Не знам како не разбирате што значи капацитет на здравствен систем. Се чудите Германија како вадела такви цифри. Во Германија специјалисти има и во села од 200 луѓе. На факинг западен Балкан (централна Африка) има еден специјалист на 10000 луѓе, откако сите отидоа у Германија. Болнички кревет за целосен третман на комплицирани случаи Германија може да обезбеди во проценти, едно 100 пати повеќе од нас. Шведска не верувам дека има исто здравство како нашево. Кога се праени таму набавки, праени се плански, разумно, свесно....овде се праат плански за кому да биде наместен тендерот. И не паламудете политички веќе, пошо удружено не инвестиравте у јавно здравство, туку кај жан и орце....да не зборам за други "приоритети".
Е, тоа ја праи разликата. Не Филипче, туку Светската здравствена организација ви го збори ова, нели гледате како координирано се воведуваат мерките во сите земји од опкружувањето....сите мој до мојега. Имаме цел век инвестирано во погрешни работи, а не во здравство, затоа сега седете си по дома.
Дури и "дијспората" шо се врати назад, се ликови шо работеле part-time работи, со делење соби таму и полурегулиран престој....болничкиот персонал што отиде во Германија нема никогаш да се врати овде. Германија нема да им дозволи да напуштат.
Си го мерите со некој што има Мерцедес од 2020та, а вие имате половен Голф 4ка од 99та увезен од бугарски плац со три пати враќана километража. Сите ви зборат да не тргате на пат што може да е долг колку до Месечината, а вие викате: "еј, па сите одат, зошто не и јас".