Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Како ќе се погоди излегува работата, мене Exide ми траеше 7 години, ама беше ставен од претходниот газда во Италија во овластен сервис во Италија. Тука другар смени на неговата Exide, сиба мајката уште 3тата година а го плати колку 2 други.
Многу битно е и каде ја чувате колата, додека ја гаражирав и акумулаторите ми траеја подолго, сега 2 години и во отпад.
 
За акумулаторите како ќе се погоди само да не е некоја ептен чкљ марка. Демек од Варта и Енерџајзер од злато ги прават лол...истата технологија е 130 години, олово и сулфурна киселина, само името го плаќаш.

Друго нема теорија на кола да ти трае акумулатор ако за секое палење треба да ја верглаш по пет пати или по пет секунди секое верглање да трае. Ова е смрт за било кој акумулатор.
 
сега е сезоната на нови акумулатори, да падне темперава да падне под нула и ќе идат како алва
 
Птијатели едно прашање до упатените - некој сооственик или некој да имал искуства со Alfa Romeo Giulietta 2.0 jtm 170 к.с , да каже нешто повеќе околу колава , предности , недостатоци . маани , на што да се обрне внимаие при купување и слично...
 
Во зима тешко ми се чистат оргиналните теписонски, па ме интересира кои се подобри, Гледринг или Петекс гумени патосници? Најважно да не ми мирисаат на гума.
 
Ретка кола кај нас, и доста понова...јас возам 147....па ако сакаш слично искуство , можи нешто да помогни околу ДНК генот на алфите. Не верувам дека некој овде има купено половна Џулиета
 
Птијатели едно прашање до упатените - некој сооственик или некој да имал искуства со Alfa Romeo Giulietta 2.0 jtm 170 к.с , да каже нешто повеќе околу колава , предности , недостатоци . маани , на што да се обрне внимаие при купување и слично...
Ако ја гледаш да ја купиш таа на фер ауто другар ја имаше 2013та година колата е фабрика.Има 90к изминато уште првите плочки и акумулатор се на неа.Црна 2.0
Ако е таа колата е фабрика земи ја апсолутно ниеден проблем немаше и многу е чувана,човекот е премногу педантен.Прв и единствен газда е он
Автоматски споено мислење:

Оваа е.
 
Последно уредено:
Денес еден пријател рекламираше Варта акумулатор, купен во март 2019. Проба да го полни....но акомулаторот недава знаци на живот
Не е битна марката на акумулаторот колку што е битно која година на производство е, обичнно варта се поскапи акумулатори и не се трошат многу па многу е веројатно да му продале некој стар и ете го епилогот. Сепак мислам дека трговецот му продал стар акумулатор со паднат напон.
Автоматски споено мислење:

KBK не земај, лани зедов оти само таков имаше според димензиите, за ништо не го бива, едвај палам наутро.
Од Варта во мкд исто не сум задоволен, 2 години само што поминаа цркна, а демек премиум бренд.
Сигурен си дека амперажата одговараше на твојата кола? Трговците гледаат да увалат што им е на лагер а не што има потреба :)
 
Во зима тешко ми се чистат оргиналните теписонски, па ме интересира кои се подобри, Гледринг или Петекс гумени патосници? Најважно да не ми мирисаат на гума.
Gledring ...
 
Здраво! Барам ПОМОШ!! Пунтото (1,2 бензин - 8 вентили) од неодамна почна да се "унередува" односно по блокот да се слива антифриз а понекогаш и уље. Еве како изгледа по еден ден стоење на паркинг (на земја прави локва колку кутија ипол цигари).
20191221_133146.jpg
20191221_133138.jpg
На првата слика е потопено со антифриз (земам отисок на тоалет хартија), а на втората околу филтерот за уље капките се од уље. После возење (откако ќе се исуши блокот) еве
20191213_192005.jpg
се што беше антифриз испарило, остануваат капките од уље и знае од горе (централно на блокот) односно од каде што се слива антифриз да прокапе некоја капка уље. Антифриз има изгубено минимално, уље нема разлика сеуште. Дихтунг на поклопец на вентили сменет пред година дена (таму е суво). Црева не дуе, не се помешани течностите, влече одлично и се работи супер. Што се може да е маката со колава, ве молам кажете за да не ме прават мајмун мајсторите, искрено немам поима од механика. Граната ми пречи да видам точно од каде почнува да се слива. Фала
 
Може смешно прашање за вас ама сакам да го решам проблемов сама, да не замарам луѓе.

Пластиката од задната регистрација ми попушта, од сонце, мраз, се распукува. Зедов нова и сега како се менува чудово, ми треба нешто посложено освен штрафцигер? :D
 
Птијатели едно прашање до упатените - некој сооственик или некој да имал искуства со Alfa Romeo Giulietta 2.0 jtm 170 к.с , да каже нешто повеќе околу колава , предности , недостатоци . маани , на што да се обрне внимаие при купување и слично...

Од сите убави коли што држат цена и вие баш алфа го одбравте ?! Но тоа е ваше право на избор ама знај кога ќе купиш алфата и ќе ти губи вредност од старт и подоцна потешко ќе продадеш

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Може смешно прашање за вас ама сакам да го решам проблемов сама, да не замарам луѓе.

Пластиката од задната регистрација ми попушта, од сонце, мраз, се распукува. Зедов нова и сега како се менува чудово, ми треба нешто посложено освен штрафцигер? :D
Ако ти е само со пластиката што ја стега регистрацијата, треба полека да се извади со прав шрафцигер, не многу голем. Ако е со пластика и шрафови, треба да се извади пластиката и шрафовите кои ја држат регистрацијата. Кај мене е како вториов случај.
Ако сакаш да ја вадиш сосе задната пластика, само шрафцигер е доволно, ако се плех шрафови (обично се вакви, со зарез за шрафцигер). Може некои да се и со мутер, ќе видиш кога ќе ја извадиш регистарската табличка.

Еве едно видео како се става, ти ќе одиш во обратна насока :)

Или ако имаш ваква, уште поубо, за 2 секудни менуваш таблици, рашн мафиа :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom