Тоа што денес Комерцијална уплатила 2 милиони евра авансно данок на добивка значи само едно дека буџетот е во проблеми!!!
Инаку што мајка КМБ има да ги уплаќа парите предвреме кога може да ги работи, за 2 милиона депозити плаќаат пасивна камата... макар што не знаат што да му прават на кешот...
Комерцијална банка ќе оствари онолку профит колку што Чифлиганец & Co. ќе се договорат . . .
Во ваква година може да е 5 но може и 35 милиони евра . . . . Зависи колку резервации ќе се одлучат да остават...
Иако е рано да се прогнозира мислам дека ќе бидат над 20 милиони во секој случај, иако све зависи од кризата и од изборите . . .
Прогнозирам пад на КМБ и ТНБ во следните 2 месеци, поготово ако кризата се завлечка . . .
Кина е при крај со корона кризата, но не и со економската криза... Она допрва ќе почне таму . . . Нема на кому да извезуваат... Европа све се замрзна, а уште не е пикот достигнат . . . Кинеските берзи воопшто не паднаа до 1. Март кога беше кризата со вирусот во Кина, но почнаа да паѓаат сега кога почна да тоне Западот . . .
Допрва почнува кризата во САД денес 4500 инфицирани, допрва следува паниката меѓу обичниот народ во САД, а тие се главните берзански играчи . . . . Германија, Шпанија, Швајцарија, Франција се веќе во каринтин и нема наскоро да излезат, ама САД сега ќе оди во карантин . . . .
Вирусот ќе помине за 2-3 месеци, но додека се нормализираат работите, да почнат порачки и нормално производство ќе помине уште некој месец . . . Оваа година е изгубена, посебно за индустријата. Но не е лошо да се фатат позиции за 2022 година . . .
Супер е што има различни мислења . . . Ете некој купува, некој продава, некој чека . . . Мандрак купил КМБ, Кире да пише кога ќе купи Алкалоид изгледа утре
... А јас веќе пишував за моите загуби . . .
@Blizzard ти ќе кажеш состојба или само експерт ќе изиграваш
... Очи нема да си копаме, суетите ќе си ги чуваме по дома, но проекциите е добро да се чујат . . . Уште подобро е да се чујат трансакциите...
Ова е убава шанса за убави пари, па затоа податоците и проекциите се добредојдени...Да пробаме форумов да го искористиме за добро!!! Малку боли кога е 5% црвено ама ќе се навикнеме
. . .