Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Не знам дали е за тука, но ми треба анализа на два лика од драмата „Црнила“ од Коле Чашуле. Ако некој може да ми помогне би бил бескрајно благодарен.
Книгата е 100-200 страници и ќе ја прочиташ за 2-3 саати. ;)
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.496
Книгата е 100-200 страници и ќе ја прочиташ за 2-3 саати. ;)
Знам, ама стварно немам време, а и не ме бива баш за овие работи... Нит сум пишувал некогаш анализи, нит па знам како се пишува..
 
Член од
7 јуни 2007
Мислења
95
Поени од реакции
3
Здраво,
Ми треба да ја купам книгата Хари Потер и редот на фениксот на македонски од Култура. Цената не е проблем.
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Добар ден на сите. Незнаев во која тема да постирам, па да прашам тука, дали некој може да ми каже со 100% сигурност кои книги од Хари Потер се преведени на македонски и можат да се најдат кај нас во книжарите? Јас ја видов само првата книга дека излезе во продажба пред неколку недели ама бидејќи тек сега се заинтересирав за книгиве, незнам дали е ова прв превод, нов превод и дали досега имало преводи од другите книги. Фала ви на помошта однапред.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.907

Сите се преведени на македонски, уште одамна, издадени од Култура (првите неколку делови) и Младинска книга (последните неколку делови), но освен „Полукрвниот принц“ и „Реликвиите на смртта“, и двете од Младинска книга, кои може да се најдат уште, на старо, останатите 5 дела и под дрво, и под камен да ги бараш, нема да ги најдеш.

Е сега, бидејќи од пред некоја година „Хари Потер и каменот на мудроста“ стана лектира за деветто одделение, а ја немаше никаде да се најде, Арс Ламина ги откупила правата, и во нивната едиција „Лесно читливи лектири“ го реобјави првиот дел, „Каменот на мудроста“, со нов, многу поубав превод од претходниот на Култура. За сега го има само тој во продажба, во нивните книжарници и онлајн (за да не се збуниш, Литература.мк им се викаат книжарниците). Исто - прашав кај нив, ќе бидат реиздадени и сите останати делови, еден по еден.
 
А извини, не разбирам зошто да е тешко да се најдат деловите? Зарем не е во интерес на издавачот постојано да има примероци пуштени во продажба? Сигурен сум дека не сум единствениот кој сака да ги има сите делови. Посебно сега кај што е првиот дел лектира за 9то одделение, предпоставувам некој ќе посака да ги дочита и останатите делови. Иначе, не зборувам толку во свое име, бидејќи јас ќе ги прочитам на англиски, ама ете жена ми не разбира толку англиски. Чудно. Ама искрено, овие детаљи се показатели за тоа колку една држава е развиена или не така да не ме чуди.

Како и да е, ти благодарам на одговорот
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.907
А извини, не разбирам зошто да е тешко да се најдат деловите? Зарем не е во интерес на издавачот постојано да има примероци пуштени во продажба?
Одамна се распродадени тиражите. Издавачите кога објавуваат преводна литература склучуваат договори со тој кој има авторски права за делото, во кои договори е регулирано меѓу другото и во колку примероци ќе биде издаден преводот, и дали смее или не да се реиздава. Во најголемиот број случаи, кај нас, обично ги објавуваат во 500 примероци и најчесто немаат дозвола за реиздавање. Па така, и да е, и да не е во интерес на издавачот, тој и на глава да се преврти, не може да пушта постојано примероци во продажба.
Автоматски споено мислење:

Ама искрено, овие детаљи се показатели за тоа колку една држава е развиена или не така да не ме чуди.
Нема врска ова со државата и дали е таа развиена или не. Едноставно е - се работи за авторски права, и тоа е тоа. Исто функционира секаде во светот, нема тука некои филозофии.

За жена ти и сите што сакаатда ги прочитаат на македонски, ти реков, еве, Арс Ламина почна да ги реиздава. ;)
 
D

Deleted member 95595

Гостин
@Zlatikevichius Абе не го заприметив тој дел од твојот пост дека една по една ќе ги ваѓаат книгите :-D Дали можеби имаш информација во која временска рамка ќе биде ова?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.907
@Zlatikevichius Абе не го заприметив тој дел од твојот пост дека една по една ќе ги ваѓаат книгите :-D Дали можеби имаш информација во која временска рамка ќе биде ова?
Е тоа не знам, не ми кажаа.
 
Член од
8 мај 2020
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво,дали може некој да ми помогне за есеј на тема:Есеј за солунски атентатори, гемиџиите?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Здраво,дали може некој да ми помогне за есеј на тема:Есеј за солунски атентатори, гемиџиите?
 
Pece4ever

Скопјанишен
Член од
19 ноември 2009
Мислења
577
Поени од реакции
186
Дали некој знае каде можам да ја најдам книгата Helter Skelter: The True Story of the Manson Murders?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Дали некаде ве има сретнато Контакт од Карл Саган на Мк превод?
Пред 15-20год. ја земав од библиотека и нешто ме маваат трипови дека беше на македонски.

Со оваа корица беше 102.3%
cover.jpg
(Ова е руска верзија инаку)

Дали може денес да се најде оваа книга?
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.662
Поени од реакции
35.300
Дали некаде ве има сретнато Контакт од Карл Саган на Мк превод?
Пред 15-20год. ја земав од библиотека и нешто ме маваат трипови дека беше на македонски.

Со оваа корица беше 102.3%
Прегледај го приврзокот 264731
(Ова е руска верзија инаку)

Дали може денес да се најде оваа книга?

Како прле, пред магаре, се извинувам, место Контакт, си прочитав Космос :icon_mrgr:
Контакт ја има на спрпски превод, македонски ја нема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom