@Mandrac ти озбилен си ??? И Ти ли си од оние што знаеше дека КМБ ќе се продаде за 10.000 по акција?? и тебе ли ти шепнаа?
И покрај лошите прогнози што ги имаше во минатите недели уште сееш оптимизам ???
Абе како тргнала работава ако овој вирус магично не исчезне отидовме по ѓаволите . . . . не само како берза туку и како држава . .
Допрва кризата почнува . . . .
Почнаа фабрики да се затвораат, не работи ниедна кафана, кладилница, фризерница . . .
Се замрзнуваат ратите за кредити на твоите омилени банки . . . . Од каде им приходи и профит ???
Кронберг и Шуберт, најголемиот работодавач во Македонија затвора . . .
Ѕвездата на владата што блеска, Кочо Анѓушев оставил 110 вработени на улица . . .
Во еден момент останавме без работа и без плата,во петок дознавме дека фирмата се затвара и од понеделник сме невработени. Ни беше кажано да си бараме спас, раскажуваат за Алфа…
alfa.mk
Тетекс затвори производство . . .
Убаво паднаа цените на никелот, бакарот, оловото, цинкот на светски берзи . . . А ние баш таа индустрија ја имаме.
Наскоро и железарите ќе почнат да испраќаат технолошки вишок, а текстилците ќе немаат нарачки . . . .
На Запад е хаос, а допрва почнува рецесијата секаде . . . Нешто слично како во 2008/09 . . . .
Оваа проектирана најдобра економската година наскоро се претвора во кошмар . . . Буџетот ќе се крпи со ново рекордно задолжување далеку поголемо од планираното . . . Така да тешко градот ќе ја купи Топлификација, а незнам дали и Технометал дирекцијата ќе се реализира . . . . можеби со некој кредит од КМБ за КМБ, ама и тука има законски ограничувања.
Еве еден коментар од оваа несреќа левичарска кој нема ден поминато во производство да види како се заработува леб... Ќе крахирала државата ако и се помогне на индустријата, ако не им помогнат пак ќе крахираат и индустријата и државата, па ти сега види . . .
Само што ги видов барањата на коморите (Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија,…
lokalno.mk
Искрено очекувам дополнителен пад од 20+% иако берзанските ограничувањата и добрите дивиденди ќе го успорат падот...
За оние што се вклучија по 2011 година на берза нека ја погледнат кривата на Dow Jones 2007-2009 и нека си направат споредба... Мислам дека слично ќе биде. Вирусов е само старт на светската рецесија и економските проблеми. А каматните стапки се на минимум и со нив неможе да се игра . . . Мислам дека е рано за докупување иако јас во странство ја направив истата грешка. Купував кога не беше време . . .
Тие што изгубија пари нека спремаат нов износ на кеш и нека чекаат влез на ниски цени....
п.с.
Грими остави ги фондовите на мира гледаш дека имаат формула за пљачкање на народ

. Не им го ремети мирот. Таму директорите се вечни иако немаат никаков резултат со години . . . Ама вршат работа во вакви ситуации..
А сега ќе се појават оние професори експерти од економски факултет да делат памет откако длабоко влеговме во говна, а претходниве месеци само оптимизам сееја, а и Тито Беличанец на фацебук некој ум ќе сподели . . . после свадба тапани




...