- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.116
- Поени од реакции
- 37.588
Една препорака од мене, иако веројатно и не е прв пат: за сите фанови на Lost, Fringe, The Leftovers и сѐ останато кај што Џеј Џеј Абрамс има вмешано прсти, но и за сите фанови на The Shawshank Redemption, The Green Mile, Stand By Me, The Shining, Secret Window, It, Pet Sematary, најново - на The Outsider... и сѐ останато инспирирано од делата на Стивен Кинг - морате да ја ѕирнете
Castle Rock!
Антологиска серија на Хулу, за тие што не знаат, во која секоја сезона е различна приказна, но секако се испреплетуваат ликови и настани, а и сместена е во истоименото фиктивно гратче од делата на Кинг. Во секоја можна епизода ќе најдете glimpses од делата на Кинг и од сите овие филмови кои ги спомнав погоре, и многу други. Мене серијата ми е вистинско бонбонче: одличен микс на драма, трилер, но и фантастика, баш многу наликува и на Lost, и на Fringe и на The Leftovers, во таа насока. До сега се излезени 2 сезони по 10 епизоди, и двете одлични! Те држат вкопан во екранот, и не ти даваат да ја исклучиш по завршување на епизодата. Баш како што за мене правеа трите од погоре. Знам дека серијава не е нова, одамна има и тема за неа тука, ама сега ги чистам заостанатите серии, па стигнав и до неа. Ја гледам вторава сезона, и си викам: морам уште еднаш да им ја предложам на Кајгана, зашто навистина штета е да го испуштат ова, според мене, ремек дело. Кај нас ја има на HBO GO, или едноставно симнете си ја, и уживајте.