НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Ама за Коби цело време се постираше по социјални мрежи кога беше активен
Во времето на пицзо, хи5 и почетоците на фб имаше ептен луѓе со коби профилни
Кога беа финалињата со Бостон сите збореа за тоа
Кога Лејкерс не играа плејоф последниве години пак сите збореа за Коби
Кога се пензионираше сите збореа за Коби

Пред две години кога Освои оскар сите збореа за коби
Кога тренираше девојчиња пак имаше коментари за него

Ако човеков следи луѓе што се дудуци за спорт тоа не значи дека никој не збори за него..
Автоматски споено мислење:

A иначе да, стефан, мислам не го сфати добро членот, немаше ништо против тебе, имаше против тоа што луѓе сега ќе продаваат дресови и играчки од него за поголема цена за свој ќар, и за луѓе што ќе постираат на фејсбук "RIP Kobe, 20% popust na nashata mesara vo negova cest, dodjete i kupete" и останти луѓе кои на трагедија ќе прават ќар
поимот ќар за мултинационална корпорација или човек - корпорација (нејмар на пример) не значи дека е само ќар, туку и оној момент кој го споменав :
глумење хуманост, демек види ние жалиме за смртта на голема легенда, не сме корпорација која дава пари на кинески деца у затворски фабрики да штанцаат за 20 центи дневно.

поимот ќар има многу други значења као си шират brand awareness, ова им е простор за бесплатна реклама поради фокусот и тн и тн.

мислам уште по трагично го прави целиот настан.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.167
Поени од реакции
107.632
Иначе го сфатив Џејми скроз, затоа и пишав не го напаѓам него сакав појаснување да дадам, односно да му го проширам постот, иако нели реков за некои работи е скроз во право, а ете тие работи ги потврдил самиот во неговиот пост страна поназад. Не се докажав јас пошо не знам што попрво да напишам веќе, главата ми е во минус отидена, трнеам цел ден и се тресам. Сакав да кажам дека и на луѓе што не го знаеле до сега, или го знаеле само како фигура/кошаркар, после ова нивно ајде да кажеме лицемерие и постирање сториња и слики може да им стане идол, пример или што уште не, пошо не верувам дека нема човек што не го заинтригирал кој е тој Коби и што има толку направено што сите го постираат. (зборам нели за оние што не го знаат доволно)

Мене лично ме нервираат персони што се маваат од земја за луѓе што никад не чуле, ете лани за Сала ништо не постирав, не дека не ми падна барем малце жал ама искрено никад немав чуено за ликот, погина несреќно и тоа е тоа, нема што да замарам кога не сум слушнал никад за него. Коби е сосема друга врста на човек, како што пишав претходно лајф чејнџер, така да со него ситуацијата е подруга. Затоа се надевам на сите ние што го знаеме и што му ја пратевме кариерата ќе ни послужи како пример за одредени ситуации во животот во иднина, а исто и на оние што тек сега сознаваат за неговата големина дека ќе им служи како потсетник на тоа што би можеле да го остварат доколку целосно се посветат на одредено нешто.

Пеја бро, не вреди да се нервираш за таквите верувај, проста маса е тоа и нема назад со таквите.

П.с. Филмови тек допрва ќе се прават, јас само се надевам дека ќе бидат поучни и скроз блиски до неговиот живот, односно да прикажат што све има поминато и остварено ликот за ете идните генерации да може да видат за каква личност се работело.
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.285
1580145560143.png -кој е у можност и има сила нека гледа.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.622
Поени од реакции
12.433
Кај нас тоа не е суптилно, на запад треба малце да копаш за да стигнеш до муабетот, бидејќи е многу поскриена малициозноста.
На запад не е толку очигледно, пошо тие се фејк 24/7. Али ко што рече Стекот погоре, не е дека голем дел од постот не ти држи вода.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Уште не ми се верува што читам на темава и како збориме во минато време за Коби Брајант.

Ејјјјјјј Коби Брајант отиде на оној свет ццццц

Камо среќа да е темава во Играчница и да е некоја заебанција за Lebron VS Kobe. Ама не е...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Прееска возам низ гужва у ова мртвиов пренатрупан град и слушам на радио (Лајв мислам дека беше) и еден идиот умараше 5 минути, имаше рент, како некој што не постирал ништо на социјални мрежи за Коби пред тоа, денес пишувал и искажувал чувства дека му било жал. Абе ми дојде да најдам каде е и со кола да му влетам у студио, да го прегазам. Луѓе зависни од социјални мрежи мамицата да ти ја ебам јас морону еден, ко да мора некој секој ден да објавува за Коби, за да мисли дека неговата загуба е рамна на апокалипса!??!!? Ко да морам секој ден да објавувам песни од Ејми Вајнхаус или од Тоше за пост нивна смрт да не можам да кажам дека ми е жал?!?! Многу се изнервирав, ми се слоши и не ми е јасно зошто мора така да размислуваат луѓе....
Затоа што ако не постираш да те видат сите = немаш живот.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Lejkersi i kobi gi sledev intezivno do 2012(go obozavav kobi, posteri vo soba na site strani) posle toa od vreme na vreme. Bukvalno se osekam kako da mi umrel period od detstvoto, ne veruvav deka vaka mozam da se osekam, ali vcera i denes bukvalno se mi izgleda crno. Sin mi na sekoi saat vreme me prasuva zosto ne si raspolozen. Ne bev svesen do vcera deka mi ostavil tolkav impakt vo detstvoto
RIP KOBE
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Отиде најдобриот,легендата..за мене најдобриот кошаркар од кога постои кошарката...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.089
НБА не пратев скоро 20 години, освен тук таму да изгледам некоја утакмица, се до лани кога Лука Дончиќ го облече дресот на Маверикс. Многу луѓе пораснале со Коби, исто како што јас растев со Џордан и Булси во 90 ти, тогаш можеби е и единствениот период кога кошарката(НБА) била попопуларен спорт од фудбалот во Македонија. Кога тој се повлече некако НБА ко да ја изгуби магијата за мене, на страна што и играта денес ми е сосема поинаква од тогаш. Пред Коби да се повлече и целава галама околу Брон единствен кој што влегуваше во муабет за споредба со Џордан беше Коби, а и сам Џордан има изјавено дека единствен кој што би го победил во еден на еден партија баскет е Коби (пошто му ги копирал движењата :)). Американците многу сакаат да дебатираат околу тоа кој е ГОАТ па така беше запрашан и Фил Џексон (кој ги има тренирано и двајцата) кој според него е најголемиот? Фил си кажа дипломатски, Џордан, а потоа и почна да објаснува зошто. Збореше за огромните дланки кои ги има Џордан, како со една рака може да го префати баскетот и да ти го покаже во лице, како Џордан имал помускулесто тело и повисок одраз итн. Исто кога се збори за Леброн се збори за неговата физичка појава и атлетско тело поради кои може да доминира на различни делови од теренот. Е сега стигаме до Коби кој немал среќа и не бил надарен со такви гени и за кој се збори дека доколку го немал тој мајндсет кој го имаше и не тренирал фанатично најверојатно ќе бил само просечен кошаркар. Така што се што постигнал професионално се должи на неговата страст кон тоа што го прави и на неговата воља за работа и е еден од ретките кој што го заслужил сето тоа што го постигнал.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Еве од вчера ова време негде цело време ги читам коментарите, темите, порталите...што пишуваат за Коби ама џабе, се уште целава ситуација ми е нереална у пм
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.893
Поени од реакции
1.195
A што има да ми е гајле дали некој постирал нешто или не? Си го гледаш сопствениот живот и тоа е тоа. 70% од пријателите што ги имам на фб чисто онака постираа како да се вклопат во масата, ете јас ништо не ставив, дали тоа значи дека ме нема погодено сево ова? Само јас знам како сум станувал во 4 сабајле, татко ми ме будел да гледаме Сакраменто-Лејкерс, и што се значело тоа за едно дете од 12 години. Човеков остави длабок траг врз сите нас без разлика дали некој бил фан или не на Лејкерс. Цел ден на работа ми помина онака тапа, се присеќаш на моменти кој ти останале во сеќавање со блиските а за кој воедно плус причина бил и Коби и тие епски дуели. Незнам, само добрите луѓе си заминуваат и не напуштаат. Самата помисла на кошарката ме асоцираше на Коби, Џордан, Пирс и компанија, ништо веќе нема да е исто за жал:( .
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Не сум ја знаел оваа слика, можда веќе е постирана тука.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom