1. Без размислување, Breaking Bad, една од најдобрите серии на сите времиња, но убаво рече Ио, со фан база која дефинитивно прави да не ја сакам ко што ја сакав и да мислам дека не ми се допаднала толку многу колку што навистина ми се допадна. Deep Space Nine, искрено, не се сеќавам дали сум ја гледал, се ми е измешано со Star Trek универзумот. А и не сум некој така голем фан, па и било која друга Star Trek серија да беше, гласот ќе одеше за BB.
2. Е ова е тешко. Две серии со исклучително добри први сезони, кои оплескаа понатаму. Сега очекувам со третава сезона Westworld да се вратат на прав пат. На Handmaid's Tale мислам дека и нема спас. Таа требаше да заврши со првата сезона, онака како што заврши и романот на Атвуд. Не можам да се извадам и на оригиналноста на концептот, ни на едната, ни на другата серија, зашто и двете се снимени според адаптирани сценарија, едната врз база на роман, другата врз база на филм. Но сепак премисите беа исклучително добри. Глумата е извонредна и во двете, сетовите исто. Јас многу сакам пост-апокалиптични нешта, па на тој начин би требало The Handmaid's Tale повеќе да ме привлекува тука, но сепак за нијанса победува Westworld кај мене, и мојот глас оди за Westworld.