(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

Статус
Затворена за нови мислења.

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
The Crown и Sherlock, лесен избор. Затоа што актерската екипа од првата и продукцијата/костимографијата се фантастични, а втората затоа што Бенедикт Камбербач е одлично отелотворение на Шерлок и Моријарти е многу јак негативец.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Prison Break - затоа што е една од првите серии што ги имам гледано по цели денови и што по завршување на серијата го имав оној осеќај "што да правам со мојот живот сега".
Sherlock - ја немам гледано Doctor Who.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.103
Поени од реакции
5.759
Prison Break - првите 2 сезони се ремек дело. Штета што после тоа доста ја усраа.
Вториве не ми се гледани, но Sherlock ми е во план да ја гледам кога-тогаш, така што ќе гласам за неа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.612
Јасно е тука кој ќе победи, по коментарите, ама јас ќе одам контра сите, во двата дуела: The Crown, зашто серијата е една од најдобрите серии кои сум ги гледал во животот. Имаше една епизода, од последнава, третава сезона, мислам дека беше и трета епизода од сезоната, што ме остави подзинат, со вперен поглед во веќе црниот екран, со кнедла во грлото и камен на градите. Ретко што успева така да ме погоди. Речиси и невозможно е. Знам дека ве одвраќа фактот што е серија за кралицата Елизабета и што во голем дел е историски точна, ама дајте и шанса. Ќе видите дека сте имале погрешна перцепција. А да не го спомнувам фактот дека ова е НАЈСКАПАТА СЕРИЈА ВО ИСТОРИЈАТА. @Ilumious , помагај, please!

Вториот дуел: Doctor Who - дуел на две, за мене, загледани и недогледани серии. И двете се одлични! Британските серии секогаш ми се слабост. Гласот за Doctor Who е заради run-от: не може серија да биде лоша ако и после 100 сезони и 500 епизоди се уште има fan base! И се уште држи квалитет. Просто, не мо-же! Само за тоа мојот глас оди за докторот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
The Crown и Doctor Who.
Автоматски споено мислење:

Јасно е тука кој ќе победи, по коментарите, ама јас ќе одам контра сите, во двата дуела: The Crown, зашто серијата е една од најдобрите серии кои сум ги гледал во животот. Имаше една епизода, од последнава, третава сезона, мислам дека беше и трета епизода од сезоната, што ме остави подзинат, со вперен поглед во веќе црниот екран, со кнедла во грлото и камен на градите. Ретко што успева така да ме погоди. Речиси и невозможно е. Знам дека ве одвраќа фактот што е серија за кралицата Елизабета и што во голем дел е историски точна, ама дајте и шанса. Ќе видите дека сте имале погрешна перцепција. А да не го спомнувам фактот дека ова е НАЈСКАПАТА СЕРИЈА ВО ИСТОРИЈАТА. @Ilumious , помагај, please!
Нејќам да испадне дека оправам криви дрини ама глупо е да се гласа а да не ти се гледани двете серии во дуелот. Мислам дај, нема човек што не ја почнал Crown а да ја откаже, за кастингот и костимографијата нема ни коментар. :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Јасно е тука кој ќе победи, по коментарите, ама јас ќе одам контра сите, во двата дуела: The Crown, зашто серијата е една од најдобрите серии кои сум ги гледал во животот. Имаше една епизода, од последнава, третава сезона, мислам дека беше и трета епизода од сезоната, што ме остави подзинат, со вперен поглед во веќе црниот екран, со кнедла во грлото и камен на градите. Ретко што успева така да ме погоди. Речиси и невозможно е. Знам дека ве одвраќа фактот што е серија за кралицата Елизабета и што во голем дел е историски точна, ама дајте и шанса. Ќе видите дека сте имале погрешна перцепција. А да не го спомнувам фактот дека ова е НАЈСКАПАТА СЕРИЈА ВО ИСТОРИЈАТА. @Ilumious , помагај, please!

Вториот дуел: Doctor Who - дуел на две, за мене, загледани и недогледани серии. И двете се одлични! Британските серии секогаш ми се слабост. Гласот за Doctor Who е заради run-от: не може серија да биде лоша ако и после 100 сезони и 500 епизоди се уште има fan base! И се уште држи квалитет. Просто, не мо-же! Само за тоа мојот глас оди за докторот.
Вакви постови не треба да се дозволени, ова е лобирање. Сега ради ова ќе се појави бран на гласови за другиве и само гледај да не ми тепаат шерлок и призн брејк, те срамно глаголнав.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
The Crown :ROFLMAO: Жими се не одам сите право јас терсене. Ама во последно почнав да гледам серии налик The Crown и вклучително и таа. Последната сезона имаше потреба од адаптација ради новата актерска екипа ама сепак серијата си држи некое одредено, сталожено ниво.

Тука со тешко срце избирам Sherlock. Doctor Who е серија со која пораснав и која последни сезони се форсирам да гледам ради некаква носталгија. Шерлок (со мали исклучоци) е предобро осмислена и изработена серија која се гледа во едно седење и ја предлагам на секој.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Ptison Break - vo pogled na triler elementi na prvite 2 sezoni retko koja dr serija moze da i parira
Doctor Who - Sherlok vo 10 god snimi 15 epizodi. dosta frustriracki... dodeka Doctor Who broi 850 zatoa odime malce kontra kvalitet :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Кај првиот дуел јас ќе апстинирам од гласање. Не сум гледал ништо од двете серии и нема смисла да гласам за било која.

Кај вториот - Doctor Who. Иако серијата е доста cheesy сепак со децении е култна серија со огромна фан база. Ја следев еден период кога ја даваа на нашиве телевизии, кога Докторот го глумеше Дејвид Тенант. Човекот беше феноменален. За мене ден денес е еден од најпотценетите актери. Откако тој заврши со серијата загубив интерес ама еве најмногу ради тој период мојот глас оди таму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom