НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.185
Поени од реакции
1.112
Не можам уште да верувам. Плачам на работа ко мало дете. 10 години посветени на секојдневни тренинзи, до рекреативно играње баскет до овој момент. Уште ко мало дете кога фрлав хартија во корпа, до тренинзи, до улично играње баскет, редовно знаев да викнам "КОБИИИИ" ...
Чувствувам ко да сум изгубил член од фамилија. Како да умре дел од мене, дел од мојата младост. Идол, учител, легенда. Остави трага во кошарката која никогаш нема да се избрише ниту да се заборави.

Вечерва на утакмица во Бизнис лига, ќе го носам дресот со број 8.
GONE BUT NEVER FORGOTTEN. :place:
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
413
Поени од реакции
82
Не можам да заспијам у пм. Пред 3 дена ми се роди внук, денес дома прослава имавме, ама стегам некако пред роднини, да не пуштам солза. Буквално истото чувство ко погоре што сте пишувале, како да умрел некој кој одамна го познавам и со кого секој ден сме седеле заедно. Заминаа што заминаа гостите, се затворив в соба и искрено си поплачив онака со грутка в грло. Величина од човек, мислам дека и покрај тоа што беше пензиониран играч, можеше и тоа како да придонесе за тој спорт.

И ваквите трагедии секогаш постојат за да не потсетат која ебена илузија е животов. Ебена до максимум, да ти ебам животот и илузијата во тебе да ти ебам.

Нека ти е жив и здрав внукот. голем да расте
 
B

Beginner

Гостин

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Како мал прво дознав за Коби, па поради него дознав за кошарката. Тоа малце што имам следено порано беше само за да го гледам него. Повеќе ја играв играта и морав секогаш само со Лејкерс, за да играм со Коби. Постерот со години стоеше на ѕид, како и кај сите други деца. Иако мене никогаш не ме завлече асално кошарката, ми останаа сеќавањата за Коби од детството.
Не бев нешто посебно поврзан, иако му имам многу интервјуа гледано годиниве, ама ова вчера ме погоди многу повеќе него што би очекувал, посебно читајќи ги реакциите на цел свет. Можам да замислам како ви е на вас што сте му биле фанови цел живот, баш како член од фамилија да сте изгубиле.
Мислам дека имаше допрено и кај милиони луѓе кои не се ни фанови на кошарката, а тоа доволно збори за големината на човекот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Aбе бил предупреден ама магловито било, што да прави.. мислам не до тебе ама како ја пренесоа веста македонскиве медиуми, одма ќе накалемат на пилотот се. (не викам дека не е крив, ама ќе си има истрага)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
Ве читам од синојќа и сакав да напишам за човекот заради кој толку ноќи останаа непроспиени, човекот чии утакмици не се пропуштаа да се гледаат во живо. Не напишав ништо синојќа пошто не можев и не уште не можам да се соочам со ова што се случи. Но морам да си одадам малку мир на душава, наместо да ја игнорирам реалноста.

Човекот беше последниот играч во НБА што можеше на грб да го носи целиот тим. И навистина го носеше целиот тим на грб, и го носеше се до шампионски титули. Времето на Коби во НБА беше друго време кога се играше со повеќе изолации, поспоро и со повеќе одбрана, беше тоа едно друго време кога вештината со топка правеше многу повеќе разлика во играта, време кога не се судеа фаули на секој допир со прстот и поени не се даваа така лесно. Коби да играше во сегашнава НБА... Ќе ги жалевме противниците.

Уште не сум ја гледал неговата последна утакмица, не можев и не можам емоционално да се справам со фактот дека човекот се пензионира. Некако сите тие години поминаа без свесна одлука дека го одложувам гледањето, веројатно за времето да го намали немирот што го чуствував/чуствувам. Тек сега не знам дали било кога ќе можам да ја гледам таа утакмица.

Уште не можам да прежалам дека не ја продолжи кариерата тивко во споредна улога во Лејкерс. Неговиот крај го замислував како крајот на Реџи Милер, играње и во старост со по 15-тина минути по утакмица. 15-тина минути во кои неколку пати во сезоната и посебно во плејоф, ќе ги решава утакмиците. Но за жал таков еден конкурентски и натпреварувачки дух како Коби не можеше да дозволи да се стави во споредна улога.


Кариерата на Коби беше неповторилива, единствен друг кој може да се спореди по успехот и победничкиот дух е Мајкл Џордан. Никој друг. Промените почнаа одамна пред повеќе од деценија, но со смртта на Коби и официјално завршува една ера во НБА и во кошарката воопшто.


Бог да го прости, беше и ќе остане легенда. :-/





1580120129353.png
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
2008 година, зимно време, Јануари.

Тогаш ако се сеќавате даваа НБА на нашата македонска телевизија, МТВ. Бидејќи натпреварите беа касно, многу често ги даваа реприза наредниот ден. Така, мислам дека беше ден сабота, гледам НБА меч реприза кај баба ми. На стар телевизор, без далинско управување, со неколку копчиња од десната страна. Да пукнам, не можам да се сетам кој меч беше тоа.

Она на што се сеќавам, е натписот што во одреден момент од преносот почна да врти. ХХ македонски војници загинаа во хелихоптерска несреќа кај Катлановско блаце. Преносот беше реприза, коментаторот се разбира уште во „минатото“, а натписот оди во живо. Не се сеќавам дали го прекинаа преносот или го истераа до крај.

Сношти, дежа ву. Гледам Наполи-Јувентус, исклучен интернет на телефонот, без пристап до информации. Во одреден момент коментаторот на Арена го започнува следниот муабет: Тотално неповрзано со утакмицата, неповрзано со фудбалот, но многу важно:

„Коби Брајант загина во хелихоптерска несреќа!!“

Не ми се веруваше што слушам, одма земам телефонот, гледам веќе се распишале луѓето, завршена работа. Неколку минути после тоа, почна да оди натпис горе: „Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, загина во несреќа со хелихоптер“. Жими се ме врати назад во 2008 година, одма ми светна на истата вест, на истиот начин на пренесување, поврзано со НБА!!

Многу имам да пишам, подобро да не. Почивај во мир легендо!
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260

Ме докрајчи ова од сабајле. Вчера не пишав ништо, едноставно не можеше ни збор да излези од мене. Не само јас, туку и сите генерации блиски до мојата почнавме да гледаме кошарка и НБА само заради Коби и неговата магија на паркетот.

Почивај во мир.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Aбе бил предупреден ама магловито било, што да прави.. мислам не до тебе ама како ја пренесоа веста македонскиве медиуми, одма ќе накалемат на пилотот се. (не викам дека не е крив, ама ќе си има истрага)
Во случај на магла, лесно може да се дезиорентираш ако леташ по вид а не по инструменти веројатно една од причините било и тоа дезориентација на пилотот, моделот Sikorsky s-76 е хеликоптер каде што управуваат 2 пилота но во овој случај имало само 1 пилот во него, се отрргнува можноста дека се запалил моторот и се урнал бидејќи е модел со 2 мотора и може без проблем да се управува и лета со 1 функционален мотор. Последно што прочитав е дека Коби бил советуван да не полетува го направил на негова одговорност ама ете судбина :( :(
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Беше дел од мојот живот како и на милиони други, секогаш прва асоцијација за спортист кој имал најголемо влијание врз мене и причина за да ја засакам кошарката, да играм и да уживам во неа. Од првиот дрес кој стои урамен со години, до спиење со новите патики до глава како дете, надевање дека ќе поцрнам повеќе на одмор за да бидам како него. Нереално, трагичен крај за херојот на многу генерации.
 
Член од
23 февруари 2015
Мислења
1.119
Поени од реакции
2.020
Ne e ni bitna ni sezonata ni koj ke osvoi titula ni nisto poise. Moze Jordan da e najdobar na site vreminja, gospod, ama dobro znaeme site so koj igrac imame izrasnato i koj e GOATOT u nasi oci koga stanuva zbor za basket. Pogolema tragedija ne ni veruvam deka ke ima od ova za sportot. NEKA SE POGREBA PRED STAPLES, i arenata neka ja prekstat i logo i sve zivo neka smenat vo negova cest.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
35.235

Не знам колку е точна информацијава. Останатите загинати во несреќата заедно со Коби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom