А можеби се и семоќни, доколку се земат во обзир сите нивни други инвестиции во разни други области
.
Златото одамна не функционира како платежно средство или како покритие, па пак си има цена, заедно со нафтата се производи, чија цена зависи од понуда и побарувачка. Златото во време на криза му расте цената поради ДОВЕРБА дека секој човек на планетава би го прифатил како средство за размена, значи не е дали државата ќе го прогласи за безвредно или не, туку народот. Истото ти е и со доларот т.е. секоја валута на империите.
А монетарната политика веќе е падната во вода, поради одлуките од политичарите и академците.
Кој тоа да инвестира во тие набројаните ... државите ли ....
Прво треба да земеш во предвид сегашните потреби на цивилизацијата колкави се, а и колку поголеми треба да се, доколку сакаш и неразвиените земји да стигнат еден нормален начин на живот.
Кога ќе земеш се тоа во обзир, иди направи пресметка и види дали е можно да го постигнеш се тоа со сегашната технологија односно со сите тие што ги наброја.
Сите тие што ги наброја
НЕ се еколошки, ама пропагандата си работи. Фотоволтаици што треба за да ги произведеш, да ги одржаваш, ефикасноста колку им е, електрични возила да направиш колкав е трошокот, колку штета се прави во природата за да произведеш едно такво возило и за негово одржување и рециклирање, енергијата за да се напои тоа возило од каков извор ќе е, водна енергија ако користиш, исто има
негативни последици врз природата (доколку се употребуваат сегашните принципи), фузија си има исто негативни последици, итн итн.
Не е круто, ама не е ни мазно како што ти тврдат Ал Гор, Бил Гејтс и остала тајфа.
Веќе ти напишав, ама АлтернативеФ си има некој проблем со моите факти, па пак ќе ти напишам овде: не знам што да кажам за човек како тебе, кој цело време пцуе по политичарите, колку биле нечесни, поткупливи, соработувале со олигарсите, а слепо ги следи нивните наредби, се повикува на нивните изјави. Тоа му доаѓа исто, како некоја спонзоруша да фати некој наивен со пари, да му ги троши парите на страна, со нејзините другарки и дечковци, додека него му кажува дека се тоа што прави е за негово добро, да не се секира, дека го сака, но нема секс пред брак, а брак на куково лето. Е така му доаѓа твојата логика кога се работи за политичарите, од една страна кукаш од нив, а од друга, им веруваш безрезервно и се надеваш дека ќе направат нешто позитивно.
Меркел која ја уништи цела Европа, за сметка на Германија, за тебе нормално дека е репер, толку ти сече, сепак ти си зелен
, нели за зелена енергија, која врска нема со екологија.
Јасно ми е дека тебе ти е гајле за сите други, битно твојата фамилија да е згрижена, ти летово да си идеш на одмор, додека другите што ги вртиш. Последиците од тоа што го предлага таа Меркелка, а не е само таа, изгледа си ги пропуштил изјавите и на ОН и на Гејтс и на остали, се уништување на економијата во цел свет. Tоа неминовно ќе донесе милиони жртви, а кога кркорат цревата кај народот, доаѓа до општ хаос. Во таков општ хаос, зар сметаш дека тебе, другите програмери (ништо лично, туку како лица со поголеми приходи), мене, ќе не остават на раат или ќе ти влезат дома и земат што им треба. Или па мислиш политичарите без плата ќе работат и нема да бараат како да наполнат буџет за да го крадат, нема да ти ја запленат заштедата и да зголемат даноците
.
Патот до пеколот е поплочен со добри намери, а ти Тенеке, ем добри намери, ем помагаш во тоа поплучување. Да немаше деца како Меркелка, Макрон и сл па да ти беше гајле, ама јбг, можда и така е најдобро.