедат мир и напредок за мнозинството од населението. Кога тие услови овде ќе се стекнат, е тогаш ќе биде надминато името Северџанија за оваа творба што стихијски ја водат корумпирани и неспособни луѓе без идеја и стратегија.
 
Последно уредено:
Se znae li koj isturi denes 23800 akcii na GRANIT ?Otidoa ko alva vo 57 transakcii....sigurno im se vide evtino??
 
Se znae li koj isturi denes 23800 akcii na GRANIT ?Otidoa ko alva vo 57 transakcii....sigurno im se vide evtino??
Видоа дека има дивиденда па да им се исплати ахахахахах
Автоматски споено мислење:

Еве излегле ревидирани извештаи за уште едно преплатено партиско дувло - Развојната банка на Северџанија
Ништо не кажуваш за Генерали Инвестментс АД Скопје каде што има 6 вработени кои во 2018 плата по вработен била 72 097 ден бруто а во 2019 за истите 6 вработени во 2019 платата била 132 361 ден исто така бруто. Односно зголемувањето било 80% WoW :vozbud::vozbud::vozbud:!!
Знаеле дека ќе има COVID-19 па да се обезбедат :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom