ДУИ бара коцкарниците 3 км подалеку од населени места, законот в понеделник во Собрание!
Алсат2020-02-08T15:06:04+01:00
Околку 8.000 луѓе ќе останат без работа ако пратениците ги изгласаат предлог-измените во законот за игри на среќа, тврдат од Асоцијацијата на спортски обложувалници. Законот предвидува обложувалниците и казината да бидат одалечени на 3 километри од населено место. Од асоцијацијата апелираат пратениците уште еднаш да го преиспитаат својот став.
Предлог-законот за игрите на среќа беше предложен од страна на пратеници на ДУИ, откако движењето против коцкање започна протести против отварањето на обложувалници и казина во близина на места каде што има млади. Измените првично предвидуваа казината и обложувалниците да бидат одалечени 500 метри воздушна линија од средни и основи училишта, верски објекти, градинки и од високо образовни институции. Предлог-законот ќе биде ставен во понеделник во Комисијата за финансии во Собранието по скратена постапка.