Фан Клуб: Интер

Дај ќе праиме тогаш една утакмица од фан клубов, ти ќе браниш а Деко ќе биде сидраш, нема да го помине никој у одбрана. :icon_lol:
 
Се мислев прееска колку години од животов ми имаат скратено овие гојда, и решив да си направам своја топ листа на маки и страдања претрпени во последиве две децении.

Одиме со човекот кој е виновен за се:

10. Дарко Панчев
39143328_darko144-1.jpg

Од него започна се. Уште бев мал за да се разбирам од фудбал како што се разбира Бене сега, ама некаде во потсвест Интер ми беше омилен Италијански клуб пошто на радио кажаа дека освоиле Скудето со Германците за кои пак знаев повеќе пошто гледав Светско со Калински. Како и да е, Даре го згреши патот а со него и многу напатени чеда како мене. На ТВ имаше само спортски преглед на кој редовно дремев да слушнам информација која обично гласеше: нашиот Дарко Панчев повторно не беше во стартите 11. Ебено го мразев Бергкамп. И сериозно, колку можеш да се наиграш ако стартуваш 4-5 пати во цела сезона. Т'ибам клубот ретардиран.

9. Гасперини
Inter-coach-Giampiero-Gas-007.jpg

Ебено им кажа човекот:
- Ќе играм 3-5-2
Ако, играј што сакаш.
- Не знам ништо друго освен 3-5-2.
Ако бе што се секираш.
- Ама Интер никогаш не играл 3-5-2...
Да ама играл 10-0-0, не се замарај ти со тоа коуч...
- Има уште една работа...
Кажи?
- Немам место за Снајдер во екипата.
Е ако де, па не мора Снајдер секој ден да игра...

И така би Гасперини, се покака и си замина. И мислите дека после тоа си живееја среќно до крајот на животот, но за жал листава е прекратка за сите промашувања.

8. Пирло и останатите катастрофи во 2001.
images

По рушењето на кулите близначки, трансферите на Интер во 2001 се втората најголема катастрофа во светот таа година. Не можам да ви опишам со каков ентузијазам го следевме Пирло во репрезентација и во примавера, се зборуваше за него цело време. И ондак, Пирло го продадовме на Милан, но од Милан го зедовме Дражен Брнчиќ. Дражен кој???

Точно така! Дражен Брнчиќ, наводно фудбалер, кој за Милан одигра 1 (со букви, еден) натпревар а за Интер подоцна 0 (со букви, 0 натпревари).

Да не биде дека не сме добиле ништо, го земавме и ЏулиФакинАлминПјетро.

Fuck yeah! :vozbud:

Листава се разбира е прекратка за сите доживени фрустрации од овој тип како Р.Карлос, Сидорф, Калон, Грешко, Переира, Џонатан...

7. Валенсија
images

Збеснав по поразов. Фрустрации до небо, а копилињава беа една од повалканите екипи во тоа време. Игравме неколку пати со нив и секогаш имаше некое срање. Подоцна маката ми се ублажи кога слушав дека Толдоне метел со нив во соблекувална. Форца Толдоне!!!

6. Рафа ебениот угостителски работник
Rafael-Benitez-Inter_2465912.jpg

Мислам што да ви кажам рагаци... Јас ваква деструктивна сила во живот немам видено. Кое задоволство беше да го слушаш како изјавува дека сме покажале карактер во утакмица која сме ја изгубиле 3-1...

5. Хелсинборг.
images

4. Maj 2002
images

Искрено, не последниот натпревар со Лацио. Иако надежта умира последна и го чекавме денот нестрпливо, Интер го имаше скудетото во раце и го испушти дома со Аталанта и Бреша колку што памтам. Да се гледаат тие два натпревари беше неопислива агонија. После тоа потсвесно знаев дека не можат да се справат со притисокот и се надевав само на пријателските односи со Лацио кога овие не дозакопаа. Страшно.

3. Комшиките
images

Комшиките во тоа време беа метросексуален клуб и генерално подобри од нас. Сепак ова беше изедначено но Интер немоќен да им зададе завршен удар. Фрустрациите на навивачите излегоа на површина. Се осеќав многу празно со недели после ова.

2.Дебелиот
images

Маме му ебам негово, никогаш нема да се роди ваква ѕверотиња пак. Беше привилегија и радост, но на кој може да го задеси ваква непогода ако не на Интер. Сликава и врежана во мозокот како вечен врисок, ме боли секогаш кога ќе ја видам.

1. Џубрињата.
images

Ни украдоа 4 скудета ама ова болеше најмогу. Натпревар кој требаше да одлучи а во кој педантно ги газевме, правевме шанси, гаѓавме стативи... па мораа да ги изменат правилата и да воведат бодичек во фудбалот. Тие сметката ја платија ама сепак остана горчината на сите оние пиздарии што ги трпевме со години од нив.

Ако се прашувате зошто актуелната состојба не е на топ листава, тоа е затоа што и покрај сите овие катастрофи, сегашната состојба е вон секаква конкуренција, а IO нема намера повеќе да се замара. Ако ги биде во ред. Ако не, преку Тасета.
 
Хаха, закон пост. :cuc:

Сеа со ова времепловов ми врати и на мене некои спомени. Посебно за Роналдо и за 2002 година :place:. Damn you.

Еве од мене еден спомен, што мислам дека на најдобар начин ја симболизира работата на управата на Интер во изминатите 3 години.

Ао Io,тастатура да ти се позлати...ама и прсти да ти се шинат,кој те тераше да не потсеќаш на сите гомна што ни се имаат десено од порано...

Роналдо дебелиот :place:
 
Ебено си во право , БРАВО за се што си кажал ;)
 
Би ги додал во листата на ИоСоно и поразите од Милан 0-6 и од Парма во купот исто 6-0, од пред 12-13 години се овие, и од Милан пред 7-8 години од 0-2 пресврт 3-2, токму Сидорф не докусури :) Али тој од 6-0 беше крвав....
 
Ао Io,тастатура да ти се позлати...ама и прсти да ти се шинат,кој те тераше да не потсеќаш на сите гомна што ни се имаат десено од порано...
Не се сите, има и за продолженија :)

Би ги додал во листата на ИоСоно и поразите од Милан 0-6 и од Парма во купот исто 6-0, од пред 12-13 години се овие, и од Милан пред 7-8 години од 0-2 пресврт 3-2, токму Сидорф не докусури :) Али тој од 6-0 беше крвав....
Добро, листата е лично искуство, некој си има подруги маки... А и топ 50 да правиш пак нешто нема да влезе, тоа е Интер..
 
*The chance of seeing Paulinho at Inter in this transfer period is less than 5%. An International transfer where more parties own the player and a club still to be convinced is something that takes more time than what is left this transfer period.

Io Sono Interista видиш дека не иде ;)

Колку само врска немаат...
 
Абе што се замарате, гледате дека незнаат кај тераат.
Ќе го продадат Кутињо, а овој нема да им дојде и како замена ќе го земат Скелото и толку од преодниов рок.
Па ќе ги гледаме како се мачат цела полусезона.:tapp:
 
Колку се имам изнервирано за Валенсија во 2007..од тогаш ми станаа најомразен и најодвратен клуб мамицата нивна..дај боже да испаднат...крв исплукаа во нивниот шеснаесетник во помочаната местаља само да се одрбанат за подоцна лесно да испаднат од Челзи ѓубриња гнасни бе..младоста си ја имам остаено со Интер но на тој двобој против Валенсија никогаш нема да му простам..па Силва и Виља се прославија на меаца тогаш кога и двата постигнаа еврогола а Креспо промашваше зицери:facepalm:
 
Паулињо сега не може ама Кутињо да се продаде одма може.
Морати може има огромна љубов према Интер но е најнеукиот прецедател во светот имаше среќа што го ангажира Мурињо па од неговото заминување илјада и петсто промашувања направи милиони фрли за промашени тренери растури златен тим.

2010 најдобро ќе беше да си замине и нов газда да дојде.

Вака сега уништува се демек Паулињо ќе го земал иста прикаска ќе е како и со Санчез и Лукас.
А Паулињо не ми се верува да доаѓа во третокласен тим па Коринтијанс е институција за овој мизерен Интер најбогат тим во Бразил со огромни перспективи веќе има поголеми приходи од Интер подобро во Саутемтон нека оди.

На крај знаете ли каква ќе е замената за Снајдер и Кутињо ``low cost`` некој ветеран од Лацио Б по можност резерва .

Морати кога веќе не може да купува ѕвезди за моменталната класа на Интер најдобро ќе е да ангажира прецедател како Зампарини тој знае со третокласен буџет и фудбалери како се работи овие Бранка и Морати се марсовци во ситуацијава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom