Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасно како сега успеаа да договорат пријателски со вакви екипи, а не успеваа години наназад кога имавме стабилен клуб и мн поголем буџет...
 
prijatelski se de... im se pogodile terminite i vo isti mesta prestojuvaat. nema nekoja filozofija tuka
 
Противници по мерка, браво!
И јаки и слаби како Мура.
 
Другите клубови почнаа со трансфери, наш Вардар тивок... Дали тоа значи дека ништо од укинување на забраната? Има некој инфо.
 
Другите клубови почнаа со трансфери, наш Вардар тивок... Дали тоа значи дека ништо од укинување на забраната? Има некој инфо.
Не ни можеме да бидеме "гласни", се' уште имаме забрана за трансфери. Не верувам дека ќе ни ја отстранат, а не ми ни личи дека вложуваме напори да се укине суспензијата. За нас е најважно да не останеме без некој играч.
 
Не зависи од Вардар ни најмалку укинувањето на суспензијата. Вардар си ја испушти својата можност за жалба летоска откако ради 5.000 швајцарски франци решија дека нема потреба да поднесат. Сега се чека на одлуката од спортскиот суд во Лозана, каде Максимов ги даде на суд неговиот поранешен клуб Тракаи и литванската федерација во фудбал. Истата се очекува да излезе после 10. јануари. Доколку биде во полза на Максимов, и Вардар се здобива со можност за укинување на суспензијата.
 
Како воопшто дојде до таа забрана? Нели Панчев се курчеше по медиумите дека си платиле сѐ? Нели сѐ било според правилата? Или нешто сум заборавил?
 
Не ни можеме да бидеме "гласни", се' уште имаме забрана за трансфери. Не верувам дека ќе ни ја отстранат, а не ми ни личи дека вложуваме напори да се укине суспензијата. За нас е најважно да не останеме без некој играч.
Ама најверојатно остануваме со истиот тим што секако е еден голем плус за нас.
Шкендија ослабува со ростерот и не верувам дека ќе донесе силни засилувања.

Најбитно е уште на самиот старт да се задржи оваа предност и никако да не се дозволи да се преполови за брзо време и да се тера со истата тактика од лани.
Првите неколку кола ќе бидат најопасни за нас.

Верувам дека со здрав Џемо и Аврамосвки да остане во истата форма,постигнувањето голови нема да ни биде проблем и понатаму а со Ибиши во првата постава верувам дека ќе имаме одличен шпиц играч.

Останува да видиме и да се надеваме дека се ќе се заврши најдобро за нас.

Од утре почнуваат со тренизи пак па нека им е со среќа.
 
Заминувањето на Бејтулаи е удар за Шкендија, но останативе кои ги избркаа немаа некаков учинок. Хусмани играше многу послабо од очекуваното.
Очекувам да се засилат со играчи на ниво на оној кој го донесоа. Ќе бидат посилни во вториот дел, за жал.
 
Добро освежување во нападот ќе им биде овој новиот ама зависи како ќе се снајде.

Сега со одењето на Бејтулаи мислам дека и оној стоперот од Скендербег ќе гледаат да го донесат ама пак он имал договор до летоска.А инаку изгледа се работи за одличен одбрамбен играч, според тоа што го прочитав.

Овој ростер сега е испеана песна но со неколку вистински засилувања навистина може да тргне фуриозно.Според мене како што кажав и погоре клучни се првите некколку кола(6,7),ако тие ги поминеме без да се намали предноста најголемиот дел од работата ќе биде завршена.
 
Играчите остануваат, за жал забрана ќе имаме до лето. Се надевам и на таа ќе останеме...
 
Заминувањето на Бејтулаи е удар за Шкендија, но останативе кои ги избркаа немаа некаков учинок. Хусмани играше многу послабо од очекуваното.
Очекувам да се засилат со играчи на ниво на оној кој го донесоа. Ќе бидат посилни во вториот дел, за жал.
go donesoa dallku, mislam deka toj e podobar stoper od bejtulai, samo da vlezi vo forma.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom