Serie A 2019/2020

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Уште еден од многуте примери како некој wannabe новинар шири лажни вести, цела статија базирана врз лаги и невистини. Пропалица некоја ја открила вистината за Серија А и калчополи :pos: :pos: :pos: а италијанциве мака мачат више од декада, брееејјјјјј
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Уште еден од многуте примери како некој wannabe новинар шири лажни вести, цела статија базирана врз лаги и невистини. Пропалица некоја ја открила вистината за Серија А и калчополи :pos: :pos: :pos: а италијанциве мака мачат више од декада, брееејјјјјј
Далеку е Мишевски од wannabe новинар, баш напротив. Коментатор е на серија А уште од 90тите, новинар и одличен познавач на италијанскиот фудбал. И да, ко шо рече Io, отворено навива за Јувентус, шо не значи дека колумната не му е објективна, баш ако прочита вели дека сите три екипи се виновни и требаше да бидат казнети, а не дека само г*****a на интер не смрдат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.829
Далеку е Мишевски од wannabe новинар, баш напротив. Коментатор е на серија А уште од 90тите, новинар и одличен познавач на италијанскиот фудбал. И да, ко шо рече Io, отворено навива за Јувентус, шо не значи дека колумната не му е објективна, баш ако прочита вели дека сите три екипи се виновни и требаше да бидат казнети, а не дека само г*****a на интер не смрдат.
Искрено да ти кажам, да навивам за Јувентус, нарочито толку време како што викаш дека навива овој и да напишам колумна ПРОТИВ Калчополи па јас би се убил инстантно. Абе милион одбиени жалби има Јувентус како клуб, докажано со 453535354543 докази дека се виновни и вакви колумни вадат? Нека земе овој нека се фрли од најблискиот мост додека е време, нека не се брука вака јавно.
Автоматски споено мислење:

го знам од дете :)
Веројатно најцрниот момент у твојот живот.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.496
Поени од реакции
80.563
Веројатно најцрниот момент у твојот живот
Впрочем, еве ги ТОП 10 најцрни моменти во животот на Ио. Малце ретро додека нема фудбал... :kafence:

Се мислев прееска колку години од животов ми имаат скратено овие гојда, и решив да си направам своја топ листа на маки и страдања претрпени во последиве две децении.

Одиме со човекот кој е виновен за се:

10. Дарко Панчев


Од него започна се. Уште бев мал за да се разбирам од фудбал како што се разбира Бене сега, ама некаде во потсвест Интер ми беше омилен Италијански клуб пошто на радио кажаа дека освоиле Скудето со Германците за кои пак знаев повеќе пошто гледав Светско со Калински. Како и да е, Даре го згреши патот а со него и многу напатени чеда како мене. На ТВ имаше само спортски преглед на кој редовно дремев да слушнам информација која обично гласеше: нашиот Дарко Панчев повторно не беше во стартите 11. Ебено го мразев Бергкамп. И сериозно, колку можеш да се наиграш ако стартуваш 4-5 пати во цела сезона. Т'ибам клубот ретардиран.


9. Гасперини


Ебено им кажа човекот:
- Ќе играм 3-5-2
Ако, играј што сакаш.
- Не знам ништо друго освен 3-5-2.
Ако бе што се секираш.
- Ама Интер никогаш не играл 3-5-2...
Да ама играл 10-0-0, не се замарај ти со тоа коуч...
- Има уште една работа...
Кажи?
- Немам место за Снајдер во екипата.
Е ако де, па не мора Снајдер секој ден да игра...

И така би Гасперини, се покака и си замина. И мислите дека после тоа си живееја среќно до крајот на животот, но за жал листава е прекратка за сите промашувања.


8. Пирло и останатите катастрофи во 2001.


По рушењето на кулите близначки, трансферите на Интер во 2001 се втората најголема катастрофа во светот таа година. Не можам да ви опишам со каков ентузијазам го следевме Пирло во репрезентација и во примавера, се зборуваше за него цело време. И ондак, Пирло го продадовме на Милан, но од Милан го зедовме Дражен Брнчиќ. Дражен кој???

Точно така! Дражен Брнчиќ, наводно фудбалер, кој за Милан одигра 1 (со букви, еден) натпревар а за Интер подоцна 0 (со букви, 0 натпревари).

Да не биде дека не сме добиле ништо, го земавме и ЏулиФакинАлминПјетро.

Fuck yeah! :vozbud:

Листава се разбира е прекратка за сите доживени фрустрации од овој тип како Р.Карлос, Сидорф, Калон, Грешко, Переира, Џонатан...


7. Валенсија


Збеснав по поразов. Фрустрации до небо, а копилињава беа една од повалканите екипи во тоа време. Игравме неколку пати со нив и секогаш имаше некое срање. Подоцна маката ми се ублажи кога слушав дека Толдоне метел со нив во соблекувална. Форца Толдоне!!!


6. Рафа ебениот угостителски работник


Мислам што да ви кажам рагаци... Јас ваква деструктивна сила во живот немам видено. Кое задоволство беше да го слушаш како изјавува дека сме покажале карактер во утакмица која сме ја изгубиле 3-1...


5. Хелсинборг.




4. Maj 2002


Искрено, не последниот натпревар со Лацио. Иако надежта умира последна и го чекавме денот нестрпливо, Интер го имаше скудетото во раце и го испушти дома со Аталанта и Бреша колку што памтам. Да се гледаат тие два натпревари беше неопислива агонија. После тоа потсвесно знаев дека не можат да се справат со притисокот и се надевав само на пријателските односи со Лацио кога овие не дозакопаа. Страшно.


3. Комшиките


Комшиките во тоа време беа метросексуален клуб и генерално подобри од нас. Сепак ова беше изедначено но Интер немоќен да им зададе завршен удар. Фрустрациите на навивачите излегоа на површина. Се осеќав многу празно со недели после ова.


2.Дебелиот

Маме му ебам негово, никогаш нема да се роди ваква ѕверотиња пак. Беше привилегија и радост, но на кој може да го задеси ваква непогода ако не на Интер. Сликава и врежана во мозокот како вечен врисок, ме боли секогаш кога ќе ја видам.


1. Џубрињата.


Ни украдоа 4 скудета ама ова болеше најмогу. Натпревар кој требаше да одлучи а во кој педантно ги газевме, правевме шанси, гаѓавме стативи... па мораа да ги изменат правилата и да воведат бодичек во фудбалот. Тие сметката ја платија ама сепак остана горчината на сите оние пиздарии што ги трпевме со години од нив.





Ако се прашувате зошто актуелната состојба не е на топ листава, тоа е затоа што и покрај сите овие катастрофи, сегашната состојба е вон секаква конкуренција, а IO нема намера повеќе да се замара. Ако ги биде во ред. Ако не, преку Тасета.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
^ А во моментот на пишување на постот, Интер е некаде на 4 или 5 место

На крај на сезоната завршија деветти
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Веројатно најцрниот момент у твојот живот.
Јок. Добар дечко е. Во негова одбрана, навива за Јувентус од почетокот на 90-те, а во тоа време појма немавме што е како е. Не можам генерално да замерам на никој што почнал да навива пред 98-ма, или барем пред калчополи.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Далеку е Мишевски од wannabe новинар, баш напротив. Коментатор е на серија А уште од 90тите, новинар и одличен познавач на италијанскиот фудбал. И да, ко шо рече Io, отворено навива за Јувентус, шо не значи дека колумната не му е објективна, баш ако прочита вели дека сите три екипи се виновни и требаше да бидат казнети, а не дека само г*****a на интер не смрдат.
Со вакви статии општо е далеку од новинар, а не па од ванаби новинар, тие што се користат со методот на спинување, типична субјективност која врска нема со реалноста, и класично фејк информирање за 5г генерации може да се нарекуваат новинари само у вукојебини ко нашава и нигде на друго место.
Изолиран тип у битола од ТВ ТЕРА ја открил вистината што италијанците не ја увиделе 15 години. И овие се една од причините зашто се раѓаат секој ден нови дебили што веруваат у секоја теорија на заговор, зашто гранде зоран мишевски или некој налик на него така напишал на квази сајт.

1. Ова што он го пишува беше актуелно далечната 2009 година кога се вршеа истите атаци врз интер со истите информации што овој се обидува да ги протне ко вистинити, тогаш делото не беше застарено и интер можеа по кратка постапка да го јадат ( дел од статијата му се заснова дека делото било застарено, лага, една од многуте ).

2. Напишал, јуве биле обвинети дека контактирале со делегатот за делегирање судии, толку .... нешто што сите го правеле. Да, точно е дека сите го правеле, зашто било дозволено да се контактира со него, но за разлика од останатите, за јуве има црврсти и непобитни докази дека покрај тоа што делегирале кој да им суди со име и презиме, што било забрането тогаш, истите судии средувале да судат во корист на јувентус и на штета на противникот, нешто што фраеров у статијава замисли, го изигнорирал, а збори за калчополи и глуми објективност. Плус, тие кои не биле послушници, го јаделе со разни притисоци, казни и девалвирања.

3. Ко и тогаш, истиот обид за спин кој он у оваа статија го продава ексклузивно, се делеле поклони од страна на претседатели за луѓе од федерација, судии мудии делегати и исто, што било забрането со закон во Италија. Ова е класичен спин и невистина која од старт му ја поништува целата статија во пакет со другата лага дека НЕ БИЛО ДОЗВОЛЕНО КОНТАКТИРАЊЕ СО ДЕЛЕГАТОТ ЗА СУДИИ, прав новинар кој објективно информира, многу лесно ќе дојдеше до тоа какви биле законите до калчополи и кои промени биле направени по тој скандал.
Истото моџи со неговата одбрана се обиде да го протне овој муабет 2009 што секако се испостави како фејл и пропуст во судските процеси што му следеа, му се изнасмеа цела италија на таквата одбрана зашто до 2006 давањето поклони до луѓе од федерацијата не само што било дозволено туку било и традиција у фудбалска италија, најмногу се истакнуваше сенси со ролексите што е спомнато у самата статија од типов.

4. Моментот и Интер истото го правеле, контактирале со луѓе од федерација, тоа е точно, пракса на секој тим тој период било истото и тоа до 2006, ко и поклоните, е дозволено, и факети редовно тоа го правел притоа советувајќи на дерби утакмици да судат судии со знак на фифа, толку, обелоденето јавно во 2009 и 2010 каде излегоа сите транскрипти од факети, кога делото калчополи не беше застарено ( зашо интер таа година не беше суден ? ). А скоро цела статија му се заснова на ова ...

Моџи и неговата одбрана тој период најавуваа спектакуларен доказ со кој ќе се докажело дека и Интер штељале кој да им суди против јуве нарекувајќи го тој разговор мајка на сите разговори, круцијален доказ против интер и факети. Ко и со поклоните, и ова се испостави ко уште една грешка во чекори, пред да го пушти разговорот јавно, истиот го повлекуваат а истовремено скај италија го ликнува у јавност за да го чујат сите. Зашто одбраната на моџи у последен момент се повлече од нивниот најбитен доказ ? Причината беше едноставна, тврдека дека факети делегирал кој да му суди односно направил нешто што тогаш било забрането, местел конкретен судија со име и презиме да суди за интер, Колина. Доколку ова беше точно, да, интер прекршиле една од тогашните регулативи и постоеше веројатност да го јадат, ама што се деси ... причината зашто моџи го повлекува најавуваниот најбитен доказ е следна, не факети, туку делефатот е тој што го спомнал ко пример името на Колина што значеше под дифолт дека факети и интер не прекршиле ниту едно постоечко правило за ТОЈ период во Италија. Не треба да погодуваш, нормално, моџи го губи и тој спор.

5. Моментот дека интер биле заштитени со статус на лимитации и застарено дело, затоа не биле осудени. хахаха, ова да беше вистина, сигурно немаше да ни ја открие некој од битола од тв тера, 2009 типот требал да знае дека делото не било застарено, ако интер праеле било каков криминал, ќе беа осудени, просто ко грав, зашто он ова што го збори е муабет кој датира 3 години после калчополи, не 15, ама ова само вистински новинар ќе го увидеше, не некој кој за информирање користи фејк њуз за да замајува прости маси за повеќе лајкови.

Еве ти ја цела листа на пресуди во врска со калчополи, каде се инволвирани јувентус и моџи, вклучувајќи им ги сите жалби и обиди да се исперат од криминалот кој го направија, систематско местење на натпревари зад кои има цврсти и непобитни докази. Ова се пресуди од судови, не од фудбалки федерации, врз кои контрола нема ни камора а не па интер или морати. Имаш пресуда и објаснување од 150 страници зашто јувентус и моџи се виновни на тема местење натпревари и спортски измами од кои Јувентус како клуб профитирал, не една ебана страна, цели 150 страни од криминали на јуве и моџи.

Овој квази новинар, гранде зоран мишевски, нека оди од точка до точка на секоја пресуда и нека ја демантира истата слободно, или страна по страна од тие 150 каде се објаснува криминалот на јувентус и у меѓувреме нека најде една точка, не 2 или повеќе, каде и интер го правеле истото, имале корист од тоа ама не биле осудени. јебало те и гол.мк и гранде зоран мишевски.

66759476_1376947735786478_6855577568960053248_o.jpg
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Јуве е ЕДИНСТВЕНИОТ „голем'' клуб којшто бил деградиран во лига подоле со одземена ТИТУЛА ради КРИМИНАЛ. Најтежок криминал - МЕСТЕЊЕ УТАКМИЦИ.
Интер правел криминал ? Затоа Интер беше шампион цело време, затоа на Интер му помагаа судии секој натпревар ? Што оффсајди, што пенали досудени/недосудени, што пресврти 2-1/1-2... Па не беше Толдо или Жулио Цезар обвинет за местење утакмици, Буфон беше директно обвинет. Немојте да мислите дека од „Љубов кон Јуве“ буфон бранеше во сериа Б. Толку му бил чист гзот. Цел свет го бара а он нее, ја у јуве ќе си останам, за после да отиде во ПСЖ, сакал ЛШ да освои со нив... Не викам дека Интер, Милан, Лацио, Рома не правеле некој далавери и дека се комплет чисти, ама дајте бе мме немојте да го правдате Јуве. Црно на бело искочија нивните афери. Да имало таков тип криминал кај Интер и Интер ќе го јадел исто ко јуве. Не моеш ти така лесно да се спасиш кога цела лига ти е под лупа. И уште сега фанови на Јуве викаат не би било фер плеј со најдобрите 4 екипи од Сериа А, демек ливерпул исто немало да се сложи на плеј оф, немало да биде фер. Па Ливерпул има најдобра полу сезона у свет. Сити, Челзи и Лестер и да продолжеше сезоната имаше само прашината да ја гледаат а не титула. Дур во Инталија и Лацио а и Интер имаа реални шанси. Со тоа што Јуве и Лига Шампиони си тера - потежок распоред а интер и лацио комплет ќе беа фокусирани на лигата. Не викам дека Интер ќе освоел, ама Лацио реално имаше ОГРОМНИ шанси. Нај фер систем за лиги каде што нема ОГРОМНА разлика во бодови т.е каде што првиот не бега со МНОГУ бодови на второпласираниот (како во ПЛ) е плеј офф, по 1 натпревар и плеј аут - по 1 натпревар. И шампион да има, и нови тимови да има. Тоа е нормално ако до јуни/јули се среди ситуацијата со коронава. А тоа што играчите не тренирале 1,2,3 месеци, па никој не тренирал тие месеци, сите ќе бидат слично спремни за тешки натпревари, а и да не ги жалиме многу, сите од нив имаат теретани по ВИЛИТЕ. Дај боже да помине чудово што побрзо и да се врати се у нормала. И ФУДБАЛСКИ, преку игра да се заврши се, не само во калчо, туку и во Ла лига. ПЛ е више решена работа, решена беше и пред поразот на ливерпул од ватфорд. Треба титула да си земат заслужено, сериа а и Ла лига мора некој баланс да има со плеј офф...
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.302
Поени од реакции
7.434
Се вратив после 1-месечниот заслужен бан, еве во иднина ветувам дека ќе намалам со токсичноста.

Мое мислење за натпреварот Јувентус - Интер дека видов некој пишал е нормално како и на секој Интерист дека Јувентус ни ја дупна глата заслужено што би рекол Трибијани.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.829
Околу Калчополи и таа ера таму од крајот на 90-тите и до негде 2005 година, па треба да си крајно ретардирана особа да мислиш дека Јувентус биле чисти и дека све било регуларно. Еве не ти требаат разговорите кои излегоа во јавност, не ти треба ништо друго, имаш само ТВ и гледаш што се случува, а притоа не си фан на ниеден тим од Серија А. Нема шанси ако си при здрав разум да речеш дека се е ок. Од тоа што се сеќавам знам дека сум се нервирал заедно со татко ми, уствари тоа местачи ми е од него, а впрочем он не е фан на Интер, него на Реал Мадрид, па сеа вие видете што мисли општо рајата за Јувентус како тим. Мада ок тогаш дете сум бил и не сум земал толку при срце како сега. Да е сега тој период без коса ќе останев сигурно, ќе вриев начисто. :D Не дека сега не вријам, ама тогаш беше неподносливо, онака континуирано крадење, правење мајмуни на цела лига и свет. Не за џабе доста врвни играчи кои имаат играно тој период у Серија А имаат еден тон изјави за Јувентус и Моџи, а меѓу нив е и Фиго кој има една изјава у стилот што бараме ние во лига кога Моџи на полувреме влегува и излегува од кај судиите. :)

Ви објаснил Урко убаво погоре, детално и прегледно, така да друг пат пред да постирате статија од некој шлајм од новинар размислете убаво. Па уште и гол.мк ја разоткрива вистината за Калчополи :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom