Бог да го прости Max. Нема да претерам ако кажам дека ми беше од поомилените глумци. Еден од оние не премногу експонирани, но со несомнен талент, без глупости и испади. Не беше Егзорцист првиот филм што го имам гледано со него. Првпат го гледав како Минг во Флеш Гордон. А потоа и многу други одлични филмови, да не ги набројувам. Не памтам улога каде што потфрлил, независно од квалитетот на филмот, серијата, играта...
90 години се убава старост за заминување, но кога си одат вакви луѓе, независно од староста, останува впечатокот дека починале прерано.