Овие од МРТ спортска редакција зошто не си ја признаат реалноста? Реалноста дека немат снимено и сочувано во архива одредени спортски настани од минатото?
На фејсбук оној Драган Николовски пишува дека МРТ немаат право да емитуваат постари спортски настани како финалиња од Лига на шампиони и од постарите Светски првенства во фудбал.
А како во Хрватска ХРТ 2 има право да емитува постари финалиња од лига на шампиони?
Пример во Сабота на ХРТ 2 од 14:00 оди финале од 2013 ЛШ Баерн- Борусија, а во Недела оди финале ЛШ од 2013 Баерн - Челси. Вчера ХРТ 2 даваа квалификациски натпревар за ЛШ Партизан- Динамо Загреб, денес ХРТ 2 ќе даваат натпревар од 2003 Уефа куп Хајдук - Рома.
Во Вторник на ХРТ 2 ќе даваат финале од СП 1994 Бразил - Италија, во Среда финале од СП 1998 Франција - Бразил.
Како тие имаат право тоа да репризираат а МРТ немаат право?
Едноставно во МРТ ги немаат во архива снимено и сочувано овие спортски настани. Или им е тоа сочувано со никаков квалитет и тоа денес не може да се емитува.