Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Кај би можело да се пријави некој што имал температура, кашлица и лежел една недела болен, не е иден ниту на доктор, ниту тестиран, а сега се шета слободно?

Тој и баш може да шета, чим има симптоми или веќе го прележал автоматски не е носител на вирусот
 
Кај би можело да се пријави некој што имал температура, кашлица и лежел една недела болен, не е иден ниту на доктор, ниту тестиран, а сега се шета слободно?

Би требало на овие броевите што се од Јавно здравје ама со оглед колку се агилни кај нас за луѓе што имаат сиптоми на корона ако едно прашање од епидемиолошката анализа не ги исполниш те одјебуваат и ти викаат седи дома пиј чај,можеш да замислиш како ке реагираат на твоја дојава за некој си болен кој чим сам не се пријавил и шета насекаде и да му дојде некој тој ке негира дека имал нешто а камоли дека бил тешко болен.
 
Кратко е времето за постарите лица. Треба да се зголеми малку временската рамка. Друга работа која е целта на изолацијата и полицискиот час, ако се собираат по дворови и по викендици по десетина луѓе. Нема логика ако потрае ова подолго да се тера со исто ова темпо. Јас веќе знам неколку што се позитивни на вирусот и 90 % од нив се медицински работници. Со ова ништо нема да постигнеме, се додека народот е пасивен кога се во прашање мерките.
 
Днес овде са оптимистични податоците, имаме 9 нови заразени и вкупно се изкачиха на 685 и 1 умрел и ако сите се плашиме што ке биде около и 2 недели после Великден.
По области во БГ случаевите са вака разпределени:
Благоевград – 18; Бургас – 26; Варна – 24; Велико Трново – 9; Видин – 2; Враца – 2; Габрово – 2; Добрич – 12; Крджали – 12; Кустендил – 15; Ловеч – 2; Монтана – 18; Пазарджик – 15; Перник – 8; Плевен – 9; Пловдив – 35; Русе – 5; Силистра – 2; Сливен – 11; Смолјан – 17; Софиja – 406; Стара Загора – 23; Хасково – 8; Шумен – 4.

Интересни са податоците за респираторните заболуваниja како цело во БГ.
Карантинот реално намали многу и сезонскиот грип.
93419730_10157643694372025_5505568265771941888_n.jpg
 
Последно уредено:
Добро оваа Мирослава што убаво си седеше во Америка, што се врати да поти овде со глупи прашања, дали се прави обдукција на сите трупови :facepalm: Рамче со второ одделение од Шутка знае дека по секоја смрт од непознати околности по службена должност следи обдукција.

Сега ми е јасно зошто новинариве кај нас (чест на исклучоци) служат само за спам и фејк њус пред избори.
Затоа што кај нас и нема новинари (чрст на исклучоци). Дури работев во ТВ немаш претстава што се не видов :popce:
 
Вулкан во главата ми еруптира кога ќе прочитам за тие чиповите и за контрола на општеството.
Најново вртат статуси дека сето ова во Македонија со полицискиот час е за да се пренесат емигрантите :ROFLMAO:значи дај та короната нека убрза малце не се можи поќе :D
 
Се сеќавате кога воведоа чипувани лични карти? Потоа им се закануваа на родителите со затвор ако не ги вакцинираат децата. Авионите цело време испуштаа хемикалии оние како ги викаат кемтрејлс. Па сега кога не летаат мора да побрзаат со антени за 5Г. Се е тоа дел од планот на милијардерите Ротшилд, Сорош и другите. Сите ќе не контролираат, СИТЕ!

Sent from my Redmi
 
Многу јасно дека ако се влоши ситуација дека ќе го хоспитализираат. У цел свет е така, дури и у таа Германија шо ја величат сите.
А иронија или не, коронава прави компликации на веќе постоечки болести.
И немаше да има потреба од олку полициски час ако народот беше послушен.
Одговорот го доби веднаш после твојот пост.
Леле леле што се случува надвор, каква нова година какви пичке материни, во 9 сабајле повеќе гужва има него било кога, пред железарии ред се чека, маркети, аптеки не може да се стигне на ред, евентуално некој поскап, помал дуќан за пазарење. Котраефект предизвика викенд полицискиот час, тридупло се зголемија гужвите.
Ти ќе излезеш до аптека (или железарија, сеедно) во 12 часот, јас ќе излезам во 18 часот. Ама заради полицискиот час и јас сум принуден да излезам во 12. Наместо да се развлечат гужвите, со полицискиот час се зголемуваат. Ги затворија пазарите по градовите, луѓето се принудени да се туркаат по маркетите. Никој не размислува како им е на старите луѓе (67+ години) од селата. Како за два часа да стасаат до аптека во градот?

Ова ти е посебен бисер.
Многу јасно дека ако се влоши ситуација дека ќе го хоспитализираат.
Ќе го хоспитализираат кога ќе му се влоши ситуацијата. И ќе се обидат да го реанимираат. Ако успеат. Луѓе кои требаше да направат ехо на срце, вратени се. Луѓе кои требаше да направат редовен шестмесечен контролен преглед на срце, вратени се. Матичниот ќе продолжи да им издава рецепти, но зарем не треба да се смени терапијата?

Да не должам...
 
Јас сум за модел кој државата ќе подели некои формулари кои сами ќе си ги потполнуваме согласно потребите кога ни треба да излеземе. Да речеме 2-3ч во денот кога сакаш или имаш потреба да ги користиш. Ако си шкртал автоматски казна согласно законот. Тоа ти е најчиста работа според мене.
за ова ќе треба прво 5Г :cool: , па јаки камери да сликаат на јавни површини и внатре во продавници...
а ние ги суспендиравме и камерите што на Семафор снимаа ако некој на црвено влегол, демек биле неуставни се нарушувала приватноста на тој што влегол во семафор на црвено, исто имаа правни проблеми и со сигурносни камери, не смееле да ги снимат крадците вон продавница...

Има друго решение за Големите Маркети, посебни каси за бремени жени, мајки со деца и лица ограничени според терминот, а другите нека чекаат повеќе на друга каса....
 
Вулкан во главата ми еруптира кога ќе прочитам за тие чиповите и за контрола на општеството.
Најново вртат статуси дека сето ова во Македонија со полицискиот час е за да се пренесат емигрантите :ROFLMAO:значи дај та короната нека убрза малце не се можи поќе :D

Или дека полицискиот час е воведен за да можат на раат да ги монтираат 5г антените.

Нешто како не ќе можеле да ги монтираат без полициски час, а еден куп лудости поминаа во оваа држава ни со прст никој не мрднал.
 
Гледам дека сега во Скопје адекватно ги лечат. Кога човекот е пред смрт го примаат на лекување. Плус сите закажани термини за други здравствени проблеми се откажани. Луѓе ќе умираат од други болести, а иронијата да биде поголема, постмортем ќе ги прогласуваат за заразени (починати) од Covid-19.
Тоа е користа од карантинот. Ништо друго.

Мислам дека кај нас клучот за толку умрени посебно млади е што не се навреме згрижени во здравствена установа.

Оти како и што се очекуваше во САД умираат од Корона овие што се дебели. Сите што имаат body weight index над 30kg, се во опасност и треба навреме да се згрижат во болница.

Затоа и умираат бајги црнци и латино.
 
Одговорот го доби веднаш после твојот пост.

Ти ќе излезеш до аптека (или железарија, сеедно) во 12 часот, јас ќе излезам во 18 часот. Ама заради полицискиот час и јас сум принуден да излезам во 12. Наместо да се развлечат гужвите, со полицискиот час се зголемуваат. Ги затворија пазарите по градовите, луѓето се принудени да се туркаат по маркетите. Никој не размислува како им е на старите луѓе (67+ години) од селата. Како за два часа да стасаат до аптека во градот?

Ова ти е посебен бисер.

Ќе го хоспитализираат кога ќе му се влоши ситуацијата. И ќе се обидат да го реанимираат. Ако успеат. Луѓе кои требаше да направат ехо на срце, вратени се. Луѓе кои требаше да направат редовен шестмесечен контролен преглед на срце, вратени се. Матичниот ќе продолжи да им издава рецепти, но зарем не треба да се смени терапијата?

Да не должам...
Не знам каква е ситуацијата со контролите искрено да ти кажам. Ама дека немаме капацитет за поголема бројка на пациенти истовремено да се хоспитализираат, немаме. Да направиме ко шо направија у Шведска па да се доведеме у ситуација лекарите да бираат кој ќе преживи, на клада ќе ги распневме, зашо тоа ќе бидат нечии дедовци, татковци кои немало да бидат соодветно третирани иако цел живот плаќале придонеси.
Ако си читал претходно ја бев против вакви рестриктивни мерки, зашо ќе удри по економијата прво, каква и да е. Ама со наши луѓе се нема разбирање, затоа не цел викенд, цела недела би направил полициски час. Па сите имаат некој у село, ќе се вратат година-две да покопаат некоја нива за да имаат да преживеат па ќе им дојде памет ваљда после.
За старите по селата, ретки се тие кои немаат никој за да ги посети и основни намирници да им однесе. За лекарства мислам дека има мобилни аптеки кои им носат лекарства на луѓе од поодалечени места (бар сум видел како носат у Јеловјане, Старо село у тетовско).
 
Не тоа дека не ми е логично да изгубиш трилиони за да уништил дел од население ми е несфатливо. Кое и по природна селекција е при крај.

До кај стаса неолибералниов капитализам, дури и во 1918 година во САД имало повеќе карантин од сега, за време на шпанскиот грип.

Сега ќе се изгубеле трилиони долари, сето нули во некој компјутер, но тоа стана нормално кога единствен квантитативен показател на среќа е станат БДП на една земја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom