Не играа воопшто лошо, скоро цело време имаа контрола на натпреварот. Проблем се овие голови што ги примаат без игра на противникот, што ги пресекува и им го нарушува балансот. Тоа им се случи и со Лече и со Каљари. Примени голови околу 70 минута и целата стратегија околу утакмицата иде низ прозор, зошто паник моуд се вклучува кај цел тим.
Ама тие се детски болести, кои секој сериозен тим мора да ги помине. Добро е што фактички немаат долга серија на лоши резултати, бидејќи помеѓу овие неколку киксови имаа и две победи во куп на Италија.
Јанг ќе биде очигледно ок засилување, џабе се изнајадовме сите гомна за него.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Стабилен играч, ретко прави глупости, дисциплиниран, што и реално беше потребно за позициите кај што ќе игра. Не им треба таму играч што ќе создава сам вишоци, бидејќи движењето на цел тим и напаѓачките шеми создаваат вишоци на тие позиции, па технички им треба човек што ќе знае само да ги користи. А Јанг и Кандрева, горе-доле го можат тоа. Можеби и Мозес ќе изненади, ќе видиме.
Потрча и Ериксен малку, да ја осети атмосферата и теренот каде ќе освои многу титули.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Добро е да се види тој левел на играч во дрес на Интер.
Мислам дека и Санчез ќе се најде сезонава. Пред да се повреди имаше одлични партии со Барса и Сампдорија, техничкиот квалитет е уште тука, се гледа со секој допир на топка.